Лиле Стефанова ќе биде замена за Вилма Русковска во Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) по вчерашното Решение на републичкиот Јавен обвинител за суспензија на шефицата ОЈО ГОКК.

Од Русковска се очекува дополнително да се произнесе кој ќе ги води нејзините две предистраги, но најави и жалба оти ќе поднесе жалба за суспензијата.

Стефанова ги водеше случаите „Империја“ и „Плацеви на Водно“ кои беа отпочнати во поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО).

Освен суспензијата на Русковска, се поведени и дисциплински постапки против обвинителките Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева.

Со судска наредба, а по анонимна кривична пријава во јули, двете обвинителки извршија претрес во Финансиската полиција и во кабинетот на в.д. директор Арафат Муареми. Тој поднесе претставки против Русковска, Јосифовска и Трајчева, а вчера, како што и лично објави, „самоволно“ ја напушти функцијата во Управата на финансиската полиција.