Шпанската Влада планира да додели по 250 евра месечно за млади луѓе со ниски приходи за плаќање на кирија, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез на настан во Севилја.

Целта на таквиот потег е да се помогне на младите луѓе на возраст од 18 до 35 години да станат независни и да се иселат од домовите на своите родители, истакна Санчез.

Новата помош е дел од буџетот за домување во износ од 2,25 милијарди евра.