Author: Sashko

Талибанските власти во Авганистан ја повикаа меѓународната заедница за соработка и добри односи. Тие избегнаа цврсто да се определат за овозможување образование на девојчињата и покрај барањата од светот. Речиси два месеца откако поранешната влада поддржана од Западот ја напушти земјата, а бунтовничките сили влегоа во Кабул, новите талибански власти се обидуваат да ги подобрат односите со другите земји за да помогнат да се спречи катастрофална економска криза. Наместо притисок, меѓународната заедница треба да започне да соработува со нас. Со тоа ќе се запре несигурноста, а истовремено, позитивно би се ангажирале во светот, порача вршителот на должноста министер за надворешни работи,…

Read More

Бригадниот генерал Пираз Ата Шарифи, главен телохранител на поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани, тврди дека „таткото на нацијата“ избегал од земјата со вреќи во кои имало милиони долари пред заземање на Кабул од талибанците. Шарифи, исто така, тврди дека има снимки од безбедносните камери и сака да ги објави, но постои еден проблем. Имено, поранешниот телохранител во моментот е најбараното лице во Авганистан, градовите се излепени со слики со неговиот лик, а талибанците дури нудат и награда за секоја информација за него. Шарифи се крие во подрум и сè уште се надева дека некој ќе го спаси, па во тој…

Read More

Тројца мигранти биле прегазени од воз додека лежеле на пруга во југозападна Франција, изјави денеска портпаролката на локалната полиција. Таа додаде дека несреќата се случила околу 5 часот утрово на пругата кај Сен Жан де Луз, кога на нив налетал воз што сообраќал кон Бордо. Тројца од нив веднаш им подлегнале на повредите, додека четвртиот е тешко повреден, рече таа. Не е јасно зошто мигрантите лежеле на шините, додаде таа. Двајца од мигрантите биле од Алжир, а не е познато од каде потекнуваат другите двајца.

Read More

Пишува: Нано Ружин На неколку дена пред одржувањето на првиот круг на локални избори, партиите ги полнат шаржерите и бомбардираат со изборните пароли додека нивните јунаци ве гледаат од секој агол. Заледени портрети, сериозни фаци, напудрени и нашминкани кандидати, ви ги сeрвираат партиските пораки. Тие се присутни насекаде, на скапите паноа со унифицирани фотки, ги среќаваме на социјалните мрежи, порачуваат и ги критикуваат противниците на електронските и пишуваните медиумите, ветуваат нови сали и кули, згради и шуми, детски градинки, канализации, еко-депонии. Се чудам колку богато општество сме доколку навистина се реализира ветеното. Само што ке се фокусирате на некој филм,…

Read More

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во сообраќајот и на територијата на град Скопје изрече вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина – 59 казни, за возење без возачка дозвола – 10, за возење под дејство на алкохол – 13, за нерегистрирани возила – пет. Од МВР информираат дека продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли. Воедно, оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Read More

Издавањето на бугарски пасоши за Македонци за Европската Комисија (ЕК) е внатрешна работа во која таа не се меша, јави дописничката на МИА од Брисел. Притоа е побаран став од Европската Комисија, откако бугарскиот претседател Румен Радев се повика на македонските граѓани со бугарски пасош и се произнесе за неговите очекувања за исходот од пописот во Северна Македонија. Додека ЕК стои на ставот дека ниедна земја членка не смее да се меша во внатрешната политика на други земји, членки на ЕУ или не, таа нема став за механизмот на издавање бугарски пасоши за Македонци. Натурализациите за кои прашувате не се…

Read More

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно, со локални врнежи од дожд во претпладневните часови, но и со повеќе сончеви периоди попладне. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието, повремено засилен ветар од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветар. Утринската температура ќе се спушти до 9 степени, а дневната ќе достигне до 13 степени. Во среда претпладне ќе има престанок на врнежите…

Read More

Најмалку 15 лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати, во големите поплави кои ја зафатија кинеската провинција Шанси. Како што објави кинеската државна телевизија, повеќе од 1,7 милиони луѓе се погодени од невремето, а околу 120.000 се евакуирани. Речиси 20.000 куќи се уништени, а околу 18.000 претрпеа посериозни штети. Причинетата штета од поплавите се проценува на пет милијарди јуани (околу 775 милиони долари).

Read More

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун изјави дека развивањето на оружје во неговата земја е во функција на одбраната од непријателските политики на САД и военото зајакнување на Јужна Кореја што го дестабилизира полуостровот, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на државни медиуми. Пјонгјанг ја зајакнува својата војска за самоодбрана, а не за да почне војна, рече Јонг-ун во говор на воена изложба, пренесе севернокорејската агенција КЦНА. Ким Јонг-ун го одржа говорот стоејќи пред разновидното оружје, што ја вклучи и интерконтиненталната балистичка ракета „Хвасонг-16“ (ИЦБМ). Таа е најголемата севернокорејска балистичка ракета што беше претставена лани во октомври на воена парада, но сè уште…

Read More

Извршниот одбор (ИО) на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) ја потврди целосната доверба во директорката, Кристалина Георгиева, откако ги испита обвинувањата против неа за наводни притисоци врз вработени во Светска банка да изменат податоци за Кина. Извршниот одбор ја донесе одлуката по проучување на извештајот на адвокатската фирма „Вилмер Хејл“, во кој се обвинува Георгиева дека извршила притисок врз нејзиниот персонал во 2017 година, кога таа беше извршен директор на Светска банка, да ги измени податоците за Кина со цел да го подобри резултатот на земјата на „Дуинг Бизнис“ скалата. Одборот вчера соопшти дека има доверба во посветеноста на Георгиева да…

Read More

Партиите и кандидатите за градоначалници, на неполна недела до изборите, ги продолжуваат со активности во обид да ги освојат срцата и гласовите на граѓаните. Меѓу предизборните ветувања се бесплатен јавен превоз, асфалтирање на улици, реконструкции и изградба на градинки, училишта и спортски сали, а се најавува и развој на етно и селски туризам, дигитализација на услугите што ги нудат општините и целосна отвореност кон граѓаните. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера им порача на идните градоначалници да му служат на народот, а не да владеат со него, да бидат отворени за граѓаните и внимателно да ги слушаат нивните проблеми. Да…

Read More

Македонија одбележа 80 години од почетокот на Народно-ослободителната војна (НОВ) и заокружување на раѓањето на македонската држава. По повод државниот празник – 11 Октомври, вчера и завчера, беше организирана свечена програма во Прилеп, Скопје и Куманово. Делегации на државниот врв, општествено-политичките организации, Армијата, борците, дипломатскиот кор вчера во Прилеп положија цвеќе пред спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски-Питу и на спомен обележјата во Алејата на народните херои, пред споменикот „Жена борец“ и на Могилата на непобедените. Претседателот на државата во рамки на свеченоста во Прилеп истакна дека темелите на оваа држава се илинденски и антифашистички и оној момент кога…

Read More