Жителите на Берлин го поддржаа предлогот на градските власти за преземање на, речиси, 250.000 станови од корпоративните сопственици во вредност од повеќе милијарди евра, со цел да се запре растот на цените за закуп.

Според конечните резултати од вчера одржаниот референдум, 56,4 отсто од гласачите поддржуваат експропријација, а 39 проценти се против.

Референдумот ја принудува Владата во Берлин да ја разгледа можноста за експропријација на становите. Цените за наем изминатите години станаа недостапни за многу жители на Берлин.