Author: Sashko

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека Европската Унија во моментот „не прави ништо или прави многу малку“ по прашањето за Косово, јави дописникот на МИА од Белград. Немам ништо добро да кажам за однесувањето на Европа, за однесувањето на ЕУ и, пред сè, мислам дека тоа Договорот од Брисел е прашање на ЕУ. Нивниот потпис е на бриселскиот договор, изјави Брнабиќ за ТВ Пинк. Таа посочи дека Бриселскиот договор е јасно прекршен на Косово, бидејќи северот на Косово не смее да има специјални единици на РОСУ, а ниту девет години по тој договор не е формирана Заедницата на српски…

Read More

Кандидатот на германските социјалдемократи за канцелар, Олаф Шолц, чија партија освои тесно мнозинство на вчерашните парламентарни избори, денеска оцени дека конзервативците треба да заминат во опозиција, бидејќи тие се втори според изборниот резултат. ЦДУ и ЦСУ (Христијанско-демократската унија и сестринската Христијанско-социјална унија) не само што ги загубија гласовите, тие всушност добија порака од граѓаните дека повеќе не треба да бидат во владата, туку во опозиција, истакна Шолц денеска во седиштето на неговата партија СПД. Конзервативците веруваат дека и тие би можеле да формираат нова коалициска влада, иако на вчерашните избори го постигнаа својот историски најлош резултат. „Гласачите јасно кажаа дека…

Read More

Со едноставноста што ја покажа по излегување на пазарот во 1980 година, „Југо“ имаше свој шарм и им понуди евтин автомобил за луѓето на СФР Југославија. Возилото во 1985 година „слета“ и на американска почва. И, иако работите не одеа најдобро во САД, за фабриката со седиште во поранешна Југославија, автомобилот, сепак, успеа да добие статус на познат автомобил и „преку барата“. Македонскиот дизајнер Дејан Христов, инспириран од култниот статус на возилото, замисли нова верзија на овој едноставен градски автомобил со електричен погон. Со оглед на тоа што тој сѐ уште може да се види на патиштата, современата изведба треба…

Read More

Турција издаде предупредување за цунами по силниот земјотрес што денеска го погоди грчкиот остров Крит, јавија турските медиуми. Властите во Турција го предупредија населението за можна појава на цунами предизвикано од земјотресот во Грција, што, според прогнозите, може да го зафати целиот регион. Едно лице загина, а девет се повредени во силниот земјотрес на Крит, чија јачина од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар беше проценета на 6,2 степени. Земјотресот оштети стари згради, цркви и патишта во неколку критски општини во близина на епицентарот, јужно од градот Хераклион, додека училиштата беа евакуирани.

Read More

Жителите на Берлин го поддржаа предлогот на градските власти за преземање на, речиси, 250.000 станови од корпоративните сопственици во вредност од повеќе милијарди евра, со цел да се запре растот на цените за закуп. Според конечните резултати од вчера одржаниот референдум, 56,4 отсто од гласачите поддржуваат експропријација, а 39 проценти се против. Референдумот ја принудува Владата во Берлин да ја разгледа можноста за експропријација на становите. Цените за наем изминатите години станаа недостапни за многу жители на Берлин.

Read More

Мала клиничка студија за комбинирана употреба на вакцината на „АстраЗенека“ и доза на „Спутник лајт“ против ковид-19 покажа силен раст на антитела кај повеќето тестирани лица, објави денеска Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ). Податоците се собрани од 20 луѓе кои учествувале во студијата од 100 лица во Азербејџан, која почнала во февруари оваа година. Учесниците во истражувањето прво примиле вакцина на „АстраЗенека“, а 29 дена подоцна доза од „Спутник лајт“, соопшти РДИФ. „Според резултатите од привремената анализа, четирикратно зголемување на неутрализирачките антитела на протеинот САРС-КоВ беше откриено кај 85 проценти од доброволците на 57-от ден од студијата“, се наведува…

Read More

Бугарскиот претседател Румен Радев го повика лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, да се кандидира за шеф на државата, јави дописникот на МИА од Софија. Радев смета дека „крајно време е Борисов да не ја користи својата партија како штит и да ја одбрани нејзината чест со кандидирање за претседател“. Апелот до поранешниот бугарски премиер Борисов го упати за време на отворањето на новата академска година на Универзитетот за рударство и геологија. Од денеска, иницијативните комисии, кои ќе номинираат независни кандидати за претседател и потпретседател на изборите на 14 ноември, можат да аплицираат за да се регистрираат во Централната изборна комисија…

Read More

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен утре ќе допатува во посета на Република Северна Македонија. Фон дер Лајен ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заев на платото пред Владата. Според агендата, предвидено е двете делегации да заминат во Младинскиот културен центар (МКЦ), каде, по настанот предвиден во фоајето, ќе се упатат кон Кино „Фросина“ каде ќе се одржи заедничка прес-конференција. Портпаролот на ЕК, Ерик Мамер најави дека Урсула фон дер Лајен во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Мамер не даде повеќе детали, и посочи дека прашањата…

Read More

Извртен камион претпладнево предизвика застој во сообраќајот на булаварот „Борис Трајковски“, на потегот каде што извршуваат градежни работи за реконструкција. На тој дел од патот што води од Драчево кон ОХИС, наизменично се пропуштаат возила во двата правца. Нема информации дали некој е поивреден.

Read More

Во Хрватска денеска започнува теренското попишување на населението, што ќе трае до 17 октомври, објави хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС). По пристигнувањето во становите, попишувачот ќе ги наведе сите лица, домаќинството и станот, а во фазата теренско попишување ќе ги посети сите адреси, вклучувајќи ги и на оние домаќинства што сами се попишале со цел да им го земе единствениот код што го добиле по успешното самопопишување. Во првата фаза од пописот, која заврши на 26 септември, успешно беа регистрирани повеќе од 1.326.000 милиони граѓани, објави вчера ДЗС. Сите податоци собрани од пописот се тајни и ќе се користат…

Read More

Едно лице го загуби животот, а девет се повредени во силниот земјотрес од 5,8 степени на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за цивилна заштита на Грција, официјално соопштуваат дека „согласно информациите од надлежните органи загина едно лице“. Според грчките медиуми безживотното тело го извлекле припадници на специјалните сили на противпожарната служба од под урнатините на мала црква во селото Аркалохори. Земјотресот предизвика материјална штета на стари објекти, цркви, но и на патишта во неколку општини на Крит што се наоѓаат блиску до епицентарот, јужно од градот Ираклио, додека пак беа евакуирани училиштата и побарано…

Read More

Педро Гимареш, член на делегацијата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во Обединетите нации, е позитивен на коронавирусот, напиша извршниот директор на банката „Каиша економика федерал“ на социјалните мрежи. Гимареш, кој рече дека е комплетно вакциниран, е четвртиот член на делегацијата кој е позитивен на ковид-19, а кој беше со Болсонаро во Њујорк на неговото обраќање во ОН. Тој рече дека бил асимптоматски, но бил во изолација од средата, кога се вратил во Бразил од Њујорк. Бразилскиот министер за здравство Марсело Квирога, синот на Болсонаро, Едуардо и еден дипломат, исто така, беа позитивни. Квирога, на кој коронавирусот му беше дијагностициран за…

Read More