Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има „грб“ во Извршниот одбор: ММФ ја потврди довербата во Кристалина Георгиева

0
By Sashko on October 12, 2021 СВЕТ
Фото: bnr.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 12, 2021 08:28

Извршниот одбор (ИО) на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) ја потврди целосната доверба во директорката, Кристалина Георгиева, откако ги испита обвинувањата против неа за наводни притисоци врз вработени во Светска банка да изменат податоци за Кина.

Извршниот одбор ја донесе одлуката по проучување на извештајот на адвокатската фирма „Вилмер Хејл“, во кој се обвинува Георгиева дека извршила притисок врз нејзиниот персонал во 2017 година, кога таа беше извршен директор на Светска банка, да ги измени податоците за Кина со цел да го подобри резултатот на земјата на „Дуинг Бизнис“ скалата.

Одборот вчера соопшти дека има доверба во посветеноста на Георгиева да ги задржи највисоките стандарди на управување и интегритет. Истовремено, тие истакнаа дека планираат дополнителни чекори за зајакнување на мерките за заштита на непристрасноста на вработените во ММФ, како и обезбедување канали за поплаки и несогласувања.

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен и порача на Георгиева дека извештајот за работата на Светска банка „покренал легитимни прашања“, но дека поради недостаток на директни докази, менувањето на раководството на ММФ било неоправдано.

Таа нагласи дека „треба да се преземат проактивни чекори за зајакнување на интегритетот и кредибилитетот на ММФ“, а Георгиева и другите лидери на ММФ мора да ја обноват својата посветеност кон транспарентност во истражувањето, анализите и политиките на фондот, се наведува во соопштението на Министерството.

директорка доверба ИО Кристалина Георгиева ММФ Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.