Author: Sashko

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 44-годишник, кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123, став 2, точка 2 од Кривичниот законик. Од ЈО информираат дека ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, започнал да го удира детето со раце и нозе по главата и телото. На тој начин му нанел повеќе повреди кои предизвикале крварење во черепната празнина, како резултат на кои тримесечното бебе починало. „Бидејќи постојат…

Read More

Кога кон крајот на февруари, рускиот претседател Владимир Путин ја започна таканареченета „специјална операција“ против Украина, руските политичари и провладини медиуми очекуваа и најавуваа дека тоа ќе биде краткотрајна „екскурзија“ и дека Кијив ќе „падне“ за 48 до 72 часа. Седум месеци подоцна, како и многу пати досега во оваа војна, тие проценки се покажаа погрешни. Во тековната украинска контраофанзива во регионот Харкив, ослободени се повеќе од 8.000 квадратни километри територија за околу две недели, разбивајќи ги руските сили во областа. Колапсот на окупацијата на североистокот има големи последици за руската армија и за Кремљ. Најнепосредна и најсериозна последица за Кремљ…

Read More

Парламентарното мнозинство е стабилно, а Владата e целосно фокусирана на менаџирање на кризата, како и на скрининг процесот на Eвропската Унија (ЕУ), тврдат владејачките партии по превирањата во Демократската унија за интеграција (ДУИ). За информациите поврзани со ДУИ вчера на прес-конференција одговараше министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој воедно е и портпарол на оваа партија. Тој ја нарече лажна вест информацијата за негова смена и посочувајќи дека таа не заслужува никаков коментар. За отвореното писмо од група членови на ДУИ, Османи рече дека во партијата има големо ниво на демократија и секој може да го каже својот став, но…

Read More

Родителите и општините не треба да стравуваат дали ќе има парно во градинките. Парно ќе има и за граѓаните и за градинките, бидејќи Владата е одговорна, се грижиме за граѓаните и ја менаџираме енергетската криза, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Во одговор на новинарско прашање на денешната средба на Министерството за труд и социјална политика и Националниот совет за родова рамноправност, Тренчевска посочи дека греење за градинките и сите останати институции ќе има, како и дека градинките не се на индустриска струја, па со тоа, како што истакна, немаат големи сметки, а голем дел од нив…

Read More

Министерството за надворешни работи (МНР) упатува јавна осуда за, како што наведува во соопштение, вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија. „Спортските настани претставуваат највисок израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла“, се наведува во соопштението на МНР. Министерството додава дека Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во…

Read More

Министерството за здравство на Сирија синоќа соопшти дека 29 лица починале од колера во земјата. Вчера беа потврдени се 338 случаи на болеста, што е најголема бројка од нејзиното откривање во минатиот месец. Најголем број на починатите се регистрирани во покраината Алепо. Според Обединети Нации, во Сирија има најлоша епидемија на колера во изминатите неколку години. Колерата е болест предизвикана од бактеријата Вибрио, која се пренесува преку храна и вода. Колерата предизвикува тешка дијареја и губење на вода во телото и може да биде фатална по животот доколку не се лекува.

Read More

Вселенското летало ДАРТ на американската вселенска агенција НАСА доцна синоќа успешно удри во астероид. Мисијата е оценета како историска, бидејќи беше „прв планетарен тест за одбрана“ на Земјата од потенцијален удар со промена на правецот. Последните моменти пред судирот ги снимила камера на леталото, а последната слика ја направило леталото две секунди пред ударот. Целта на мисијата е да се заштити Земјата од потенцијален судир со НЕО – што е името на НАСА за објект блиску до Земјата, астероид или комета, што може да се приближи до орбитата. „ДАРТ (Double Asteroid Redirection Test) е првата мисија која се обиде да…

Read More

Обврската за вршење јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца, во случајов нов вршител на дејноста, велат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), откако БЕГ дистрибуција денеска соопшти дека нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона. Од РКЕ истакнуваат дека вршењето на јавната дејност производство на топлинска енергија од регулиран производител е прецизно дефинирана во Законот за енергетика каде основниот императив на вршителот на јавна дејност е да обезбеди сигурно, континуирано и квалитетно производство на топлинска енергија. „Ве информираме дека Законот за енергетика, кој доби и зелено светло…

Read More

Континуирано преземаме мерки за да обезбедиме сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Во овој момент се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Штом завршат истите, јавноста ќе биде навремено известена, се вели во соопштението од Владата. „Граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно, и согласно Законот за енергетика загарантирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин. Владата, заедно со ресорните институции, постојано работи на обезбедување на потребните ресурси за производство на топлинска…

Read More

Деведесет и шест случаи со ковид-19 се регистрирани во изминатите три дена (24-26 септември) од кои 19 се реинфекции, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ). Согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), нови случаи се потврдени од 962 направени тестови. Од вкупниот број, 66 се регистрирани во Скопје, пет во Куманово, четири во Велес, по три нови случаи има во Прилеп, во Тетово, во Кавадарци, во Охрид и во Кичево, по два во Битола и во Штип и по еден во Гевгелија и во Неготино. Во текот на изминатите три дена починал 87-годишен пациент од Скопје. Согласно Регистарот на…

Read More

Со сведочење на вештите лица Александар Станков и Рената Јанкова од Судска медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, денеска продолжи изведувањето на доказите на обвинението за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје. Вештото лице Александар Станков изјави дека повредите кои ги здобил сега покојниот се класифицирани како тешка телесна повреда со опасност по живот и тие се поврзани со смртниот исход. – Како причина за смртта наведено е дека смртта настанала заради нагмечување на големиот мозок и нагмечување на рбетниот мозок, меѓутоа критична повреда за настапување на…

Read More

Дваесет контејнери со 54 тони униформи и опрема во вредност од 4,2 милиони евра донираа италијанските карабинери за Шумската полиција на Северна Македонија. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски му се заблагодари на италијанскиот амбасадор Силвестри за донацијата, потенцирајќи дека дел од опремата се за Шумската полицијата, дел се за армијата со која таа соработува. „Пристигнаа првите 14 од вкупно 20 камиони со над 6.000 парчиња на летни и над 11.000 парчиња зимски униформи, над 1.600 мантили, 8.500 летни кошули, 5.600 зимски кошули, како и волнени џемпери, елеци, капи, маици, високи, ниски чизми, разни обувки, кабаници и друга…

Read More