Божикна парада во гратчето Вокиша, во американската сојузна држава Висконсин, се претвори во ужас, откако автомобил со голема брзина влета во топлата пришто уби најмалку пет лица и повредувајќи над 40, меѓу кои и група на млади танчери. Лицето кое е осомничено за нападот е во притвор, јави локалната полиција.

Инцидентот се случил синоќа, а шефот на полицијата на Вокиша, Ден Томсон додаде дека возилото е пронајдено на 32 километра западно од Милвоки, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Локалните власти соопштија дека 11 возрасни лица и 12 деца се одведени во шест болници во округот. Полицијата не знае дали нападот е поврзан со тероризам.

Нема никаква основа за тоа, изјави Ден Томсон, шеф на полицијата во Вокиша.

Отворена е истрага и во неа се вклучи и Федералното биро за истраги.

Во видеото на социјалните мрежи се гледа како црвен џип минува две ниски барикади и со голема брзина се движи низ главната улица. Се гледа и како полицаец се обидува да го запре возилото со пукање во него. 

Парадата во Вокиша била во рамки на прославата на 125 години од основањето на градот, јави „Њујорк тајмс“.