Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
По повод одбележување на 30 години од осамостојувањето на Северна Македонија, од денес до 26 август ќе се одржи културна манифестација насловена како „Филмска култура“. Домаќини на овој настан, кој се реализира со поддршка од Владата, ќе бидат Тетово од 20 до 22 август, Битола од 20 до 22 август и Скопје на 22, 25, 26 август, во чии рамки ќе биде прикажана селекција од краткометражни, документарни и играни филмови од македонска продукција. Ќе се одржи и свечена академија на тема „Македонскиот игран филм во следната декада“, при што акцент ќе биде ставен на интеркултурната димензија и универзалниот јазик на…
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека е приведен скопјанец кој е баран со централна потерница поради изречена мерка притвор. Во соопштението од МВР се наведува дека 30-годишниот А.И. е преведен вчера пред трговски центар на подрачјето на Чаир и предаден на Основното јавно обвинителство. Тој се барал врз основа на наредба од Основното јавно обвинителство во врска со чл.396, ст.2 од Законот за оружје, поради изречена мерка притвор.
Непознат крадец вчера ограбил банка во Солун и со себе понел 7.000 евра. Според грчката полиција, крадецот бил вооружен, но не го употребил оружјето, ниту се заканувал. Напаѓачот на банкарскиот службеник само му предал пишана порака дека во тек е грабеж и да му ги предаде сите пари. Властите сѐ уште трагаат по сторителот.
Обвинителството на Босна и Херцеговина го повика српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, на сослушување за негирање на геноцидот во Сребреница. Додик вчера ја потврди оваа информација, за време на посетата на Мостар, коментирајќи ја веста дека градоначалникот на Јабланица, Дамир Шабановиќ (СДП) поднел кривична пријава против него, бидејќи не се согласил да ангажира хеликоптери на Вооружените сили (ОС) за гаснење на пожар во подрачјето на Јабланица. Секој има право да го стори тоа. Мислам дека јас сум личноста против која има најмногу кривични пријави. Нешто пристигнува секој ден. Гледам…
На граничниот премин „Табановце“ утринава се чека околу 30 минути за влез и излез од земјава, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму за денеска најавуваат краток прекин на сообраќајот на делницата Пресека-Врбјани, на патниот правец Кичево-Охрид, во периодот од 11:30 до 14:30 часот. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено.
Во Словенија од вчера е на сила забраната за употреба на повеќето пластични производи за еднократна употреба. Чаши и чинии за еднократна употреба, пластични садови, сламки, како и пакување за брза храна и кутии од стиропор ќе бидат повлечени од пазарот. Пластичните производи што немаат алтернатива, како влажни марамчиња, пластични филтер за цигари и тампони ќе продолжат да се продаваат. Но, тие мора да имаат посебна ознака за да ги информираат потрошувачите за штетата што ја предизвикуваат врз природата, како и начините за нивно рециклирање.
Претставници на УНИЦЕФ и на УСАИД во земјава, Патриција Ди Џовани и Ерик Јановски, денеска ќе го посетат ОУ „Климент Охридски“ во Драчево, едно од петнаесетте училишта кои добија мобилни станици за миење раце заради подобрување на капацитетите за вода, санитација и хигиена. Најавено е присуство и на министерката за образование и наука, Мила Царовска, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претставник на Македонски центар за граѓанско образование, партнер во проектот. Мобилните станици за миење раце имаат канистери за вода, сапун и крпи. УНИЦЕФ донираше педесет и две станици на 15 училишта, со финансиска помош од УСАИД. Училиштата ги посочија…
Кандидатката за канцеларка од германската партија на Зелените, Ана Лена Баербок повикаа на разговори со милитантните исламистички талибанци во Авганистан. Единствен начин за навистина да се донесат луѓето кои се под закана на смрт на безбедно е да се разговара со талибанците. Но, она што не можеме да го признаеме е режимот, истакна денеска Баербок за телевизијата WDR, додавајќи дека талибанците не се „легитимна влада, туку исламистичка терористичка организација“ . Таа нагласи дека сега фокусот треба да биде на спасување на животи. Тоа се жените кои сега се кријат некаде во Кабул, тоа се готвачите, преведувачите и нивните семејства, децата…
Во САД вчера биле регистрирани повеќе од илјада смртни случаи или околу 42 фатални исходи од заразата на час, соопштија американските медиуми. Забележан е драстичен раст на смртноста од делта сојот на вирусот, што најмногу беснее во местата низ САД со ниска стапка на вакцинација. Во изминатите четири недели во САД е забележан драстичен раст на смртноста со дневен просек од 769 случаи, што е највисока стапка од средината на април. Според информации добиени од сојузните држави, вчера во земјата од ковид-19 починале 1.017 луѓе, додека вкупниот број починати од почетокот на пандемијата е нешто помалку од 623.000, најмногу од…
Во долината Панџшир, под водство на вицепремиерот на падната авганистанска влада, Амрула Салех, и синот на починатиот командант Масуд, се подготвува отпор против талибанците, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, повикувајќи на разговори за новата авганистанска Влада. Талибанците не ја контролираат целата територија на Авганистан. Добиваме информации за ситуацијата во долината Панџшир. Таму се концентрирани силите на движењето на отпорот на потпретседателот Салех и на Ахмад Масуд, рече Лавров на прес-конференција во Москва. Долината Панџшир е центарот на отпорот и етничко таџикистанско упориште на североистокот од Кабул. Ахмад Масуд, локалниот лидер на Националниот фронт за отпор на Авганистан,…
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека 106 членови на делегацијата на ЕУ со нивните семејства безбедно го напуштиле Кабул, но останале уште околу 300 Авганистанци кои работеле за Унијата. Првиот авион со персонал на ЕУ слета во Мадрид, од каде што ќе бидат распоредени во 27 земји-членки на ЕУ, истакна Борел пред комисијата на Европскиот парламент. Уште 300 авганистански службеници на делегацијата на Европската Унија се блокирани на улиците во Кабул и се обидуваат да стигнат до аеродромот и да најдат место на некои од летовите на земјите членки на ЕУ, рече Борел. Тој посочи…
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека тој и првата дама на САД, Џил Бајден ќе примат трета доза вакцина против ковид-19, со цел да го зајакнат својот имунитет во борба против новиот коронавирус. „Ќе добиеме дополнителна доза“, истакна Бајден во интервју за „Еј Би Си Њуз“.