Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Корупцијата убива

0
By Sashko on June 25, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 25, 2021 14:33

Автор: Славјанка Петровска

Кога ќе го прочитате насловот на оваа колумна можеби ќе помислите дека зборот убива треба да биде означен со интерпукцискиот знак наводници, за да се означи преносното значење на овој збор. Но, не е така. Со еден пример на кој накусо ќе се осврнам сакам да докажам дека корупцијата навистина убива.

Иако за дефинирањето на поимот корупција, во теоријата постојат различни приоди и поимања, сепак во една реченица корупцијата би ја дефинирале како злоупотреба на доверените овластувања и моќ заради остварување на лични, односно приватни цели, без оглед на тоа дали тие ќе бидат во вид на парична корист или статусна придобивка. Вака дефинирано лесно е да заклучиме дека корупцијата секогаш е на штета на јавниот интерес, односно интересот на сите граѓани. Сега останува да го одговориме прашањето: Зошто и кого корупцијата убива?

Примерот ќе го дадам преку една тема која ни е блиска на сите нас, без оглед дали сме политичари, административни службеници, работници, бизнисмени, уметници, без оглед на нашиот материјален и општествен статус, без оглед на тоа дали сме верници или атеисти. Тоа e воздухот. Сите ние без исклучок го дишеме истиот воздух, затоа што природните процеси и пореметувања кои ги прави човекот со своето однесување се одразуваат подеднакво на сите, што впрочем се покажа и со Ковид пандемијата со која сеуште се соочуваме.

Аерозагадувањето е најголемата причина за предвремена смртност кај населението и најголемата закана за здравјето на граѓаните во светот. Каква е врската помеѓу корупцијата и аерозагадувањето кој убива? Многу едноставна. Аерозагадувањето е детерминирано од емисијата на загадувачки супстанци во воздухот чиј извор се индустријата, согорувањето и системите за загреање, депониите за отпад, особено оние дивите итн. Сите овие активности се уредени со закон и се претпоставува дека со почитувањето на законските норми, штетните влијанија ќе се намалат или елиминираат, односно нормалното извршување на овие активности нема да предизвикуваат штетни последици, особено не загрозувачки доколку истите се спроведуваат согласно протколите и законските процедури.

Но, квалитетот на воздухот во нашата држава, особено во Скопје не го потврдува тоа. Сите релевантни извештаи покажуваа дека дишеме загаден воздух, а богами и ние како жители тоа го почувствувме. изминативе три години во Скопје, но и низ Македонија се спроведе акција за промена на начинот на загревање на државните институции, особено болниците и училиштата. И ако претходно тие се загревале со употреба на горива кои емитувале загадувачки честички, поголемиот дел од нив денес се загреваат употребувајќи еколошки прифатливи начини на загревање.

Кога ви се доверени овластувања и кога согласно законот имате должност да го контролирате квалитетот на воздухот, притоа не само да ја мерите загаденоста, туку и да ги лоцирате изворите на загадување и секако да подготвите стратегија за нивно елиминирање, а вие тоа не го правите, притоа настанува штета која е ненадоместлива за граѓаните, а од друга страна профитите на загадувачите се золемуваат, тогаш јасно е како по книга, дека станува збор за корупција. Планот за чист воздух кој за прв пат е донесен во 2018 година како приоритет број 1 на социјалдемократите во Макдонија е јасна порака дека заложбите за чист воздух ќе значат и сечење на врските со корупцијата и личното богатење на поединци. Резултатите веќе почнуваат да се гледаат.

Но, дали е доволен само Планот за чист воздух или Планот за борба против корупцијата за да се избориме против корупцијата? Секако дека не. Плановите сами по себе може да останат само зборови на хартија доколку сите општествени чинители, без исклучок, не ја сфатат смртоностноста на корупцијата и плановите не се спроведат. Навистина, корупцијата убива.

колумна Македонија Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.