Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Од почетокот на оваа година, евидентирани се повеќе од 100 големи напади врз хуманитарни работници, објави Европската комисија по повод денешниот Светски ден на хуманитарците. Во 2020 година, 108 хуманитарци го загубија животот, а 125 беа киднапирани, според податоците за безбедносната на хуманитарни работници (AWSD), пренесува Бета. Им оддаваме почит на сите хуманитарни работници што спасуваат животи и им помагаат на најранливите во кризи низ целиот свет, се вели во заедничката изјава на европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел и комесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич. Борел и Ленарчич велат дека „несебичната посветеност и напори на хуманитарните и…
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа го бранеше повлекувањето на американските трупи од Авганистан, истакнувајќи оти кризата не претставува неуспех, тврдејќи дека немало подобар начин тоа да се изведе. На прашање во интервју за „Еј-Би-Си Њуз“ – дали имало грешка во разузнавачките податоци, планирањето, извршувањето или процената довеле до ситуацијата во Авганистан, истакна дека не мисли оти тоа е неуспех. Имаше влада на Авганистан, лидерот на владата влезе во авион, полета и замина во друга земја. Видовте значителен колапс на авганистанската армија која ја обучувавме. Едноставно тоа се случи, посочи Бајден. Тој на прашањењто дали повлекувањето можело да се изведе на…
Задолжителното приложување сертификат за примена најмалку една доза вакцина што е потребен за влез во многу места и присуство на разни настани, го зголеми процентот на вакцинирани. До завчера се ревакцинирани речиси пола милион граѓани. Паралелно со вакцинацијата, се зголемува и бројот на новозаразени, кој веќе два дена е по 1.000 лица на ден. Расте бројот и на починати како компликација од вирусот. Министерството за здравство вчера соопшти дека во претходното деноноќие се регистрирани 15 починати лица. Сертификат за примена најмалку една вакцина против ковид-19 или доказ дека болеста е прележана пред 45 дена, од вчера се потребни за влез…
Додека од аеродромот во Кабул забрзано се изведува евакуација на луѓето кои сакаат да ја напуштат земјата: дипломатски персонал, странци, како и Авганистанци кои работеле за странските мисии и нивните семејства, новата талибанска власт веќе ги најавува своите првични чекори за новото уредување на земјата. Најавите од изминатиот викенд дека земјата во иднина ќе биде исламски емират, од вчера полека ги добива своите контури. Талибанците излегоа со став дека со земјата ќе управува Совет со кој ќе раководи лидерот на исламистичкото движење, Хаибатулах Ахунџада, како врховен водач, што ќе биде уредување многу слично на тоа кое управуваше во годините на…
Третата доза вакцина против ковид-19 може да биде од друг производител. Препораката на Комитетот за имунизација согласно ставовите на Американскиот центар за контрола на болести е да се вакцинираат со трета доза тие кои се имунокомпромитирани за дополнителна заштита. Конкретно, тоа се пациентите кај кои е извршена транспалантација и тие кои се на хронична дијализа. Ова попладнево го истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостување на вестите на ТВ Канал 5. Тој посочи дека здравствениот систем е целосно подготвен за новиот бран на ковид-19, подготвени се и лекарите и медицинскиот и помошниот персонал. Во таа смисла, потенцира, денеска имаме…
Ценaтa на бурките во Кабул се зголемија за десет пати, бидејќи жените брзале да се подготват додека талибанците влегувале во градот, пишува „Си-Ен-Ен“. Една жена во изјава за американската телевизија, која не е именувана од безбедносни причини, рече дека таа, нејзината сестра и мајка делат една или две бурки и дека во случај на влошување на ситуацијата ќе мора да набават постелнина или нешто слично, за да можат од неа да направат поголем шал. Друга жена која, исто така, не беше именувана, објасни дека многу жени дури и не стигнале до продавниците во неделата, бидејќи сопствениците поради ситуацијата брзале да…
