Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ на 13 јули ќе ги објави првите 20-тина кандидати за градоначалници

0
By Sashko on July 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 1, 2021 19:00

Првите имиња на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ ќе бидат познати на 13 јули, брифираше денеска генералниот секретар на владејачката партија, Љупчо Николовски. На брифингот со повеќе медиуми, тoj посочи дека партијата завршила со истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини, по што се очекува во наредните десетина дена да финишираат постапките во општинските организации, а потоа ќе следи и јавно објавување на кандидатите.

Објавата на првите 20-тина кандидати, како што информираше Николовски, е предвидена за 13 јули по одржување на седница на партиското раководство. СДСМ во изминатиот период го засили присуството на терен, преку маалски средби и преку граѓански трибини, под слоганот „Најдоброто“. Од партијата велат дека ќе ја креираат најдобрата понуда за секоја општина на овие локални избори.

Николовски на брифингот посочи дека СДСМ води со 21,7 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ со 19 отсто, според анкета нарачана од партијата.

– Нашите анкети велат дека СДСМ е фаворит на изборите. Имаме поголем рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ и на ниво на лидери и на ниво на партии, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на брифинг со новинарите. Според него, ако на тоа се додаде коалицискиот капацитет на СДСМ јасно е дека СДСМ е победник на изборите.

-Наши партнери во Владата се ДУИ и ДПА и очекувам на ниво на лидери да се случи средба на која ќе се дефинира принципот на соработка за локалните избори. На кој начин, во кој обем, во кои населени места, во кој круг и слично ќе зависи од договорот. Коалицијата на СДСМ е победник на изборите, порача Николовски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ останала нереформирана партија, посветена само на блокади и опструкции, додека пак СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда.

– Имаме над 7.000 проекти од програмите што се реализирани во изминатите четири години. Направивме и споредба на конкретни резултати, десет години мандат на ВМРО-ДПМНЕ и четири години мандат на СДСМ. СДСМ има повеќе направено за четири години отколку ВМРО-ДПМНЕ за единаесет. И такви примери има многу, од плати, до реални проекти, училишта, градинки, патишта, водоводи, канализации. Да не зборуваме за патот по кој чекореше земјава, денеска сме 30-та земја членка на НАТО. Имаме исполнети критериуми за членство во ЕУ и на ред е ЕУ да испорача, вели Николовски.

Според него, досега има 562 кандидата за градоначалници и 4.530 кандидати за советници, а самиот број покажува дека овој голем интерес е поради тоа што СДСМ е фаворит на изборите.

градоначалници кандидати локални избори Љупчо Николовски Македонија СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.