Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук објави дека на попладневната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети се договориле двете партии да соработуваат на есенските локални избори, со меѓусебна поддршка во некои општини уште во првиот, а во други во вториот круг. – Имав одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети. Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори, напиша Заев во објавата на Фејсбук. Премиерот потенцира дека заедничка цел на СДСМ и ДУИ е во предизборната соработка да се вклучат што е можно повеќе партии од владината…
Група пратеници од владеачкото мнозинство се јавуваат како предлагачи на амандман со кој во поднесената Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ за националните „црвени линии“ се вметнува додавката Северна. За документот на опозициската партија, иако беше најавено денеска, сепак, ќе се расправа во законодавниот дом во текот на наредната недела. Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде втора точка на пленарната седница и во дневниот ред ќе биде по гласањето за ребаланс на Буџетот. СДСМ потенцира дека за нив суштината на Резолуцијата за црвените линии со Бугарија е сосема прифатлива без било какви интервенции, но изоставувањето на додавката „северна“ во името на државата, би било…
Поради еден позитивен случај на ковид-19, цел автобус со патници кои во вторникот се вратиле од одмор од Грција е ставен во карантин. Издадени се решенија за изолација за четири лица од кои еден е симптоми на коронавирус и ќе биде тестиран во текот на утрешниот ден. Во моментот се прави епидемиолошка анкета на сите патници во автобусот, потврди директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Ирена Сотирова-Бухова. – Автобусот со тинејџери од Грција се вратил на 20 јули и во него се превезувале и возрасни и деца. Четири лица, до овој момент, имаат решение од ДСЗИ за изолација…
Готови лични документи ќе се издаваат за време на претстојниот викенд, во објектот во Македонската Радио Телевизија и во пунктовите Беко, во Драчево, во Бутел и во Ѓорче Петров, информира Одделението за управни работи, при Министерство за внатрешни работи. Со работно време од 8 до 16 часот, в сабота ќе се издаваат лични карти во објектот во Македонската Радио Телевизија и во пунктовите Беко, во Драчево, во Бутел и во Ѓорче Петров, додека в недела личните документи ќе можат да се подигнат само во објектот на МТВ од 8 до 16 часот.
Пребеганиот фудбалски функционер Здравко Мамиќ во тајност се раздолжил со хрватската држава и во државната каса уплатил 52 милиона куни (седум милиони евра), на што го обврзуваше правосилната пресуда на Жупанискиот суд во Осиек за „испумпување“ на пари од Динамо Загреб, пренесуваат медиумите во Хрватска. Државното Обвинителство, не наведувајќи притоа имиња, потврди дека, поради наплата на одземена имотна корист врз основа на правосилната и извршна пресуда на Жупанискиот суд во Осиек од 6 јуни во 2018 година, со сопругата на осудениот склучило договор за подмирување на обврските на 28 јуни во 2021 година. Државата, и пред склучување на договорот со…
Белоруското Министерство за правда вчера се обрати до Судот со барање за забрана на работата на водечкото здружение на новинари, со што продолжува пресметката на власта со независните медиуми и активисти на граѓанското општество. Министерството побара од највисокиот суд во земјата да ја забрани Белоруската асоцијација на новинари, поради наводни недостатоци во документите за закуп на канцеларијата. Новинарското здружение наведе дека не може да обезбеди документи за да одговори на тужбата, бидејќи нејзините канцеларии биле запечатени во минатонеделната полициска рација. Здружението е формирано во 1995 година и има 1.204 члена. Тоа е најголемото и најреномирано новинарско здружение во Белорусија и…
Северна и Јужна Америка се соочуваат со пандемија на невакцинирани, соопшти Пан-американската здравствена организација (ПАХО), која предупреди дека земјите со низок опсег на вакцинација имаат зголемен број заразени од ковид-19. – Се соочуваме со пандемија на невакцинирани, а единствениот начин да се запре тоа е ширење на вакцинацијата, рече директорката на ПАХО, Кариса Етјен. Таа додаде дека вакцината е клучна, дури и ако ниту една вакцина не е сто отсто ефикасна. – Само 15 проценти од луѓето во Латинска Америка и на Карибите се целосно вакцинирани, рече таа, додавајќи дека оваа бројка не е прецизна, бидејќи некои земји како Хондурас и…
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја започна дводневната официјална посета на Португалија. Посетата се реализира на покана на министерот за одбрана, Жао Гомеш Кравињу и прва е официјална на македонски министер за одбрана. Како што соопшти Министерството за одбрана (МО), во рамки на посетата, министерката Шекеринска ќе има средба со домаќинот, португалскиот министер, како и со началникот на Генералштабот на Португалските вооружени сили. Делегацијата од Министерството за одбрана и од Армијата, предводена од Шекеринска, ќе ја посети Командата за здружени операции која е оперативно седиште за португалски мисии во странство – НАТО, ОН и ЕУ мисии, како и училиштето за…
Планот на Светската здравствена организација (СЗО) за втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот содржи јазик што не ја почитува науката и Кина нема да го следи, изјави на прес-конференција Зенг Јинсин, заменик-шеф на Државниот комитет за хигиена и здравје на Кина, пренесува агенцијата ТАСС. – Што се однесува до предлогот на СЗО за втората фаза од истражувањето, тој содржи јазик што не ги почитува науката и здравиот разум. Ние нема да следиме таков план, рече тој. Тој, исто така, истакна дека Кина „се спротивставува на политизирањето на истрагата за потеклото на коронавирусот и смета дека втората фаза треба…
Продолжува трендот на намален број на новозаболени лица од коронавирусот во државата. Според вчерашните податоци објавени од Министерството за здравство (МЗ), регистрирани се 15 нови случаи, а нема починати лица. Во текот на деноноќието меѓу вторникот и средата се направени вкупно 2.550 тестови, а вкупниот број на активни случаи во државава вчера изнесуваше 234. Од МЗ информираат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска имунизација. Досега се вакцинирани вкупно 467.822 граѓани. Според последните бројки, барем една доза на вакцина е аплицирана кај 60 отсто од населението над 70 години, кај 58…
Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтерова скала вчера го погоди северниот брег на Панама, во близина на границата со Костарика, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту предупредување за опасност од цунами. – Го почувствувавме земјотресот речиси низ целата земја, но нема штети на јавната инфраструктура или повредени лица, изјави Александар Солис, шеф на Комисијата за итни случаи на Костарика. Епицентарот на земјотресот се наоѓал 321 километар југоисточно од главниот град на Костарика, Сан Хозе, на длабочина од два километра. Според мерењата на американскиот геолошки институт, земјотресот бил…
Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е на дневниот ред на 47. седница на Собранието што треба да се одржи денеска. На дневниот ред од денешната седница се и повеќе предлог закони, како и барања за давање на автентично толкување на членови од повеќе закони. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа од скопски Карпош побара Резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии „без условувања и барање на изговори“. Тој истакна дека прифаќањето на документот од сите политички партии ќе значи единство кое ни е потребно за почеток на преговорите со Европската Унија (ЕУ),…