Author: Sashko

Поради зголемен интерес за вакцинирање, од среда или четврток ќе биде повторно отворен пункт во спортскиот центар „Борис Трајковски“, но во малата сала, рече министерот за здравство Венко Филипче. Соопшти дека процесот на имунизација се одвива добро на сите пунктови и до вчера над 650.000 граѓани примиле барем една доза нa вакцина, а бројот на ревакцинирани достигна пола милион. Повторно ќе се отвори СЦ „Борис Трајковски“, за што дел од вработените од Здравствен дом кои беа на годишни одмори ги прекинаа за да ја стават во функција. Тоа ќе биде малата сала, не големата и ќе има 20-ина места каде…

Read More

На граничниот премин „Табановце“ попладнево се чека околу еден час за излез од земјава, а на ГП „Богородица“ околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Read More

Европската Унија (ЕУ) не ги признава талибанците, изјави денеска претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен и посочи дека ЕУ не води политички разговори со милитанти. Многу добро слушаме што велат талибанците, но ќе судиме според нивните постапки, рече Фон дер Лајен по посетата на прифатниот центар во Мадрид за евакуирани Авганистанци кои работеа за институциите на ЕУ во Кабул. Британските медиуми пренесуваат дека шефицата на ЕК кажа оти ќе побара поголема хуманитарна помош од 57-те милиони евра, колку што ЕК годинава одреди за Авганистан. Таа кажа дека помошта од ЕУ е насочена кон почитување на човековите права,…

Read More

И покрај растот на бројот заболени со ковид-19, во САД сè уште има многу граѓани кои се двоумат дали да се вакцинираат. Според најновото истражување, спроведено од Американското биро за попис, 25,9 милиони Американци или 10,4 проценти од возрасните граѓани, наведуваат дека дефинитивно или речиси сигурно нема да се согласат на вакцинација, соопшти денеска „Ју-Ес-Еј Тудеј“. Околу 16,3 милиони Американци (6,5 проценти од возрасната популација) не веруваат во вакцините, а седум милиони (2,8 проценти) не мислат дека ковид-19 е голема закана за нивното здравје. Уште 13,8 милиони Американци или 5,5 проценти од возрасните граѓани не се вакцинирани, затоа што велат…

Read More

За 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор се затекнав на Преспа каде сум во оваа време од годината од како знам за себе. Преспа, кој знае-знае, е регион кој може да послужи како пример на цела Европа за едно пар екселанс мултикултурна функционална заедница. Живеејќи во еден таков амбиент во кој предрасудите и стереотипите, кои често ги оптоваруваат меѓуетничките односи на национално ниво, се речиси непостоечки бев изненаден од коментарите во јавноста кои упорно се провлекуваат изминатите 20 години за тоа дека Охридскиот договор е некакво надворешно тело наметнато од некои или некого. Размислувајќи на оваа тема имав среќа…

Read More

Во последните 24 часа се регистрирани 1.250 нови случаи на ковид-19 од вкупно 8.192 направени тестови, оздравени се 265 пациенти, а пријавени се 22 починати лица, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа регистрирани се 1.250 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 421, во Гостивар – 192, во Тетово – 133, во Куманово – 80, во Струмица – 67, во Кичево – 62, во Струга – 53, во Охрид – 38, во Прилеп – 25, во Битола – 23, во Дебар – 19, во Кавадарци -…

Read More

Разработен е протокол и препораки што предвидуваат ПЦР тестирање и здравствена помош, доколку е потребна за групата авганистански граѓани кои треба да пристигнат во земјава, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Карантин за овие лица нема да има, додаде тој, бидејќи се предвидува ПЦР тестирање и проверка дали се вакцинирани. Ние не знаеме каква е точно таму ситуацијата и затоа да им се пружи здравствена помош доколку е потребна. Ќе стигнат жени и деца. Ќе дојдат гинеколошки и педијатриски тимови, матични лекари за сите да видиме дали евентуално е потребна лекарска помош. На сите ќе се направи ПЦР тестирање,…

Read More

Синоќа во периодот од 22 од 04 часот беше спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што се санкционирани 102 лица. Како што соопштија денеска од МВР, од нив најмногу биле на подрачјата на СВР Скопје – 25, СВР Битола – 19 и СВР Куманово – 14 возачи. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Read More

Соединетите Американски Држави донираа 500.000 дози на вакцината на „Фајзер“ за Косово преку иницијативата КОВАКС, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен. САД донираа вакцини на десетици држави, а пратката пристигнува во Косово неколку дена откако најмладата европска држава понуди да прими Авганистанци поврзани со американската мисија по падот на Кабул и освојување на власта на Талибанците во Авганистан, потсетува Хина. Блинкен на Твитер напиша дека донацијата „претставува заедничка вредност и непоколеблива врска меѓу двата народа“.

Read More

Прва доза на вакцина против коронавирус во Црна Гора досега примиле 44,1 проценти од возрасната популација, а ревакцинирани се 37,4 проценти. Досега се аплицирани 372.949 дози на вакцина против коронавирус. Прва доза на вакцина против ковид-19 примиле 201.841 лице или 32,6 проценти, а втората 171,108 или 27,6 проценти од вкупното население. Масовната вакцинација против ковид-19 во Црна Гора започна на 4 мај.

Read More

Кина усвои амандман на Законот за планирање на семејството што им овозможува на двојките да имаат три деца, како дел од обидот да спречи демографска криза, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ). Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес вчера ги усвои измените на Законот, како дел од повеќедеценискиот напор на владејачката Комунистичка партија да ја диктира големината на семејствата во согласност со политичките директиви. Агенцијата АП потсетува дека од осумдесеттите години на минатиот век, Кина строго ја ограничи големината на семејството на само едно дете за повеќето парови, спроведувајќи таква политика со закани за парични казни или губење на работа, што…

Read More

Австралиската полиција уапси стотици демонстранти кои протестираа против новите „затворања“ во Мелбурн и во Сиднеј, а во судирите се повредени седум полицајци. Полициската коњица употреби и бибер спреј во Мелбурн за да растера толпа од околу 4.000 луѓе кои се втурнаа кон кордонот, додека во Сиднеј помалите групи беа спречени да се спојат. Полицијата во австралиската држава Викторија соопшти дека во Мелбурн се уапсени 218 лица и се изречени 236 казни, додека три лица се задржани во притвор поради напад врз полицајци. Уапсените се соочуваат со казни од 3.900 долари за кршење на забраната за јавни собири. Полицијата на Нов…

Read More