Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во сообраќајот и на територијата на град Скопје изрече вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина – 59 казни, за возење без возачка дозвола – 10, за возење под дејство на алкохол – 13, за нерегистрирани возила – пет.

Од МВР информираат дека продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли. Воедно, оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.