Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај на американските служби до Бајден: Ни ЦИА не знае како настана коронавирусот

0
By Sashko on August 27, 2021 НАСЛОВНА, СВЕТ
Фото: rfi.fr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 27, 2021 23:14

Како настана коронавирусот е прашање на кое американските разузнавачки служби не можеа да најдат одговор, бидејќи, според нивниот извештај, Кина одбила да соработува, пренесува белградска Политика.

Шефот на Белата куќа во мај им даде рок од 90 дена на агенциите да го откријат потеклото на ковид-19, но три месеци подоцна, оваа недела, доби извештај во кој информаторите го известуваат оти не се сигурни што навистина се случило, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Според овој документ, не може да се докаже дека вирусот настанал по природен пат, како што тврдат властите во Пекинг, ниту пак дека по грешка „избегал“ од лабораторијата во кинескиот град Вухан, што е верзијата што ја навести поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.

Светската здравствена организација (СЗО) во март заклучи дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на други животни и луѓе, иако не ја исклучи можноста ковид-19 да излегол лабораторија поради негрижа на вработените, објаснувајќи дека последното сценарио е малку веројатно.

Во американските медиуми се исмејуваше теоријата за „бегство“ од епруветата, а социјалните мрежи ги отстрануваа објавите со оваа претпоставка додека Бајден не изјави дека сака и оваа теза да се тестира. Општо е прифатено дека ковид -19 најверојатно се пренел од животни на луѓе на крајот на 2019 година на пазарот во Вухан, каде што се продаваат домашни и диви животни.

Потеклото на вирусот кој однесе над четири милиони човечки животи во светот, а најголемиот број од нив во Америка (650.000) е уште една спорна точка меѓу Вашингтон и Пекинг. И администрацијата на Бајден и Трамп се пожалија дека земјата од која вирусот почна да се шири низ целата планета не се согласи да ја сподели документацијата со други земји. По повод овој извештај, комунистичките власти ги обвинија САД дека ја политизираат епидемијата и го обвинуваат Пекинг.

Пандемијата го влоши кинеско-американското ривалство и ги охрабри двете страни да бараат поддршка во други земји. Додека американските партнери во Европа рекоа дека Пекинг мора да биде поотворен, 28 политички партии од 13 арапски земји ја поддржаа Кина во нејзиниот повик да се утврди потеклото на вирусот со научни методи, а не со политизација.

И додека службите во Вашингтон се занимаваат со „изворот“ на коронавирусот, здравствените власти се најзаинтересирани за вакцинација. Најпознатиот експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, предупреди пред неколку дена дека се раѓа нов бран и дека делта сојот брзо се шири, особено во слабо имунизирани средини. Фаучи, кој е главен медицински советник на американскиот претседател, изјави дека неговите сонародници „се доведоа во опасност“: „Одиме во погрешна насока, бидејќи половина од населението не е вакцинирано“.

Според Фаучи, доколку се вакцинираат значително поголем број на луѓе, епидемијата би можела да биде „под контрола“ до пролетта во 2022 година. Владата на Бајден го повикува населението да го стори тоа, но анкетите не се охрабрувачки. Според „Гласот на Америка“, 80 проценти од неимунизираните граѓани тврдат дека нема да бидат вакцинирани под никакви околности.

Коронавирус Потекло САД Свет Служби ЦИА Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.