Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Бремените жени и лицата над 60-годишна возраст да бидат ослободени од работните обврски, децата во градинките да немаат физички активности во периодот од 11 до 17 часот, приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и да се избегнува престој на отворено од 11 до 17 часот. Ова се препораки кои беа донесени на вчерашната седница на Владата, откако Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги информираше институциите дека денеска и утре ќе имаме високи температури и територијата на целата држава ќе биде во портокалова фаза. Температурите на повеќето места ќе бидат над…
За да ја ослабне поддршката на западните земји за Украина и да го оддалечи наративот од нејзините воени злосторства, Русија се обидува да ги оквалификува нападите врз Крим како акти на тероризам, пренесува Укринформ. „Руското раководство и рускиот националистички информативен простор се повеќе инвестираат во оформувањето на неодамнешните украински напади врз руските воени средства на Крим како терористички акти со цел да се оддалечи информативниот наратив од руското кршење на меѓународното право и да го повика Западот да ја назначи Русија како држава спонзор на тероризмот“, се вели во извештајот на американскиот Институт за проучување на војната. По неодамнешните украински напади врз…
Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка до началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и до припаднците на Армијата по повод 18 Август, Денот на Армијата. „Во име пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, Ви го честитам 18 август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија Вам, на војниците од сите чинови, цивилните службеници во Армијата и на сите граѓани на Република Северна Македонија“, се вели во честитката од Џафери. Во овие 30 години, се нагласува во честитката, припадниците на Армијата се несебично посветени на својата благородна задача – зачувување и обезбедување…
Македонската Армија денеска одбележува 30 години од формирањето, откако со одлука на Владата на 3 јуни во 1993 година со прогласи 18 август за Ден на АРМ, според денот на формирање на баталјонот „Мирче Ацев” на 18 август во 1943 година на Славеј Планина. Истата година, Собранието на Република Македонија ја верификува идејата за полноправно членство во НАТО, а на 15 ноември во 1995 година станавме членка на иницијативата „Партнерство за мир”, по што во март во 1996 година бевме примени во Северноатлантскиот совет за соработка. На 7 јуни 1995 година на Воената академија започна образованието на кадри за одбраната…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ попладнево се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со кого разговарале за последните инциденти на северот на Косово, јави дописничката на МИА од Брисел. По Вучиќ, Столтенберг попладнево ќе се сретне и со косовскиот премиер, Албин Курти. Ситуацијата на северот на Косово на крајот на јуни се вжешти по одлуката на косовската влада да им бара на Србите од Косово влез со привремени документи, наместо српски лични документи, и побара да бидат сменети регистарските таблички на возилата од српски на косовски во рок од два месеца. Ситуацијата набрзо се смири, но никој во…
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека при претрес во правен субјект во Битола се запленети 250 килограми дрога вредна околу 800.000 евра, а лишени се од слобода и пет лица. „По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на 25.05.2021 за одземање дозвола за одгледување канабис за медицински цели, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола. При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите се затекнати две женски лица во момент на…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување на истражна постапка против 28-годишна скопјанка која е осомничена за кривично дело – „грабнување“ и доставил предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје. „На 16 август, во сутеренот на Градскиот трговски центар – Скопје, осомничената извршила грабнување на малолетно лице, новороденче старо само седум дена. На родителите на бебето осомничената им се понудила да им помогне да стигнат до Поликлиниката Бит Пазар. Во Градскиот трговски центар тие ја замолиле осомничената да го причува бебето додека да купат за јадење, по што…
Лиле Стефанова ќе биде замена за Вилма Русковска во Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) по вчерашното Решение на републичкиот Јавен обвинител за суспензија на шефицата ОЈО ГОКК. Од Русковска се очекува дополнително да се произнесе кој ќе ги води нејзините две предистраги, но најави и жалба оти ќе поднесе жалба за суспензијата. Стефанова ги водеше случаите „Империја“ и „Плацеви на Водно“ кои беа отпочнати во поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО). Освен суспензијата на Русковска, се поведени и дисциплински постапки против обвинителките Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева. Со судска наредба, а по анонимна кривична…
Тренд на намалување на инциденцата на ковид-19 во 22 градови во земјава е регистриран во последните две недели. Најизразен е во Македонски Брод, во Демир Хисар, во Крива Паланка и во Ресен, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Заклучно со 14 август оваа година, според ИЈЗ, пријавени се вкупно 335.451 случаи на ковид-19. Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово и Битола, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци (29.712,4/100.000) и Скопје (26.021,9/100.000). Највисок морталитет се регистрира во Охрид, во Прилеп и во Кавадарци. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка. Најголем број на…
Соработката меѓу Армијата на Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, која се остварува преку обука на припадниците на двете армии, реализација на заеднички вежби, како и заедничко учество во мировни мисии беа тема на разговорор на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт. „САД се наш клучен поддржувач од нашата независност до денес, а соработката во областа на одбраната која почнува од самото формирање на нашите вооружени сили во 1992 година постојано се унапредува и продлабочува“, истакна претседателот Пендаровски на средбата. Како потврда за одличната соработка, се посочува, беше посочено…
Република Северна Македонија и американската држава Вермонт имаат исклучително блиска соработка од која учиме и ние и Националната гарда на Вермонт, се развиваме заедно и ги зголемуваме капацитетите како сојузници во НАТО, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со генерал-мајот Грегори Најт, командант на Националната Гарда на Вермонт, кој допатува во Скопје по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“. „Ние сме амбициозни затоа што знаеме дека ако сме посветени како и досега, нема граница за она што можеме да го постигнеме и во доменот на интероперабилноста, и во развојот на вештините и способностите на…
„Зелен ЦИВИЛ“, организациска единица на ЦИВИЛ, организира панел дискусија на тема „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“, што ќе се одржи утре (четврток, 13:30 часот) во прес-центарот на ЦИВИЛ во Бизнис центар „Палома Бјанка“. Учесници на панелот ќе бидат заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска и Георги Клинчаревски и Анета Минчева, од Одделението за урбанизам и заштита на животна средина во Општина Шуто Оризари. Модераторка на панелот ќе биде Биљана Јордановска. Кои закони го регулираат отпадот, како тоа се применува во пракса, постои ли култура на рециклирање, колку јавната свест кај граѓаните одат во прилог кон одржување…