Во просториите на Македонскиот олимписки комитет денес беа претставени осумте македонски спортисти кои ќе учествуваат на Олимписки игри во Токио.

Македонската спортска експедиција во Јапонија ќе ја сочинуваат:

  1. Миа Блажевска – пливање 100 м.
  2. Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол
  3. Дејан Георгиевски – таеквондо – +80 кг.
  4. Филип Деркоски – пливање 400 м.
  5. Пуликсенија Јованоска – карате/ката
  6. Магомедгаджи Нуров – борење, слободен стил, 97 кг.
  7. Арбреша Реџепи – џудо, 52 кг.
  8. Јован Стојоски – атлетика, 400 м.

Олимписки игри 2020 во Токио ќе се одржат со една година задоцнување поради пандемијата на ковид-19. Почетокот е закажан за 23 јули и ќе траат до 8 август.

На отворањето на Игрите, македонското знаме ќе го носи Дејан Георгиевски во друштво на Арбреша Реџепи.