Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Болниците во Србија почнаа да воведуваат правило според кое здравствените работници кои не биле вакцинирани или не се заразиле со коронавирусот, мора да донесат негативен ПЦР-тест при враќањето од одмор, што ќе го платат сами, пишува „Политика“. Весникот наведува дека мерката ќе важи до септември, затоа што здравствените власти стравуваат дека некој може да го донесе вирусот во болница по враќањето од странство. – Во исто време, се верува дека многумина нема да сакаат да одвојат 9.000 динари за тестирање, дека ќе го променат својот став и дека сепак ќе одлучат за вакцината“, додава Политика. Освен оние кои биле вакцинирани и…
Околу 30 лица се водат како исчезнати по уривање на шест куќи во германскиот град Шулд, во провинцијата Рајнланд-Фалц, поради поплави и поројни дождови, објави локалната РТВ – Ес-Ве-Ер. На уште 25 куќи им се заканува уривање, соопшти локалната полиција.
Во земјава се активни 207 случаи на заразени со ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека се присутни два, три соја на вирусот, нагласувајќи дека превенцијата и вакцинацијата важат за сите соеви. Имено, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега се вакцинирани 686.788 граѓани со една доза, а ревакцинирани се 252.338 граѓани. – Принципите на превенцијата се истите и без разлика кој сој на вирусот ќе дојде ќе останат исти – маската, дистанцата, дезинфекцијата на рацете и ние не можеме да живееме затворени. Граѓаните мора да го имаат ова на ум…
Во просториите на Македонскиот олимписки комитет денес беа претставени осумте македонски спортисти кои ќе учествуваат на Олимписки игри во Токио. Македонската спортска експедиција во Јапонија ќе ја сочинуваат: Миа Блажевска – пливање 100 м. Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол Дејан Георгиевски – таеквондо – +80 кг. Филип Деркоски – пливање 400 м. Пуликсенија Јованоска – карате/ката Магомедгаджи Нуров – борење, слободен стил, 97 кг. Арбреша Реџепи – џудо, 52 кг. Јован Стојоски – атлетика, 400 м. Олимписки игри 2020 во Токио ќе се одржат со една година задоцнување поради пандемијата на ковид-19. Почетокот е закажан за…
Освојувачите на олимписки медали на Игрите во Токио нема да бидат одликувани од официјални лица со ракување или прегратки, туку сами ќе ги ставаат медалите околу својот врат, соопшти претседателот на МОК, Томас Бах. – Медалите на освојувачите ќе бидат донесени на послужавник, а потоа спортистите самите ќе ги земат своите одличја и ќе ги стават околу својот врат. Лицето кое ќе ги става медалите на послужавникот, ќе носи заштитна маска и ракавици. Нема да има прегратки, ниту ракување за време на свеченото доделување на медали. Заштитни маски на лицето ќе носат и освојувачите на медали, изјави првиот човек на…
Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш го критикуваше повлекувањето на САД и НАТО од Авганистан, нагласувајќи дека цивилите се оставени да бидат „немилосрдно убиени“ од талибанците. – Авганистанските жени и девојчиња неописливо ќе страдаат. Ова е грешка. Тие едноставно ќе бидат напуштени да бидат немилосрдно убиени од тие брутални луѓе и тоа ми го крши срцето, изјави Буш за германската телевизија Дојче веле. Тој додаде дека верува оти германската канцеларка Ангела Меркел „се чувствува исто“. Силите на САД и НАТО почнаа да се повлекуваат од Авганистан на почетокот на мај и тие мора да бидат целосно повлечени до 11 септември,…
Преку „Планот спонзорирани летни одмори“ надлежното Министерство за туризам на Кипар им нуди попуст за летување на граѓаните, под услов да се вакцинирани, односно да имаат примено барем една доза или да прележале ковид-19 во последните 180 дена, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно програмата, во која учествуваат околу 220 хотели и туристички објекти, лицата кои ги исполнуваат условите можат, во периодот од 15 јули до 31 август 2021 година да добијат 35 отсто попуст, а цените се до 80 евра дневно за двокреветна соба со појадок и неопходно е да останат најмалку три вечери. Надлежното министерство учествува со…
Директорот на Институтот за вселенски истражувања на Бугарската академија на науки (БАН), Георги Желев во изјава за бугарски медиуми нагласи дека државата треба прво да стане полноправна членка на Европската вселенска агенција за обука на астронаути, а потоа бугарски граѓани можат да аплицираат за работа во агенцијата. – Во денешно време, се е можно, потребни се политичка волја и финансиски средства, изјави Желев за „24 часа“. Неговата изјава е коментар на предлогот на лидерот на политичката партија „Има таков народ“, Слави Трифонов да испрати бугарски астронаути во вселената, заедно со астронаут од Република Северна Македонија. Според него, Бугарија во моментот…
Папата Франциск ја напушти болницата во Рим во која беше опериран пред 11 дена, објавија италијанските медиуми. Пред болницата беа забележани два автомобила на споредниот излез во придружба на ватиканското обезбедување по што медицинско лице стави инвалидска количка во багажникот на еден од нив, пренесува „Ројтерс“. Еден од автомобилите беше со затементи стакла, но засега од официјален Ватикан нема потврда дека Папата ја напуштил болницата. На Папа е отстранет дел од дебелото црево, а во неделата тој за првпат се појави во јавност по зафатот, стоејќи десетина минути во говорот од терасата на неговиот болнички апартман. До крајот на месецот,…
Меѓународна истражувачка група на научници, меѓу кои и хрватскиот вирусен имунолог Лука Шичин-Шаин, успеаја да изолираат антитело што реагира на нов делта сој на коронавирусот. – Тоа е лек што спречува коронавирусот да навлезе во клетките и со тоа да го пробие неговиот ланец на ширење низ телото. Тестиравме и докажавме дека нашиот лек работи не само во клеточна култура, туку и во живи организми. Во тек се првични клинички истражувања. Нашето антитело е изменето за да се поврзе со вирусот, но не и со клетките на имунолошкиот систем и, според тоа, веруваме дека го намалуваме ризикот од предизвикување несакани…
Скандалот наречен „Флорентино Перез“ продолжува да го тресе Мадрид и еден од најголемите светски фудбалски клубови – Реал. Ден по објавата на аудио снимки што датираат од 2006 година во кои Раул Бланко и Икер Касилјас ги нарекува манипулатори, во јавноста излегоа нови инкриминирачки материјали од претседателот на „кралскиот клуб“. Перез во некои од своите изјави за време на својот прв мандат во Реал рекол дека Раул Бланко и Икер Касилјас се манипулатори што сега објави весникот „Ел Конфиденсијал“ кој сега пронајде нови проблематични зборови што ги припишува на Перез. Потекнуваат од 2012 година и во нив се слуша како…
Надворешното живеалиште за пингвини во Зоолошката градина – Скопје ќе биде отворено в петок во 19:30 часот. Отворањето на живеалиштето, како што е најавено, ќе биде од затворен тип, односно само за медиуми. ЗОО Скопје за првпат во своето постоење од 1926 година е дом на пингвини. – Вкупно имаме девет пингвини од кои три пристигнаа од Италија, а шест од Русија. По карантинскиот престој и адаптација првпат ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште кое е градено по светски стандарди и со идеални услови за овој вид на јужноамерикански пингвини, информираат од Зоолошката градина.