На граничниот премин „Табановце“ попладнево се чека околу еден час за излез од земјава, а на ГП „Богородица“ околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.