Author: Sashko

За сите акутелни прашања кои ги засегаат учениците и студентите во државата, како и за креирање на нови младински политики, мерки и активности со кои ќе се унапредуваат ученичкиот и студентскиот стандард, и натаму ќе се дискутира на состаноците на работната група МОН – Млади, која се покажа како исклучително ефикасна во изминатиот период. Ова, како што информираат од МОН, го истакнал министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба со претставници на Младинскиот образовен форум, организација која е дел од работната група МОН – Млади. Тој рекол дека младите отсекогаш биле и остануваат клучен партнер на МОН…

Read More

Во државава, во јуни оваа година, вкупно се потрошени 521.750 мегават часови на електрична енергија, 3.139 милиони нормални кубни метри природен гас, 436.990 тони јаглен и 97.452 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС) Над 70 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство (71,4), а 97,1 процент од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија. Во првите седум месеци од годинава, АД ЕСМ произведе 2.194 гигават часови на електрична енергија, што е за 15 проценти повеќе од лани, а зголемувањето на производството, според  соопштението од компанијата, се должи, пред сè, на зголеменото…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска одржа координативен состанок со претставници на граѓанскиот сектор, пред кои го објасни процесот на скрининг и даде краток осврт на тековните активности на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) во пресрет на подготовките за скрининг состаноците, кои започнуваат за три недели. Како што соопшти СЕП, Маричиќ изрази убедување дека граѓанските организации ќе дадат значаен придонес во спроведувањето на реформите и напредокот кон членството во Европската Унија (ЕУ). „Граѓанскиот сектор е признат партнер на Владата во овој процес. Ова партнерство и искрена соработка меѓу државниот и граѓанскиот сектор е еден од предусловите за успешно искористување на…

Read More

Училишниот округ Касвил во Мисури, САД, одлучи повторно да го воведе физичкото казнување на учениците. Според новиот правилник, физичката казна – удирањето ќе се применува како последна мерка, пред суспензијата, односно доколку не успеат другите дисциплински мерки. „Тоа ќе се врши на начин каде нема можност за физичка повреда. Удирањето на ученик по глава или лице не е дозволено, туку само по задникот“, стои во правилникот. „Казната ќе се користи само на разумен начин и по препорака на директорот“, објасни Мерлин Џонсон, началник на училиштата во Касвил. Училишниот одбор ја одобри мерката во јуни и ги извести родителите дека ја…

Read More

Во текот на ноќта во четвртокот, 25 август, руските трупи продолжија со гранатирање на регионот Днипропетровск, при што осум лица, меѓу кои три деца, беа повредени во областа Синелников, објави шефот на регионалната воена управа на Днипропетровск, Валентин Резниченко на Телеграм, пренесува агенцијата „Укринформ“. „Руската армија гранатираше четири области – Синелникове, Никопол, Криви Рих и Днипро“, се вели во извештајот. Според Резниченко, по полноќ, непријателот го погодил округот Синелников по четврти пат во изминатиот ден. Во Великомихаиливка се уништени неколку згради. Осуммина се повредени. Меѓу нив има и три деца. Најмладото девојче има само 2 години. Сите се во болница.…

Read More

Николај Димитров, адвокат на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на „Беса транс“ на автопатот „Струма“ во Бугарија, изјави дека на терен е веќе започнат нов увид, јави дописникот на МИА од Софија. Експертскиот тим го започнал увидот на три километри од автобуската несреќа и целта е да покаже дали има причинско-последични околности кои довеле до несреќата. Се проверува површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата. Адвокатот коментира дека увидот ќе покаже што недостасувало на овој дел од автопатот „Струма“ и…

Read More

Пишува: Брус В. Џентлсон, професор на Универзитетот Дјук и соработник во Центарот Вилсон и Советот за глобални прашања во Чикаго „Вашата економија ќе се соочи со „разорни“ последици“, гласеше предупредувањето на американскиот претседател Џо Бајден до неговиот руски колега Владимир Путин за санкциите што САД и нивните сојузници би ги вовеле доколку Русија ја нападне Украина. Кога Путин, сепак, ја нападна Украина, санкциите навистина удрија силно. Сепак, Путин не се повлече. И тој врати џиуџицу со контрасанкциите од Русија. Поминаа шест месеци и сега е третата фаза – прво беше одвраќање, потоа принуда, а сега исцрпување – кој ја добива…

Read More

Во германската покраина Долна Саксонија се пуштени во употреба 14 патнички возови на водород, наместо дизел возовите што претходно сообраќаа на неелектрифицирани пруги. Возовите користат водородни ќелии, како извор на електрична енергија што ги придвижува моторите, а ги произведува француската компанија „Алстом“. Со возовите управува регионалната железничка компанија LNVG на маршрути меѓу северните градови Цукхавен, Бремерхавен, Бремерверде и Букстехуде, пренесе Бета. Гувернерот на Долна Саксонија, Стефан Вајл рече дека проектот вреден 93 милиони евра е „одличен пример“ за напорите на државата да ја направи својата економија зелена. Според компанијата „Алстом“, со користење на водород произведен од обновливи извори на енергија,…

Read More

Најмалку 22 лица загинаа, а десетици се повредени во руски ракетен напад врз железничката станица во градот Чаплине, во централна Украина, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Нападот се случи вчера, шест месеци по руската инвазија на Украина и на Денот на независноста на Украина. „Штотуку добив информација за руски ракетен напад врз железничката станица во регионот Днепропетровск, врз вагоните на станицата Чаплине. Четири патнички вагони се во пламен“, изјави синоќа Зеленски, обраќајќи се пред Советот за безбедност на ОН преку видео врска. Тој додаде дека Украина „ќе ги натера агресорите да платат за сè што направиле и ќе ги протера од…

Read More

Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија го потврди решението на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески од 16 август годинава, со кое шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска се оддалечува од функцијата додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од поранешниот директор на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата. Седницата, за време на дискусијата по жалбата на Русковска, беше затворена за јавноста, а претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, образложувајќи ја одлуката пред новинарите рече дека врз основа на фактите и околностите,…

Read More

Владата денеска се очекува да донесе одлука за прогласување на кризна состојба за електричната и топлинската енергија која ќе важи од 1 септември. Од почетокот на септември стапуваат на сила и мерките за штедење на електрична енергија кои ќе важат до крајот на март следната година. Надлежните институции уверуваат дека струја ќе има во престојниот зимски период и дека рестрикциите не се опција ако се оди според планот на Електростопанство на Северна Македонија. Компанијата, како што неколкупати досега изјави генералниот директор Васко Ковачевски, работи со максимален капацитет и во функција ќе бидат ставени сите расположливи капацитети. Министерот за економија, Крешник Бектеши…

Read More

Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека, во координација со градоначалникот на Арачиново и раководството на ЕВН, е најдено е привремено решение за проблемот со снабдување со електрична енергија на жителите на таа општина. „Ова решение е привремено, со надеж дека ќе биде долгорочно, доколку сите страни го почитуваат договорот и законите во државата. Да вложиме максимални напори да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза“, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.

Read More