Author: Sashko

Поранешниот висок претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини од Форумот во Охрид посочи дека Договорот од Преспа, во чие постигнување таа беше лично активно вклучена, претставува инспирација за надминување на остананатите нерешени спорови во регионот. Могерини е убедена дека Преспанскиот договор останува не само за неа, туку и за сите колеги од ЕУ и за евроатлантската заедница вистинско решение и пример. – Договорот покажа дека ниту еден проблем не е нерешлив, за секое прашање, спор има решение, за тоа се бара лидерство, храброст, решителност и почит, што е потребно во голема мера во овие…

Read More

Сите недоразбирања и отворени прашања треба да се решават со визија кон иднината, со заеднички прифатливи решенија и на мирен начин, што значи базирани врз меѓународното право. Тоа ги истакна поранешниот претседател на Владата на Грција, Алексис Ципрас, пред учесниците на Преспа форум дијалогот „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“ што се одржува во Охрид. Ципрас посочи дека неколку аспекти биле од пресудно значење за успехот во постигнувањето на Договорот од Преспа, оценувајќи го како огромен чекор напред оттамиу што не само што означи разврска на проблем меѓу две земји, туку како одлука што испорачала силна…

Read More

На маргините на Преспа форумот за дијалог, признание од Министерството за надворешни работи доби поранешниот специјален претставник на Европската Унија (ЕУ), Ален Ле Роа, по повод 30-годишнината на независноста на Република Северна Македонија, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот ФБ профил. – Амбасадорот Ле Роа е поранешен специјален претставник на ЕУ, во исклучително важен период за нашата држава, почетокот на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор. Во оваа насока, признанието за неговата улога му ја предаде господинот Али Ахмети, напиша шефот на дипломатијата Османи на неговиот ФБ.

Read More

Во своето воведно излагање на отворањето на Преспа форумот, македонскиот премиер Зоран Заев потсети дека во мандатот на оваа Влада, една од најдобрите вести кои тој како премиер ги соопштил била токму објавата за решавањето на спорот помеѓу Северна Македонија и Грција. Како бесценет го оцени моментот на 17 јуни во Преспа кога заедно со Алексис Ципрас ја соопштиле добрата вест на своите народи иако биле свесни за ризикот на нивните политички кариери. – Но, денес ги собираме плодовите од решениот спор. Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Сега имаме исклучително добри односи со Грција и сериозно подобрена…

Read More

СДСМ ја привршува првата етапа од подготовките за претстојните локални избори. Анкетите што ги правела партијата им даваат ветар во грбот дека се фаворити кај граѓаните во трката за локални татковци. На прашањето „За кого ќе гласате?“, 21,7 отсто се изјасниле за СДСМ, 19 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, за ДУИ 8,5 отсто, Левица 6,2 отсто, Алијанса за Албанците/Алтернатива 3,8 отсто, со „не знам“ како одговор се изјасниле 12 отсто од испитаниците, со „нема да гласа“ одговориле 16,2 отсто додека со „одбива да одговори“ – 12,6 отсто. На прашањето за перцепцијата „кој ќе биде победник?“, расположението на гласачите е следно: Коалицијата предводена…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ веќе има дефинирано 15-тина кандидати за претстојните локални избори, а до средината на јули ќе соопшти уште толку. Како што рече вечерва лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, се работи за комплетно нови имиња. – За локалните избори веќе имаме 15-на имиња дефинирано, уште толку до средина на јули очекуваме да бидат дефинирани како најсериозни каднидати, а конечно сите кандидати ќе ги објавиме во септември, истакна Мицкоски во дневникот на ТВ Сител. Актуелните 15 имиња, дополни, се сериозни фаворити зашто во споредба со потенцијалните кандидати од СДСМ се многу поразлични и имаат што да понудат и поради тоа, рече Мицкоски,…

Read More

Бројот на регистрирани случаи на Делта сојот во Грција се зголеми на 54, откако Националната организација за јавно здравје во денешниот, неделен извештај за мутациите, соопшти дека се потврдени 25 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Од анализирани 1.201 позитивен случај во периодот од 31 март до 21 јуни 2021 година, 790 се од Алфа сојот, 25 се Делта и шест Бета, додека пак 340 се под мониторинг. Во Грција, преовладува Алфа варијантата со 13.560 потврдени случаи (81,7 отсто од вкупниот број мутации), потоа следуваат Бета со 101 случај, Делта со вкупно 54, Ета со десет (од кои…

Read More

Договорот од Преспа ја обврзува Европскаата Унија (ЕУ) да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан. Му посакав добредојде на мојот пријател Alexis Tsipras во Охрид, со кого заедно учествуваме на #PrespaForumDialogue, напиша македонскиот премиер, Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил. – Се согласивме дека три години од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни во 2018 година, секојдневно пристигнуваат придобивките од решавањето на тридеценискиот спор, со кој воспоставивме стратешко пријателство меѓу Северна Македонија и Грција, додаде Заев. Пораките кои глобално се испраќаат од #PFD2021 потврдуваат колкаво постигнување е Договорот од Преспа, документо кој денеска…

Read More

Првите имиња на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ ќе бидат познати на 13 јули, брифираше денеска генералниот секретар на владејачката партија, Љупчо Николовски. На брифингот со повеќе медиуми, тoj посочи дека партијата завршила со истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини, по што се очекува во наредните десетина дена да финишираат постапките во општинските организации, а потоа ќе следи и јавно објавување на кандидатите. Објавата на првите 20-тина кандидати, како што информираше Николовски, е предвидена за 13 јули по одржување на седница на партиското раководство. СДСМ во изминатиот период го засили присуството на терен, преку маалски средби и преку…

Read More

И во попладневниот дел од собраниската комисиска расправа продолжија препукувањата за ребалансот на Буџетот. Пратениците од СДСМ уште еднаш повторија дека се зголемуваат средствата за инвестиции, за Армијата, за човечки капитал, за земјоделство, за здравство, за екологија, за труд и социјала, итн., а се намалува и јавниот долг. Но, според ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот е само одраз на неодговорното работење на оваа Влада и до крајот на годината нема да има капитални инвестиции, а задолжувањето ќе биде уште поголемо. Дискусијата се сведе на расправање кога се живеело подобро, дали во времето на ВМРО-ДПМНЕ или во времето на СДСМ, кога имало повисоки плати,…

Read More

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, денеска во Љубљана заедно со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, го означи почетокот на словенечкото претседателство со Европската Унија (ЕУ). Двајцата потврдија дека се работи на формален старт на преговори со Северна Македонија и Албанија во наредните шест месеци, јави дописничката на МИА од Брисел. Словенечкиот премиер Јанша изјави дека проширувањето е стратешка цел на ЕУ и како таква тој очекува дилемите да се решат и да се постигне согласност помеѓу 27-те земји членки на ЕУ за време на претседавањето на неговата земја. Претседателката Фон дер Лајен од своја страна потврди дека…

Read More

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска на „Преспа форум дијалог“ истакна дека Охридскиот рамковен договор одигра многу важна улога во трансформацијата на Република Северна Македонија, ја направи функционална мултиетничка демократија и ја претвори во клучен фактор за стабилноста на целиот Балкан. Тој посочи и дека улогата на меѓународната заедница во олеснувањето и спроведувањето на Рамковниот договор беше голема и многу потребна и дека без помошта на европските партнери и aмериканските пријатели, земјата тешко ќе чекореше напред. Осврнувајќи се на договорот од Охрид пред 20 години и од Преспа пред две години, Груби…

Read More