Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Осумнаесет години по Самитот во Солун, кој првпат ја отвори вратата за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, сега е време за преземање на јасни обврски во однос на регионот, порача денеска од Љубљана грчкиот премиер Кирајкос Мицотакис. Мицотакис, кој пристигна во Словенија за да учествува на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ, порача дека собирот ќе биде можност да се разговара за перспективите за пристапување на земјите од регионот во Унијата. Времето нè притиска. Доколку ЕУ отсуствува од овој регион, нема сомнеж дека другите ќе побрзаат да ја пополнат таа празнина. На денешната вечера ќе…
Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на општина Карбинци, денеска ја посетија локацијата на која се гради регионалниот систем за водоснабдување „Плачковица“. Системот со чиста вода ќе снабдува 700 жители од осум населени места – Вртешка со викенд населба Плачковица, Прналија, Кучица, Ебеплија, Јунузлија, Калаузлија и Археолошкиот локалитет Баргала. Капацитетот за производство е околу 1,23 милиони литри чиста вода за пиење и за напојување на добитокот на ден. Овој систем е од исклучително значење за жителите на Карбинци, за непречна достапност до чиста вода за пиење, особено во летните периоди. За изградба на системот,…
Судија во претходна постапка денеска одреди мерка притвор за 69-годишник од Тетово кoj e осомничен за кривично дело „полов напад врз дете“. Тој вчеравечер беше лишен од слобода, откако бил пријавен дека околу 19:45 часот ја допирал негова сосетка малолетничка по телото. По лишувањето од слобода, СВР Тетово поднесе кривична пријава до Обвинителството за основано сомнение дека сторил кривично дел по член 188 од Кривичниот законик. Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, по изготвена и поднесена кривична пријава, му определил мерка притвор од 30 дена, информираат од СВР Тетово. Тој денеска ќе биде спроведен во Казнено-поправнста установа „Затвор…
Владата на денешната седница ги усвои измените на законите за лична карта, за матичен број, за државјанство, за лично име, за патни исправи на државјани на Република Северна Македонија и за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните. Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, со измените се овозможува граѓанинот да може да поднесе барање и преку средство за електронска идентификација преку Националниот портал за електронски услуги, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги. Воедно, потребните документи кои се потребни во постапката, институцијата ги прибавува по службена должност преку Националната платформа за интероперабилност, согласно прописите од…
Премиерот Зоран Заев не ги прифати понудените оставки од морални причини на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, во врска со пожарот на 8 септември во Модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица. Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај министерот Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани, кои од морални прични поднесоа оставки. За евентуалните грешки причинети од човечки фактор ќе се произнесат надлежните органи, изјави денеска премиерот Заев, додавајќи оти им ја дава довербата да продолжат да го водат здравствениот систем. Заев нагласи дека останува на ставот…
Руските власти покренаа истрага по видео снимката од силување на еден затвореник што ја објави невладина организација, која тврди дека примила стотици пријави за систематска тортура во руските затвори. Невладината организација Гулагу.нет на социјалната мрежа „Телеграм“ објави страшна видео снимка од силување во траење речиси три минути. Снимката била направена на 18 април во 2020 година во болничкото одделение за затвореници кои страдаат од туберкулоза во Саратов, во централниот дел на Русија. Од гулагу.нет тврдат дека примиле над 1.000 снимки од тортури во затворите. Затворениците се малтретирани со цел од нив да се извлечат признанија или да соработуваат со чуварите.…
Српската премиерка Ана Брнабиќ по седницата на Кризниот штаб за коронавирус изјави дека земјата ќе продолжи со постојните мерки, иако медицинскиот дел побарал усвојување на „многу порестриктивни мерки“, јави дописникот на МИА од Белград. Брнабиќ изјави дека на состанокот се разговарало долго време и дека таа верува дека нови мерки би довеле до „сигурно побрзо намалување на бројот на заразени лица, но исто така ќе доведат и до стагнација на имунизацијата“. И покрај тоа што јасно застанавме до барањето на медицинскиот дел, сепак решивме да продолжиме со постојните мерки, покрај потребата за вакцинација, која е единствен остварлив одговор на оваа…
Парламентот на Романија денеска изгласа недоверба на конзервативната влада на премиерот Флорин Читу. Иницијативата за импичмент ја поддржаа 281 пратеник од вкупно 446 во романското Собрание. За предлогот на најголемата опозициска Социјалдемократска партија гласаа и партиите Сојуз за спас на Романија и Алијанса за обединување на Романците. По изгласувањето на недоверба, Читу може да продолжи да ја води владата најмногу 45 дена, но со ограничен капацитет за дејствување, на пример не би можел да потпишува итни укази. Сè уште не е познато дали ќе има предвремени избори, бидејќи редовните се закажани за 2024 година. Кризата беше предизвикана од распадот на…
Европската Унија (ЕУ) денеска соопшти дека е подготвена да започне преговори со Велика Британија за Гибралтар, британска прекуморска територија на јужниот Пиринејски полуостров. Европскиот совет, кој ги претставува 27-те земји-членки на ЕУ, објави дека преговарачката позиција на блокот е усвоена и дека Европската комисија сега може да започне преговори. Целта на преговорите е да се постигне широк и избалансиран договор помеѓу ЕУ и Обединетото кралство за Гибралтар, со оглед на специфичната географска положба и специфичностите на Гибралтар, се наведува во соопштението. Гибралтар не беше вклучен во трговскиот договор ЕУ-Велика Британија кон крајот на минатата година, кој ги поставува основите на…
Се предаде затвореникот кој зеде двајца стражари како заложници во францускиот затвор со висока безбедност, јави министерот за правда, Ерик Дупон-Морети Ситуацијата со заложниците е завршена. Затвореникот се предаде”, напиша францускиот министер на Твитер, пренесоа британските медиуми. Министерството за правда објави дека затвореникот се предал по преговорите со полициските сили. Наведено е дека затворската чуварка не е повредена, како и дека добила психолошка помош, додека на другиот повреден чувар му е пружена медицинска помош. Француската телевизија „БФМТВ“ објави дека маж-чувар се здобил со повреда на десното око, како и дека затвореникот издржува долгогодишна затворска казна за силување и за убиство.
Шпанската Влада планира да додели по 250 евра месечно за млади луѓе со ниски приходи за плаќање на кирија, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез на настан во Севилја. Целта на таквиот потег е да се помогне на младите луѓе на возраст од 18 до 35 години да станат независни и да се иселат од домовите на своите родители, истакна Санчез. Новата помош е дел од буџетот за домување во износ од 2,25 милијарди евра.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот централен митинг на опозицијата во Струмица порача дека градот е заробеник од алчноста на Заев, односно како што рече тој повеќе од една деценија е заробеник на една фамилија, додавајќи дека време е тоа да престане. Повеќе од една деценија градот е заробеник на една фамилија. Чесните луѓе ги надгласува со купени гласови. А парите се вртат во истиот затворен круг. Владее со уцени, закани и притисоци, рече претседателот Мицкоски. Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нуди 14.835 проекти за сите општини кои значат решавање на проблемите на граѓаните. Програмите кои ги нудиме содржат вкупно…