Хрватска во изминатото деноноќие забележа 6.987 случаи на ковид-19, а од компликации на инфекцијата починаа 66 пациенти, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во земјата сега изнесува 38.089 од кои 2.008 пациенти се наоѓаат на болничко лекување. На респиратор се приклучени 257 лица.

Од почетокот на пандемијата, Хрватска пријави 521.837 позитивни случаи на коронавирусот. Досега починаа 9.721 лице, оздравеа 474.027 додека во самоизолација се наоѓаат 28.346.