Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров се здобил со скршеница на рамото. За незгодата што ја имал, но и за хирурпката интервенција сподели преку својот Фејсбук профил, при што упати благодарност до целокупниот персонал во Државна болница. Огромна благодарност до хирурзите, анестезиолозите, медицинските сестри, болничарите и целиот прекрасен и посветен тим на ортопедија, ургентен, траума и карил (Тоарилуц) што се погрижија скршеницата на моето рамо да биде само една голема лекција за во иднина. 48 години сепак не биле исто што и 20“, пишува Димитров.
Бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров денеска порача дека неговата земја се подготвува да донира 51.000 дози на вакцини против ковид-19 за С. Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Кацаров, Бугарија досега донирала 172.000 дози на вакцини за Кралството Бутан и 50.000 дози на Босна и Херцеговина, а се подготвува да продаде 100.000 дози на Кралството Норвешка и 546.000 дози на Португалија. Пред Националното собрание, бугарскиот министер за здравство рече дека официјална Софија презела чекори за купување на сосема нова австриска вакцина, која сè уште чека одобрување за употреба. Развиена е врз основа на умртвен вирус,…
Досега се приведени 17 лица ѕа подметнување на пожари, 16 се повикани на разговор во станица, поднесени се три кривични и две прекршочни пријави, напиша попладнево министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Фејсбук. Во статусот, Спасовски нагласува дека во координација со јавен обвинител се работи на расчистување на сите случаи. Посочува дека МВР останува посветено, како кон превенирање и гасење на пожарите, така и кон спроведување на законот во делот на утврдување на одговорност за подметнување или предизвикување на пожарите. -Сакам уште еднаш да им изразам благодарност на сите пожарникари во државата, на полициските службеници, посебно на припадниците на…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево на прес-конференција соопшти дека сè уште е активен пожарот кај Сарај, а нови пожари има во општините Новаци и Кавадарци, како и над селото Црвена Вода кон планинскиот дом Китка. По интервенцијата на двата армиски хеликоптера, пожарот кај селото Раовиќ во општина Сарај бил локализиран, но попладнево околу 15 часот повторно е активиран на три места по што е информирана Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Нов пожар околу 14 часот е забележан и во атарите на селата Грумази и Ивени во општина Новаци, каде што гори сува трева и нискостеблеста шума,а друг…
Пешак почина по удар од камион вечерва на регионалниот пат Охрид – Струга, кај местото Оровничка плажа. Информцијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој појасни дека товарно возило удрило во пешакот и починал на лице место. Вечерва околу 19 часот во СВР Охрид пријавено е дека на стариот пат Охрид – Струга, кај Оровничка плажа товарно возило удрило во пешак, кој починал на местото на незгодата. Смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош, изјави Димоски. Полициски екипи вршат увид на местото на незгодата, а сообраќајот е пренасочен на магистралниот пат. Повеќе информации, полицијата најави за утре.
Околу 3.000 војници на САД ќе заминат во Авганистан за да помогнат при евентуална евакуација на американски дипломати, изјави висок воен претставник за „Си-Ен-Ен“. Војската ќе биде таму за да помогне во безбедно намалување на нашиот персонал. Ќе помогне и во овие операции за преместување, но како што знаеме, меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ останува отворен, комерцијалните летови остануваат. Значи, војската не е единствениот начин за влез или излез од Авганистан“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, на брифингот во Стејт департментот во четвртокот. Прајс го отфрли мислењето дека повлекувањето на средствата е вовед во евакуација. Ова не е целосна…
Производителот на спортска опрема „Адидас“ денеска објави дека склучил договор за продажба на својата филијала „Рибок“ на американската компанија Authentic Brands Group за 2,1 милијарди евра. Тој износ во голема мера ќе биде платен во готово, а трансакцијата треба да биде комплетирана во првиот квартал од 2022 година, по одобрување од надлежните органи, се наведува во соопштението на германската група. Во почетокот на август, групата објави дека е во процес на финализирање на продажбата на нејзината филијала, која веќе престана со работа во рамките на групата во почетокот на 2021 година. „Адидас“ го купи „Рибок“ за 3,1 милијарди евра во…
Талибанците беа соборени од власт во Авганистан во септември во 2001 година по интервенција на меѓународната коалиција предводена од САД. Но, групата продолжи да се засилува и да освојува територии. Додека американските војници се подготвуваат за целосно заминување од Авганистан до 11 септември, по повеќе од 20 години присуство во земјата, Талибанците заземаат авганистански воени бази, помали места, села и регионални центри и се повеќе шират паника дека може урнат националната влада. Во 2018 година тие влегоа во директни преговори со САД што резултираа со мировен договор во Доха во февруари лани со кој САД се обврзаа на повлекување од…
Полициски час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, што се воведоа во минатата недела на грчкиот остров Закинтос и во градот Ханија на Крит, се продолжени до 18 август, јави дописничката на МИА од Атина. Поради влошената епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи на ковид-19, а по препорака од надлежната комисија, Закинтос и Ханија од петокот се дел од црвената зона, кога беа воведени рестриктивните мерки до 13 август, а денеска се продолжени до среда наутро. Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција потсетуваат…
Најмалку 11 лица загинаа, а едно се води како исчезнато во поплавите во северна Турција, соопштија денеска властите. Најпогодени се провинциите Бартин, Кастамону и Синоп во кои неколку дена врне силен дожд. Многу од погодените области останаа без електрична енергија, а руралните патишта се блокирани. Во провинцијата Бартин, најмалку 13 лица се повредени при уривање на дел од мост. Надлежните служби се излезени на терен, учествуваат во евакуација, пребарување и чистење на теренот. Хеликоптери спасуваат луѓе кои се искачени на покривите на своите домови, јавија локалните медиуми. Во југозападна Турција, пак, пожарникарите се борат со големиот шумски пожар во провинцијата…
Талибанците денеска го зазедоа стратешкиот град Газни, по што американските разузнавачки служби објавија дека Кабул би можел „да падне“ во рок од 90 дена на што се надоврза и Амбасадата на САД во земјата со порака до своите државјани веднаш да заминат. Американската Амбасада ги повикува државјаните на САД веднаш да го напуштат Авганистан, користејќи ги достапните можности за комерцијалните летови, се наведува во безбедносното предупредување на дипломатското претставништво на САД во Кабул. Притоа американската Амбасада нуди и заеми за купување на авионски билети доколку некому е потребно, но и помош за имигрантски визи за странски членови на семејствата. Газни…
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната прес- конференција отфрли можност за нов целосен карантин во земјата наесен, но притоа изрази загриженост за намалениот број на дневни вакцинации, јави дописничката на МИА од Атина. Иако прес-конференцијата беше за пожарите, сепак грчкиот премиер одговори и на прашања поврзани со ситуацијата со пандемијата во земјата. Нема да одиме на нов локдаун. Нема вакцинираните да платат за невакцинираните. Економијата ќе функционира, опшеството ќе остане отворено, а одговорот на проблемот со мутацијата Делта не е локдаун, туку вакцинација, рече грчкиот премиер. За намалениот број на дневни вакцинации рече дека е нешто што го загрижува, но…