Пребеганиот претседател на Авганистан, Ашраф Гани украл 169 милиони долари од трезорот, изјави авганистанскиот амбасадор во Таџикистан, Мохамед Зохир Агбар на прес-конференција во Душанбе. Амбасадорот за претседателот во бегство рече дека е „предавник на државата и на нацијата“ и додаде дека за привремен шеф на Авганистан го признава досегашниот потпретседател Амрулах Салех. Во склад со Уставот на земјата, во отсуство, бегство или смрт на претседателот, неговата должност ја презема првиот потпретседател, па шеф на државата сега е Амрулах Салех, рече амбасадорот Зохир Агбар. Тој, исто така, рече дека ќе испрати барање до Интерпол за апсење на Ашраф Гани за да…
Еден од најбогатите малтешки бизнисмени Јорген Фенеч е обвинет за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, соопшти обвинителството. Сè уште не е одреден датумот на судењето. Фенеч е уапсен во ноември во 2019 година под обвинение за соучество во убиството, а тој се изјасни дека не е виновен. Каруана Галиција беше убиена на 16 октомври во 2017 година пред нејзиниот дом, откако во нејзиниот автомобил беше поставена бомба. Таа го истражуваше контроверзниот државен договор за изградба на електрана со конзорциумот со кој раководеше Фенеч. Тројца мажи во декември во 2017 година беа уапсени и обвинети за поставување на бомба во…
Партнерите во НАТО веќе размислуваат кој ќе го замени Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО, чиј мандат истекува во 2022 година, неофицијално потврдија извори на НАТО во Брисел, пишува шпанскиот весник „Ел Паис“. Според весникот изворите не можеле да потврдат дека за функцијата шест кандидати и дека сите се жени. „Ел Паис“ наведува дека меѓу кандидатите се поранешната британска премиерка Тереза Меј, поранешната шефица за безбедност и надворешни работи на Европската унија, Федерика Могерини и германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер. Мадридскиот весник додава дека постои големо убедување меѓу партнерите во Алијансата дека по 73 години, една жена…
Гувернерот на Централната банка на Авганистан изјави дека државата има резерви од околу девет милијарди долари во странство, а не кеш во земјата. Алмал Ахмади, гувернер на авганистанската Централна банка, на Твитер напиша дека најголем дел од тие средства – околу седум милијарди долари се претворени во обврзници и во злато, но стојат и како средства кај американските Федерални резерви. Тој додаде американски долари не може да се подигнат во Авганистан, бидејќи земјата не ја прими планираната пратка на кеш, пред офанзивата на Талибанците во минатата недела, пренесува АП. Пратката што ја чекавме, никогаш не стигна. Се чини дека нашите…
Талибанците денеска отворија оган кон демонстранти во Џалалабад кои бараа да се врати авганистанското знаме наместо талибанското на институционалните објекти во градот, јави локалната новинска агенција „Аџвок авган њуз“. Во веста на медиумот се наведува и оти талибански борци тепале поедини новинари кои известувале од протестот. Според непотврдени наводи, две лица се убиени, а најмалку десет се приведени. #BREAKING : 2 Afgans k!lled and atleast 10 injured after Talbanis opened f!re on citizens carrying #Afghanistan National Flag in Jalalabad pic.twitter.com/jqjeGR213b — Megh Updates 🚨 (@MeghUpdates) August 18, 2021 На видео снимки што се појавија на социјалните мрежи се гледа како…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги спореди годишните расходи на САД за операциите во Авганистан со воениот буџет на Русија. Трошевме „само“ 42 милијарди долари годишно. Замислете, 42 милијарди. Колку што сфатив, Русија годишно троши 50 милијарди за цела војска, а ние 42 милијарди, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“. Тој додаде дека и покрај толкавите трошоци САД не добиле ништо за возврат. Милијарди и милијарди долари. Најновите хеликоптери „Блек хоук“, што сега ќе ги проучува Русија, Кина и некои други, бидејќи тоа е најдобрата технологија во светот, посочи Трамп. Тој додаде дека е огорчен шт САД не ја…