Author: Sashko

Аргентинската Влада денеска соопшти дека постигнала договор со компаниите од малопродажбата за замрзнување на цените на повеќе од илјада прехранбени продукти и производи за домаќинство во наредните 90 дена, со цел да се спречи инфлацијата. Британските медиуми забележуваат дека аргентинската економија закрепнува од повеќегодишната рецесија и дека цените се зголемуваат за речиси 50 проценти годишно. Мораме да ја запреме лавината за храна да не ја ограничи куповната моќ на работниците, порача државниот секретар за внатрешна трговија Роберто Фелети. Кошничката со основни прехранбени производи во декември во 2019 година изнесуваше девет проценти од просечната плата и 11 проценти при последното мерење,…

Read More

Вилијам Шетнер мина 11 минути во ракетата на вселенската агенција „Блу oриџин“ во земјината Орбита. Славниот капетан Кирк, иконата на „Ѕвездени патеки“, вчера стана највозрасниот човек што отишол во Вселената. Секој треба да го направи ова, беше неверојатно!, рече канадскиот актер по враќањето на Земјата. Шетнер во опис на Земјата твитна дека е „како скапоцен камен, топла, сакана, грижлива наша планета“. Летот на „Блу oриџин“ со леталото „Њу Шепард“ вторпат однесе четири лица во орбитата. На патувањето беа и Одри Пауерс, потпретседателка на „Блу oриџин“ одговорна за операции на летовите, како и Крис Бошвизен и Глен де Врис.

Read More

Докторка од Помурје во Словенија издавала потврди за коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора на Словенија. Како што пренесуваат тамошните медиуми, обвинетата докторка изјави дека ги издавала сертификатите врз основа на наоди што докажуваат присуство на антитела во телото, но тоа не е пропишан и валиден начин да се потврди дека некој прележал коронавирус. Се посочува дека е потребен позитивен ПЦР тест постар од десет дена и не постар од 180 дена. Една новинарка ѝ се претставила на докторката како личност која била во контакт со заразено лице, но не била тестирана. Таа и рекла дека нема…

Read More

Француската кандидатка за претседател и членка на екстремната десница, Мари Ле Пен вети дека ќе ги укине сите субвенции за обновлива енергија и ќе ги урне турбините на ветар во Франција, доколку биде избрана за претседател следната година. Ветерната и соларната енергија не се обновливи. Тие се наизменични. Ако бидам избрана а претседател, ќе ставам крај на целата изградба на нови фарми со ветерници и ќе започнам голем проект за нивно демонтирање, рече Ле Пен за радио РТЛ. Таа додаде дека ќе ги укине субвенциите за енергија од ветар и сонце, кои, според неа, изнесуваат шест или седум милијарди евра…

Read More

Триесет лица загинаа во свлечишта и поплави предизвикани од бурата „Компасу“ на Филипини, соопшти денеска националната Агенција за катастрофи, додавајќи дека уште 13 лица се водат како исчезнати, јави агенцијата ДПА. Најголем број на жртви (14) се пријавени во северната провинција Илокос Сур, од кои повеќето се удавиле во поплавите. Во истата провинција три лица се водат за исчезнати. Во провинцијата Бенгует, девет лица, меѓу кои пет деца, загинаа во одрони што ги затрупаа нивните куќи, додека едно сè уште се води за исчезнато, наведува Агенцијата за катастрофи. Дваесет и петгодишна жена загинала од струен удар во провинцијата Пангасинан, додека…

Read More

Смртноста од предозирање со дрога во САД се зголемила за 29,6 проценти од март во 2020 година до истиот месец оваа година, покажува извештајот на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Во извештајот се наведува дека 96.777 луѓе починале за 12 месеци како последица од предозирање со дрога, што е нов рекорд во САД.Најголем пораст на смртноста од предозирање за една година е забележан во државата Вермонт. Смртните случаи од предозирање воглавно се предизвикани од употреба на опијати и синтетички опијати, а најниската смртност е забележана кај корисниците на метадон. ЦДЦ објави дека повеќе од 93.000 луѓе починале…

