Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Божикна парада во гратчето Вокиша, во американската сојузна држава Висконсин, се претвори во ужас, откако автомобил со голема брзина влета во топлата пришто уби најмалку пет лица и повредувајќи над 40, меѓу кои и група на млади танчери. Лицето кое е осомничено за нападот е во притвор, јави локалната полиција. Another angle from the moment the vehicle entered the crowd in Waukesha Wisconsin causing a mass casualty event at a Christmas parade. pic.twitter.com/8XusAfrDpk — MelvinB📡 (@MelvinBGlobal) November 22, 2021 Инцидентот се случил синоќа, а шефот на полицијата на Вокиша, Ден Томсон додаде дека возилото е пронајдено на 32 километра западно…
Талибанското Министерство за промоција на доблеста и спречување на пороците ги повика авганистанските телевизии да престанат да емитуваат серии во кои учествуваат жени, како дел од новите „верски упатства“ објавени вчера. Телевизиите треба да избегнуваат прикажување на фељтони и романтични серии со жени, се вели во документот на Министерството до медиумите. Истовремено, од новинарките се бара да носат „исламски превез“ на телевизија, без да наведат дали станува збор за шамија што жените вообичаено ја носат на авганистанската телевизија или за превез што им го покрива најголемиот дел од лицето. Ова не се прописи, туку религиозни упатства“ изјави портпаролот на министерството, Хакиф Мохаџир. На авганистанските телевизии, исто…
Министерот за правда Бојан Маричиќ од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Брисел каде е предвидено да се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс. Тема на разговорите, како што соопшти Министерството за правда, ќе бидат евроинтеграциите на земјата, реформите во судството и владеење на правото. Во Брисел, министерот за правда ќе има средби и со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Михаела Матуела, како и со европратениците Тања Фајон и Ирена Јовева од Словенија, Тонино Пицула од Хрватска и…
Предлог-мерките на Комисијата за заразни болести за невакцинирани лица во јавниот сектор и за здравствените работници, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, денеска ќе бидат на дневен ред на состанокот на Главниот кризен штаб, а потоа и на седница на Владата. Согласно предлог-мерките, сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа во сите институции, за одење на работно место ќе треба да прикажат потврда за најмалку една примена доза на вакцина или да имаат негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. Оние кои го прележале вирусот ќе приложат потврда…
УСАИД во партнерство со IREX и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), денеска во Скопје ќе го претстават новиот петгодишен проект за медиумска писменост „Младите размислуваат”, со што ќе биде означен и почетокот на „Деновите на медиумската писменост“. Како што информираат од УСАИД, во фокусот на овој проект е работата со младите со цел да се поттикнат да развијат вештини за критичко размислување и да научат како да ги препознаат проверените информации со што ќе изградат отпорност на дезинформации и ќе придонесат за градење на активно и одговорно граѓанство водено од емпатија. На настанот ќе се обратат амбасадорката на САД, Кејт…
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе започнат во западните делови кон средина на денот и преку ноќта ќе се прошират и во останатите делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени целзиусови. Во Скопје, слично време со минимална температура до еден и максимална до 12 степени. Од вторник следува неколкудневен период со позитивни утрински температури.
Американските разузнавачки служби дознале дека Кина се обидува „тајно“ да воспостави воен објект во Обединетите Арапски Емирати, што довело до интензивна дипломатска комуникација меѓу САД и ОАЕ, јави американскиот весник „Волстрит џурнал“. Според весникот, Кина наводно се обидела тајно да воспостави воен објект во пристаништето Калифа, 50 километри северно од Абу Даби. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги предупредила властите на ОАЕ за присуството на Кина во земјата, откако тоа било откриено со сателитски снимки во текот на пролетта. За ова прашање се воделе интензивни разговори меѓу претставници на САД и ОАЕ. Градежните работи се прекинати по притисок на…
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по денешната средба со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши рече дека било разговарано за неколку проблематики за кои останува за време на викендот да размислат во двете партии, но и кај партнерите од владината коалиција. Нашата покана е Алтернатива да биде дел од Владата. Таргетот пред нас се редовни избори, а не вонредни. Продолжуваат разговорите следната седмица. Како што ќе утврдиме нешто, така ќе ја информираме јавноста, рече Заев. На средбата, Заев рече дека им биле соопштени условите под кои би продолжиле разговорите. Ние ќе ги информираме следната недела за нив. Сите треба…
Американскиот Сенат синоќа ја потврди кандидатурата на Џулијан Смит за функцијата амбасадор на САД во НАТО, откако републиканскиот сенатор од Мисури, Џош Хоули, ја повлече блокадата за нејзино назначување. Џулијан Смит на новата функција доаѓа од сенатскиот комитет за вооружување, а претходно работела во Пентагон, каде го предводела Одделот за европски и НАТО прашања, по што одреден период била и заменик советник за национална безбедност во времето кога Џо Бајден му беше потпретседател на Барак Обама. Назначувањето на Смит, која беше претставена од сенаторката Џин Шахин, демократка од Мисисипи, беше поддржано без никакви забелешки. Функцијата амбасадор во НАТО во…
Во координирана полициска акција на локации над селата Лојане и Ваксинце, во месноста викана Топтел, над Кота Шорта, денеска биле пронајдени 39 илегални мигранти од Блискиот Исток, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Акцијата, како што информираат од МВР, е спроведена во раните утрински часови, врз основа на наредба издадена од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во координација на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции – Единица за брзо распоредување и полициска станица за граничен надзор „Сопот“. По расчистување…
Неовластено поседување на муниција од куршуми со калибар 7,62 мм. и 7,9 мм. била пронајдена при претрес во дом кај Н.Г. во село Арачиново, информираат од Министерство за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, по претходно издадена наредба за претрес на дом и други простории од Судија на претходна постапка, вчера, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, извршиле претрес во дом кај Н.Г. во село Арачиново кој во моментот не бил дома. При претресот…
Изјави по средбата меѓу лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на Алтернатива, Африм Гаши