Author: Sashko

Наставниците и вработените во училиштата треба да добијат приоритет за вакцини против ковид-19, бидејќи училиштата мора да останат отворени за учениците, соопштија Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ. Мерките за осигурување дека училиштата можат да останат отворени „вклучуваат нудење на вакцина против ковид-19 на наставниците и другите вработени во училиштата како дел од целните групи на население во националните планови за вакцинација“, наведуваат агенциите на ОН во соопштението. Додека училиштата се отвораат по летните одмори, агенциите наведуваат дека е „од витално значење учењето во училница да продолжи непречено“, и покрај ширењето на позаразната варијанта Делта на коронавирусот. Ова е од огромно значење…

Read More

На територијата на град Скопје се изречени вкупно 180 сообраќајни прекршоци од кои 105 за брзо возење. Од вкупниот број на сообраќајни прекршоци, за возење над дозволената брзина се изречени 105 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 25 за управување под дејство на алкохол, четири за користење мобилен телефон, една за минување на црвено светло, девет за нерегистрирани и технички неисправни возила и изречени се девет казни за непрописно паркирање, соопшти денеска МВР. Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во текот на наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел побезбеден сообраќај.

Read More

Девет членови на едно семејство, меѓу кои и шест деца, загинаа во синоќешниот напад на американско беспилотно летало врз возило на терористичката група ИД-К во станбена област во Кабул. Американската војска призна дека експлозијата „веројатно предизвикала дополнителни жртви”. Меѓу загинатите има шест деца, од кои најмалото е двегодишно девојче, изјави братот на еден од убиените за локален новинар кој работи за „Си-Ен-Ен“. Претходно, авганистански службеник изјави дека во вчерашниот напад загинале три деца. Роднина на убиените рече дека се работи за обично семејство, а не за членови на ИД. Централната команда на САД соопшти дека САД „ги забележале извештаите за…

Read More

Во налетот на ураганот „Нора“ во Мексико, што ослабна до тропска бура, загина едно лице, а седум лица се сметаат за исчезнати, јавија локалните медиуми. Бурата предизвика поплави и лизгање на земјиштето. Властите во државата Халиско соопштија дека едно момче од Шпанија загинало откако делумно се урнала зграда во туристичкиот град Пуерта Валарта по поројните дождови и силните ветрови. Околу 500 домови беа погодени од поплави, а две лица се повредени при свлечиште. Шестмина рибари од државата Гереро се исчезнати во морето.

Read More

Над еден милион домови во американската сојузна држава Луизијана останаа без струја, додека во предградие во близина на Батон Руж едно лице загина во налотот на ураганот „Ида“. Ураганот предизвика значителни штети и поплави во целата држава, предизвикувајќи стравување дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми. Ураганот „Ида“ го остави без струја целиот град Њу Орлеанс, неколку часа откако ја погоди американската држава Луизијана. Енергетската компанија „Енерџи“ потврди дека Њу Орлеанс е без електрична енергија и дека единствената електрична енергија во градот доаѓа од генератори. Националниот центар за урагани соопшти дека „Ида“ ослабела до бура од категорија 3,…

Read More

Учебната 2021/2022 година на 1 септември ќе почне со отворени училишта за основците и средношколците. Настава со физичко присуство со полн капацитет и примена на соодветни антиковид-протоколи препорача Главниот кризен штаб на 16 август, а одлуката наредниот ден ја донесе Владата на седница.  Поради високиот број заразени со коронавирус во Тетово и Гостивар, Комисијата за заштита од заразни болести, на барање на Општина Тетово, одлучи само средните училишта во овие градови да организираат онлајн-настава во првите две недели од септември. На седница во вторникот Владата ги усвои Планот за одржување на наставата и протоколите за постапување на  основните и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес…

Read More

На граничните премини утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот се одвива непречено по суви коловози.

Read More

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од западен и северозападен правец кој долж Повардарието повремено ќе се засилува, додека УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје слично време, со температура од 15 до 28 степени. В среда ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ветар. Во овие денови наутро, особено во посеверните делови ќе биде посвежо. Минимална температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а максималната од 24 до 34 степени.

Read More

Не се намалува бројот на заболени од ковид-19 во државава. Вчера беа регистрирани нови 674 случаи, а почнаа да се полнат и ковид одделенијата. Надлежните посочуваат дека вакцини има доволно, а засега препорака за трета бустер доза има само од компанијата „Фајзер“, но за имунокомпромитирани пациенти. Штипската модуларна болница се полни со тешки пациенти заразени со делта сојот на коронавирусот. Слободни места има само за уште двајца пациенти.  Началничката на Инфективното одделение и на ковид-центарот, Дијана Гајдарџиска-Шишикова изјави дека имаат 45 пациенти во модуларната болница. Пред неколку дена во функција е ставено и Одделението за кожни болести, каде се хоспитализираат…

Read More

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници за локалните избори закажани на 17 октомври. За овие избори има голем интерес за собирање потписи за независни кандидатури за неколку општини, а меѓу нив и за главниот град Скопје. Досега се собрани потписи за 18 независни кандидати за градоначалници, а за уште 15 кандидати продолжува процедурата. Во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписите ги собрале и 38 независни групи избирачи за советнички листи, а за 26 се во тек. Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК ќе работат денеска до 24 часот, кога истекува…

Read More

Пратениците се враќаат на работа во Собранието на Репубика Северна Македонија, на речиси месец и половина пред локалните избори. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе има прва средба со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, по што најверојатно ќе се знае какви активности ќе има Парламентот во текот на неделата и во текот на септември. Најавите се дека ќе има продолжение на неколку седници, а ново пленарно заседание кон средината на септември. Пратениците сметат дека, имајќи ги предвид изборите, активностите на Собранието ќе бидат намалени и оти дискусиите следниот месец ќе бидат во контекст на локалните избори. Првата недела…

Read More

Како настана коронавирусот е прашање на кое американските разузнавачки служби не можеа да најдат одговор, бидејќи, според нивниот извештај, Кина одбила да соработува, пренесува белградска Политика. Шефот на Белата куќа во мај им даде рок од 90 дена на агенциите да го откријат потеклото на ковид-19, но три месеци подоцна, оваа недела, доби извештај во кој информаторите го известуваат оти не се сигурни што навистина се случило, пренесува „Си-Ен-Ен“. Според овој документ, не може да се докаже дека вирусот настанал по природен пат, како што тврдат властите во Пекинг, ниту пак дека по грешка „избегал“ од лабораторијата во кинескиот град…

Read More