Министерот за правда Бојан Маричиќ од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Брисел каде е предвидено да се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.

Тема на разговорите, како што соопшти Министерството за правда, ќе бидат евроинтеграциите на земјата, реформите во судството и владеење на правото.

Во Брисел, министерот за правда ќе има средби и со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Михаела Матуела, како и со европратениците Тања Фајон и Ирена Јовева од Словенија, Тонино Пицула од Хрватска и Андреас Шудер од Австрија.

Ова е втора работна посета на Маричиќ на Брисел оваа година.