Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува есенската сесија, Парламентот во сенка на локалните избори

0
By Sashko on August 30, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 30, 2021 08:23

Пратениците се враќаат на работа во Собранието на Репубика Северна Македонија, на речиси месец и половина пред локалните избори. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе има прва средба со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, по што најверојатно ќе се знае какви активности ќе има Парламентот во текот на неделата и во текот на септември. Најавите се дека ќе има продолжение на неколку седници, а ново пленарно заседание кон средината на септември.

Пратениците сметат дека, имајќи ги предвид изборите, активностите на Собранието ќе бидат намалени и оти дискусиите следниот месец ќе бидат во контекст на локалните избори.

Првата недела од следната парламентарна сесија се очекува да мине во знакот на комисиските расправи. Сега официјално на собранискиот сајт само на 1 септември (среда) има закажано три седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, како и седница на Комисијата за економски систем.

На комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред се Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, во второ читање, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство,  Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, во второ читање, како и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на лични податоци, по скратена постапка, исто така во второ читање.

Комисијата за економски прашања ќе расправа за Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог – законот за изменување на Законот за метрологијата, Предлогот за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за занаетчиство, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, сите во второ читање.

Нова седница се најавува за средината на септември, додека нови материјали пристигнати овој месец, како што објави МИА, се Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, Предлогот на закон за академија за судии и јавни обвинители, Предлогот на закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, Предлогот на закон за лековите, Предлогот на закон за парничната постапка, Предлогот на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство,
Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Барање за давање на автентично толкување на член 21, став 1, точка 4 од Законот за данок на добивка, поднесено од Владата на Република Северна Македонија, Барањето за давање на автентично толкување на член 135, ставовите 1 и 2 од Законот за судска служба, Кварталниот извештај на Народната банка на Република Северна Македонија, август 2021 година, како и Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026.

локални избори Македонија парламент пратеници работа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.