Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Министерот за надворешни работи на Естонија, Урмас Реинсалу, изјави дека верзијата на руската безбедносна агенција за убиството на пропагандистката Дарија Дугина, каде што осомничена е Украинката Наталија Вовк, која наводно „побегнала во Естонија“, е провокација, пренесува агенцијата „Укринформ“, повикувајќи се на ERR. Првиот дипломат истакна дека Русија се обидува да изврши притисок врз Естонија, поради нејзината поддршка за Украина. „Зошто Естонија сега ги доживува најголемите сајбер напади од „Бронзените ноќи?“ Зошто поранешниот претседател на Русија пред две недели рече дека нивна вина е што Естонија е сè уште слободна земја? Мислам дека сите овие настани и разни дејствија се дел од…
Американскиот Стејт департмент издаде безбедносно предупредување дека Русија ги засилува напорите да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти на Украина во наредните денови. Амбасадата на САД во Киев ги повика американските граѓани кои сè уште се во Украина веднаш да ја напуштат земјата. „Ако слушнете силна експлозија или ако се активираат сирените, веднаш побарајте засолниште“, советува Стејт департментот. „Ако сте во дом или зграда, одете на најниското ниво на структурата со најмалку надворешни ѕидови, прозорци и отвори; затворете ги сите врати и седнете во близина на внатрешен ѕид, подалеку од какви било прозорци или отвори“. Стејт департментот го…
Времето на чекање на граничниот премин „Табановце“ за излез од земјав е околу половина час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Времето и денеска на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено во попладневните и во вечерните часови, со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Утринските температури ќе бидат во интервал од 12 до 19 степени, а дневните ќе достигнат од 23 до 30 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 6. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне. Утринската температура ќе се спушти до 16 степени, а дневната ќе достигне до 28 степени. Според прогнозата на УХМР, до четврток ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време. Во…
Јахта долга 40 метри потона кај Катанцаро, Италија, во Средоземното Море. Италијанската крајбрежна стража спаси девет лица на јахтата од кои четворица патници и пет членови на екипажот. На социјалните мрежи се појавија и снимки од потонувањето на јахтата. The Italian Coastguard rescued nine people from a sinking superyacht off the coast of Catanzaro Marina, in southern Italy. Watch more videos from Sky News: https://t.co/8xyWy1V0ro pic.twitter.com/bE5oIqmLm3 — Sky News (@SkyNews) August 22, 2022
Целиот демократски свет ќе го прослави Денот на независноста на Украина, прослава ќе има и во Скопје. Денот на независноста на Украина оваа година нема да биде одбележан само во Украина. Целиот демократски свет ќе го одбележи овој датум. Илјадници организации, институции и активисти од целиот свет веќе објавија програма со активности со кои ќе го одбележат Денот на независноста на Украина, на кои ќе упатат пораки на поддршка на херојскиот отпор на Украинките и Украинците против руската брутална агресија. Во Скопје ќе биде одбележан на 24 август (четврток) во 14 часот.
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков попладнево по 14 часот се пријавил во струшкиот затвор на издржување на затворската казна, објави Телма, повикувајќи се на свои информации. Порталот А1он објави дека Мијалков се појавил во затворот без придружба и обезбедување, носејќи со себе само куфер. Мијалков се спогоди со Обвинителството во случајот „Империја“ и треба да одлежи тригодишна казна. Потоа тој ја смени адресата на живеење во Охрид, што му овозможи казната да ја служи во затворот во Струга, кој е од отворен тип. Влегувањето на Мијалков во затвор доаѓа по неговото барање за одложување на…
Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија во среда ќе ја одржи 63-тата седница, на чиј дневен ред е жалбата на обвинителката Вилма Русковска. Одлуката за свикување на седницата е објавена на веб-страницата на Советот на јавни обвинители, а на дневен ред, како прва точка се предлага „разгледување и решавање по жалбата СОЖ бр.5/22 на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК, г-ѓа Вилма Русковска“. Обвинителката Вилма Русковска во минатата недела поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за суспензија…
Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ поскапуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 89 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 91,50 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 93,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 90 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,128 денари за килограм со што новата цена ќе биде 51,686 денар. Со најновата одлука на РКЕ се врши…
Два воени воздухоплова од типот Б52 на Воздухопловните сили на САД во Европа и во Африка, попладнево во 14:35 часот, како што беше и најавено, извршија прелети над Скопје. Прелетите на воздухопловите, како што информираа од Министерството за одбрана, го демонстрираа силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети згрижувачкото семејство Гошеви кое има згрижено три деца на возраст од четири, четиринаесет и осумнаесет години, со различни социјални и здравствени ризици. Тренчевска, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, истакна дека со вистинска посветеност, љубов и грижа згрижувачкото семејство Гошеви целосно успеале да создадат семејна атмосфера која е од големо значење за психо-физичкиот развој на децата. „Како Министерство за труд и социјална политика тоа е и нашата заложба, преку реформите во социјалната заштита, децата без родители и родителска грижа бидат сместени во опкружување кое е најблиску до семејната…
Руските напаѓачи убија двајца цивили во регионот Доњецк изминатиот ден, напиша на својот канал Телеграм, шефот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко, пренесува агенцијата „Укринформ“. „На 21 август Русите убија двајца цивили во регионот на Доњецк: во Хеорхивка и Костијантинивка“, напиша тој. Во моментов, невозможно е да се утврди точниот број на жртви во Мариупол и Волноваха. Руските сили во текот на ноќта гранатираа два града во регионот на Доњецк, при што беа оштетени приватни куќи и едно училиште, напиша на својот канал Телеграм, шефот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко. „Уште едно училиште во регионот на…