Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Триесет години од смртта на Фреди Меркјури

0
By Sashko on November 24, 2021 СВЕТ
Фото: imago-images.de
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 24, 2021 12:38

Зачекорувајќи со испакнати гради напред, вртејќи се со карактеристичното движење на колковите и стегајќи ја едната рака во тупаница… За пејачот на „Квин“ (Queen), излегувањето на сцената со класичен држач за микрофон, беше незамисливо.

Вистинското име на Фреди Меркјури е Фарук Булсара. Роден е на 5 септември во 1946 година во Занзибар. Пораснал во Индија и на 17 години се доселил со семејството во Лондон. Таму се запознава со гитаристот Брајан Меј и тапанарот Роџер Тејлор, првично помагајќи им за турнејата… Малку подоцна почнува и да компонира и изведува свои песни во различни групи.

Во 1970 година е родена „Кралицата“ (поп-рок групата „Квин“). Фреди (така нарекуван во училиште) го избрал уметничкото презиме „Меркур“.

Првите поголеми успеси на „Квин“ се околу 1975 година со оперска пародија… И денес „Боемската рапсодија“ (Bohemian Rhapsody) останува најпознатата песна на бендот. На четворицата музичари им носи безброј награди и oвa е нивниот прв хит што стигна до првото место на музичките топ-листи.

Со недели, албумот „A Night at the Opera“ беше на врвот во Обединетото Кралство, како и речиси сите последователни албуми на „Квин“. И во САД, честопати биле на врвот, станувајќи така еден од најуспешните состави на сите времиња.

Фреди Меркјури често го чуваше својот приватен живот во тајност. Откако раскинал со својата девојка Мери Остин, на која ѝ признава дека е хомосексуалец, пејачот на „Квин“ имал неколку врски со мажи.

Не се знае точно кога Фреди Меркјури дознал дека има СИДА. Првично, тој ја чуваше дијагнозата во тајност и продолжи да пишува нови песни. Следи албумот „Miracle“. Заедно со оперската дива Монсерат Кабаје, Фреди Меркјури ја сними и баладата „Барселона“.

Последниот јавен настап на Фреди Меркјури е во февруари во 1990 година на „Британските награди“, каде што ја доби „Почесната награда за извонредно достигнување во британската музика“. Во 1991 година, „Квин“ го издаде албумот „Innuendo“.

Ден пред смртта, Фреди Меркјури објави дека има СИДА и со тоа стави крај на гласините за неговото здравје. Почина на 24 ноември во 1991 година, од пневмонија. Во 1996 година, негова статуа била поставена на едно од неговите омилени места, во швајцарскиот град Монтре. Насловната страна на албумот „Made in Heaven“, објавен по неговата смрт, го прикажува задниот дел на статуата покрај Женевското езеро.

Свет Сеќавање Фреди Меркјури
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.