Author: Sashko

Вакцинација против сезонски грип почнува денеска во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје каде не се врши вакцинација против ковид-19. Набавени се 40.000 четиривалентни вакцини, а граѓаните кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk ќе добијат СМС пораки во кои ќе им биде напишан датумот, часот и местото за вакцинација. Ова е четврта година по ред како обезбедуваме бесплатна вакцинација за хронично болните, граѓаните над 65-годишна возраст, бремените жени, децата и здравствените работници. Ќе има и теренска вакцинација и тоа во домовите за стари лица, во центрите за дијализа, за здравствените работници ќе се организира пункт во…

Read More

Граѓаните да бидат спокојни. Победи евроатлантска Македонија, победи напредна Македонија. Победи Македонија со добрососедски односи. Македонија во добри пријателски односи со САД, со ЕУ, Македонија во добри односи помеѓу заедниците и благодарен сум и на сите коалициони партнери, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Порача дека со ова парламентарно мнозинство останува загарантирана интеграцијата во Европската Унија. Прашан дали „Алтернатива“ е новиот партнер, Груби рече дека добредојдени се сите кои посакуваат земјата да е интегрирана во ЕУ, да има добрососедски односи, мир и стабилност. Сите кои поддржуваат Македонија да е интегрирана во ЕУ,…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави дека пропаднал обидот за отстапување од стратешките определби на земјава, откако беше затворена собраниската седницата за изгласување недоверба на Владата и беше констатирано дека Владата останува. „Обидот за отстапување од нашите стратешки определби вечерва пропадна. Од утре продолжуваме со уште поголем интензитет во заокружувањето на целите за подобар и позелен живот на нашите граѓани. Честитки на сите, напиша Османи.

Read More

Владата останува. Во Собранието синоќа пред полноќ не мина иницијативата на опозицијата за гласање доверба на Владата. Седницата ја затвори претседателот на Собранието, Талат Џафери, со образложение дека поради немање кворум, не е отворен дневниот ред и не може да се отвори дебата за гласање доверба на Владата. Претходно, по неизвесноста и бурниот ден, пратениците од опозицијата си заминаа од Парламентот, но изјавија дека не ја повлекуваат иницијативата и побараа брзи предвремени парламентарни избори за излез од политичката криза. Поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме…

Read More

Потребни се десетици милијарди долари и глобални истражувачки напори за да се осигура дека светот е подобро подготвен за следната пандемија која може да биде многу полоша од ковид-19, предупреди основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во интервју за Policy Exchange. Знаете, немавме вакцини што го блокираат преносот. Ни беа дадени вакцини за да ви помогнеме со вашето здравје, но тие само малку го намалија преносот. Потребен ни е нов начин за правење вакцини, рече тој, пренесува The Guardian. Гејтс рече дека е крајно згрозен од бројот на смртни случаи и економската штета предизвикана од коронавирусот. Тој рече дека, иако стероидот…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година попладнево ремизира (1:1) против Украина во натпревар од 5. коло од квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи во Романија и Грузија во 2023 година. На тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, Украина дојде во водство во 42. минута со 1:0 со голот на Олександр Сирота. Конечниот резултат го постави Томче Гроздановски во 58. минута. Со овој нерешен резултат, македонските фудбалски надежи имаат вкупно 6 бода и остануваат на третата позиција во групата, четири помалку од Украина на второто место. Во групата Х вечерва (20:45) во Гренобл ќе играат Франција, лидер на табелата,…

Read More

Судија во Њујорк го осуди рускиот државјанин Александар Жуков на десет години затвор за предизвикување на една од најсофистицираните операции за дигитална измама во историјата на интернетот. Судијата на Окружниот суд во Бруклин, Ерик Комите, го осуди Жуков за кражба на повеќе од седум милиони долари од рекламни компании во САД. Кражбата била извршена помеѓу септември во 2014 година и декември во 2016 година преку шема на измама во дигитално рекламирање, соопшти вчера американското обвинителство за источниот округ на Њујорк. На четириесет и едногодишниот Жуков, кој себеси се нарекуваше „крал на измамите“, му беше наредено да плати повеќе од 3,8…

Read More

Првата жена во светот која полета во Земјината Орбита сака да одлета и на Марс. Руската астронаутка Валентина Терешкова е убедена дека првите летови дотаму не се многу далеку во иднина. На 16 јуни во 1963 година, Терешкова беше дел од „Восток 6“ и со тоа стана прва жена и првата невоена личност во Вселената. Нејзиниот прекар на летот беше „Галеб“ (на руски: Чајка). Иако е среде деветтата декада од животот, Валентина и денес сѐ уште размислува за огромните далечини и пространства, а најмногу сака да ја посети „црвената планета“. Таа дури и најави дека е подготвена да биде меѓу…

Read More

Веројатно сте имале искуство да познавате личност која упорно одолева на коронавирусот и покрај тоа што сите околу неа се позитивни. Научниците, конечно, имаат одговор зошто е тоа така. Тие сметаат дека постојат луѓе кои се заразуваат со вирусот, но Т-ќелиите на имунолошкиот состав го чистат во неговата рана фаза. Затоа и ПЦР тестовите и тестовите на антитела кај тие лица секогаш даваат негативен резултат. Се чини дека 15 отсто од здравствените работници што ги следеше системот за време на првиот бран на пандемијата во Лондон припаѓаат на ова сценарио, пишува „Гардијан“. Т-ќелии Ова откритие може да направи пат за…

Read More

Хрватска во изминатото деноноќие забележа 6.987 случаи на ковид-19, а од компликации на инфекцијата починаа 66 пациенти, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Бројот на активни случаи во земјата сега изнесува 38.089 од кои 2.008 пациенти се наоѓаат на болничко лекување. На респиратор се приклучени 257 лица. Од почетокот на пандемијата, Хрватска пријави 521.837 позитивни случаи на коронавирусот. Досега починаа 9.721 лице, оздравеа 474.027 додека во самоизолација се наоѓаат 28.346.

Read More

Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република (ЈАР), Фредерик Вилем де Клерк почина денеска во својот дом во Кејп Таун на 85 годишна возраст, соопшти фондацијата „ФВ де Клерк“. Поранешниот претседател на „ФВ Де Клерк“ почина мирно утрово во својот дом во Френеј, по борба со рак на мезотелиом, се вели во соопштението. Неговиот говор во парламентот во февруари 1990 година го означи крајот на апартхејдот и почетокот на преговорите кои доведоа до уставна демократија, со еднакви права за сите Јужноафриканци. Реформите ја укинаа забраната за Африканскиот национален конгрес и другите организации кои се бореа против апартхејдот и го одобри ослободувањето на политичките затвореници,…

Read More

Бремена новинарка од Јемен загина во градот Аден, откако експлодирал нејзиниот автомобил во кој се наоѓал и нејзиниот сопруг Махмуд Амин ал-Атми. Ал-Атми ја преживеал експлозијата, но се здобил со сериозни повреди, што, за жал, не е случај и со Раша Абдула ал-Харази, објави „Си-Ен-Ен“. Министерството за човекови права соопшти дека Ал-Харази била во деветти месец од бременоста, а саудискиот ТВ канал „Ал Арабија“ објави дека новинарката е нивна вработена. Синдикатот на јеменските новинари соопшти дека станува збор за таргетиран напад, но засега ниту една група не ја презела одговорноста. Аден е привремено седиште на владата поддржана од Саудиска Арабија…

Read More