Read More

Најмалку 22 лица загинаа, а 52 се повредени во пожар што ноќеска зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван, јави агенцијата ДПА. Повредените се на возраст од осум до 83 години. Во повисоките катови од зградата живееле околу 120 станари, додека долните биле ненаселени. Според весникот „Ејпл дејли“, 12 лица биле најдени без знаци на живот, по што се префрлени во болница каде е констатирана смрт. Зградата, стара 40 години, се запалила околу три часот наутро, соопшти противпожарната служба во градот Каосиунг. Пожарот е изгаснат по повеќе од четири часа, а акцијата за пребарување и спасување е во тек.

Read More

Јапонија денеска го распушти парламентот, како дел од подготовките за избори кон крајот на овој месец на кои новиот премиер Фуми Кишида ќе се соочи со непопуларната опозиција во борба за тоа кој може да ја подобри економијата погодена од пандемијата на ковид-19. Кишида има јавна поддршка по 11 дена од преземање на премиерската функција, покажуваат анкетите, што зборува за неговата цел да го задржи мнозинството во Долниот дом за неговата Либерално-демократска партија (ЛДП) и нејзиниот коалициски партнер „Комеито“. Гласачите сакаат влада која има планови за одлучни мерки за ставање крај на пандемијата и обнова на економијата. Неодамнешното истражување на…

Read More

Еден сириски војник загина, а тројца се ранети во израелски воздушен напад синоќа во областа Палмир, објави сириското Министерство за одбрана. Нападот, чија цел беше комуникациската кула, се случи во 23:34 часот по локално време, а предизвикана е одредена материјална штета, се наведува во краткото соопштение на Министерството за одбрана на Сирија на Фејсбук. Инцидентот се случи неколку дена, откако сириската противвоздушна одбрана одговори на израелскиот напад врз воената база во централната провинција Хомс, во кој беа ранети шестмина војници, а беше причинета и материјална штета. Израел изврши неколку напади во делови од Сирија во последните години, а Тел Авив…

Read More

Вториот Самит за Западен Балкан „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Економист“. На самитот ќе се дискутира за тоа како да се зајакне стабилноста и соработката во регионот, како да се забрза пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ, како и тоа кои се приоритетите на Северна Македонија и на регионот во пост-ковид период. На отворањето на Самитот, според најавата на организаторите, ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а свои обраќања најавено е дека ќе имаат и вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, косовскиот премиер Албин Курти и вицепремиерот на Албанија,…

Read More

Дански државјанин (37) е осомничен за убиство на петте лица во вчерашниот напад со лак и стрела во норвешкиот град Конгсберг, соопшти денеска норвешката полиција. Во нападот, што се случи вчеравечер, беа повредени уште две лица, меѓу кои и полицаец кој не бил на должност. Осомничениот со лак и стрела нападна на неколку локации во Конгсберг, град со околу 28.000 жители што се наоѓа на 68 километри југозападно од Осло. Напаѓачот е уапсен, а полицијата истражува дали користел некое друго оружје. Се верува дека напаѓачот дејствувал сам. Нападот се случи во 18:30 часот по локално време, а полицијата соопшти дека…

Read More

Бројот на жртви во вчерашниот напад со лак и стрела во Норвешка достигна пет лица, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Маж со лак и стрела изврши напад во градот Конгсберг, југозападно од Осло, во кој живеат 28.000 жители. Напаѓачот е уапсен, а полицијата истражува дали користел и некое друго оружје. Меѓу повредените, кои во моментно се хоспитализирани, има полицаец кој не бил на должност. Инцидентот се случи вчера во 6:30 часот наутро по локално време, а полицијата соопшти дека ќе спроведе истрага за да утврди дали нападот има некаква врска со тероризам. https://novatv.mk/video-krvav-pir-vo-norveshka-4-litsa-ubieni-so-lak-i-strela-i-golem-broj-raneti/ По нападот, полициската управа…

Read More