Author: Sashko

Голем пожар избувна денеска на метро станица во центарот на Лондон. Според очевидци, се слушнале експлозии, а патниците биле веднаш евакуирани. Пожарот се случил на станицата „Елефант енд Касл“ околу 14 часот по локално време. Станицата во моментот е затворена, објавија локалните власти на Твитер. https://www.youtube.com/watch?v=XefSXPCooa0 Засега нема информации за жртви. Полицијата соопшти дека пожарот не е поврзан со тероризам.

Read More

Вакцинирањето на децата против ковид-19 е исправно, бидејќи во спротивно се остава простор за натамошна мутација и ширење на вирусот. Вакцинацијата на детската популација ја овозможува потребната покриеност кај 80 отсто од населението, заклучија експертите на денешната трибина на тема „Вакцинација и предизвици со ковид-19“ на која учествуваа министерот за здравство, Венко Филипче и докторите Александра Грозданова, Драган Даниловски и Александар Петличковски. – Не треба да се остава простор за ширење на вирусот. Мислам дека е добро да се опфати и на детската популација со процесот на имунизацијата. Генерално сметам дека вакцинирањето на децата е исправен пристап, бидејќи во спротивно…

Read More

На 13 јули и официјално ќе започне постапката за подготовка на теренот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС, информираа денеска на брифинг во Министерството за животна средина и просторно планирање. Дислоцирањето треба да заврши за период од 12 месеци, за што веќе се обезбедени 8,4 милиони евра, заеднички средства од Глобалниот фонд за животна средина, Норвешка, Делегацијата на ЕУ и Владата. Од МЖСП, брифираат дека во тек е постапка и за обезбедување на заем од 50 милиони евра за изработка на базична инфраструктура за изградба на регионални депонии за отпад. За таа цел, веќе е изработена студија…

Read More

Утрешниот ден (сабота, 26 јуни) е резервиран за запознавање и уживање во убавините на Преспа. По една година пауза, поради епидемиолошките мерки што дојдоа како последица на пандемијата на ковид-19, и успешно реализираната приказна во 2019 година, езерскиот регион на југозападот од Македонија повторно ги отвора вратите и шири прегратки за посетителите. „Запознај ја Преспа“ е слоганот за годинашниот еднодневен хепенинг што концепциски е замислен за уживање во езерото, локалната култура и традиционалната кујна. Од 12 до 18 часот ќе се одржи Фестивал на традиционална кујна, а сите планирани содржини во текот на денот ќе бидат доволна инспирација за одлична…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче, амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнз и директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети, денеска направија обиколка во новата Biosafety level 3 лабораторија, како и на микробиолошките лаборатории во Институтуот, чија реализација и реконструкција беше изведена со донација од САД. – Заедно со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз го означуваме почетокот на работа на еден многу важен дел во целото менаџирање на оваа криза, а тоа е лабораторијата за микробиологија во рамки на Институтот за јавно здравје. Токму Институтот изминатата година ипол интензивно работи на менаџирање на целокупната криза, како…

Read More

Инспирирани од Европската Унија (ЕУ), воспоставивме и создадовме средина во која граѓаните на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за остварување на повици, за испраќање на пораки или за сурфање на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули, порача министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири во говорот на состанокот на министрите од шесте земји од Западен Балкан, одговорни за дигиталната трансформација и политиките за информациски и комуникациски технологии што се одржа во Подгорица, во организација на Советот за регионална соработка (RCC), „Heading towards Roaming Free…

Read More

Еколошката такса е погрешна мерка во погрешно време, оцени Тимчо Муцунски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за медиумите. Предлог-законот мина на последната владина седница и беше проследен на усвојување до Собранието, но опозициската партија денеска јасно, како што велат од таму, порача – „без двоумење ќе го блокираме“. – Користејќи ги сите постоечки демократски механизми, ќе го спречиме неговото донесување. Во случај мнозинството да продолжи да го прави тоа што го прави најдобро, а тоа е насилно и надвор од процедура да донесе уште еден закон кој удира по џебот на граѓаните, тогаш приоритет на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе…

Read More

Автор: Славјанка Петровска Кога ќе го прочитате насловот на оваа колумна можеби ќе помислите дека зборот убива треба да биде означен со интерпукцискиот знак наводници, за да се означи преносното значење на овој збор. Но, не е така. Со еден пример на кој накусо ќе се осврнам сакам да докажам дека корупцијата навистина убива. Иако за дефинирањето на поимот корупција, во теоријата постојат различни приоди и поимања, сепак во една реченица корупцијата би ја дефинирале како злоупотреба на доверените овластувања и моќ заради остварување на лични, односно приватни цели, без оглед на тоа дали тие ќе бидат во вид на…

Read More

Девет нови случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа во земјава од направени 3.239 тестирања, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Притоа се евидентирани и три починати лица, како и 13 оздравени пациенти. Од новите случаи со ковид-19, според податоци од Министерството за здравство (МЗ), по три се забележани во Скопје и во Кичево, а во Битола, во Штип и во Дебар по еден. Од 13-те оздравени пациенти, четворица се од Куманово, тројца од Скопје, двајца од Виница и по еден од Прилеп, од Тетово, од Штип и од Кичево. Две од починатите лица се од Скопје на возраст…

Read More

Повеќе од 20 проценти од затворениците во казнено-поправните установи во државата се зависници од дрога. Според извештајот на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам, 476 затвореници од вкупниот број од 2.118 (затвор/притвор), затвореници страдаат од нарушувања предизвикани од употребата на дрога. Народниот правобранител Насер Зибери, денеска при објавување на Извештајот истакна дека во овие бројки не се опфатени затворениците/притворениците кои употребуваат дроги, а кои одбиваат да се лекуват. Тој исто нагласи дека „оваа категорија на затвореници се маргинализрани, стигматизирани и оставени без неопходна здравствена и медицинска заштита“. – Сериозно е загрижувачка состојба во затворот Куманово каде што 35,5 проценти од…

Read More

Да си ја направиме нашата држава подобра и да обезбедиме еднакви шанси за младите да можат да напредуваат согласно своите способности, да има фер натпревар, повеќе меритократија, бидејќи колку повеќе ќе направиме да ни биде подобро дома, толку помали ќе бидат причините да се оди надвор, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на второто Младинско градско собрание, одржано во рамки на серијата виртуелни средби во организација на Американските катчиња. Димитров со младите разговараше за придобивките од членството на земјава во ЕУ и одговараше на нивните прашања околу пристапниот процес. Тој, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на…

Read More

Од понеделник, па во наредните две недели, ќе бидат вакцинирани сите граѓани кои се пријавени за имунизација. Списокот е ревидиран и тие ќе добијат термини до 15 јули. Пристигнуваат дози на вакцини за 300.000 граѓани и ќе имаме во сосема доволен број. Ќе се вакцинираат и наставниците и вработените во образовните институции. Откако ќе се вакцинираат оние што се пријавени, пунктовите ќе останат отворени за вакцинација на граѓаните, истакна министерот за здравство Венко Филипче денеска одговорајќи на новинарско прашање, потврдувајќи дека попладне стигнуваат вакцините од „Фајзер“. – Списокот е ревидиран, што значи без разлика кога се пријавиле граѓаните, почнувајќи од…

Read More