Author: Sashko

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев, денеска во Клубот на пратеници го потпишаа новиот Колективен договор на МВР, кој претставува производ од меѓусебните разговори и дијалог за натамошно квалитативно надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди што се неопходни за подобрување на условите на работа на вработените. Според Спасовски, потпишувањето на новиот Колективен договор и измените во голема мерка ќе имаат позитивна рефлексија во однос на синдикалните, социјалните и професионалните права на вработените во институцијата. – За таа цел формулиравме три нивоа на новини: почнувајќи од интервенции од формално-правен…

Read More

На Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ денеска е пуштен во употреба нов лабораториски фрижидер за презервација на коски и коскени ткива. Фрижидерот чија вредност е 414.156 денари е добиен преку програмата „Мали Проекти“ на Амбасадата на Германија и ќе биде дел од Банката за коскени ткива на Одделот за трансплантација на Клиниката за ортопедија. – Оваа донација е особено важна за нас поради тоа што годинава првпат се направи експлантација на коскени ткива од починат донор и благодарение на тоа на млада пациентка со карцином, дел од малигното ткиво и коска и беше заменето со здраво ткиво и коска од…

Read More

Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот, вчера попладне во Владата одржа втор состанок на кој ги дефинираше поимите декриминализација, легализација и депенализација. Усвоените дефиниции, информираат од владината прес-служба, за поимите декриминализација, легализација и депенализација по однос на статусот на употреба на канабисот, ќе се користат за подобро разбирање на степените на дозволена употреба на канабис низ работните процеси во институциите, како и за информирање и едукација на широката јавност за различните аспекти на употреба на канабисот. Декриминализација на употребата на канабис подразбира елиминирање на кривичните…

Read More

Прва пресуда беше донесена во САД за немирите во Вашингтон на 6 јануари, јавија американските медиуми. Ана Морган Лојд (49), учесник во јануарските протести, доби условна казна, парична казна и обврска за извршување на општокорисна работа. Таа е првата осудена за упадот во Капитол од приврзаници на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Таа се изјасни за виновна за учество во нелегалните демонстрации. Осудена е на три години условна казна, 120 часа општокорисна работа и парична казна од 500 долари. Обвинителството изјави дека жената не покажувала насилство и не учествувала во подготовките за немирите, поради што е донесена одлука за условна…

Read More

Земјава денеска и утре ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова (алертна) фаза. Надлежните апелираат за почитување на општите мерки за заштита на здравјето, да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години, а децата од градинките да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот. Според УХМР, во текот на денов ќе има мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови и за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.…

Read More

Здравствените власти во земјава сметаат дека учениците можат да се вратат во училиштата од септември, а за две недели целосно ќе бидат завршени протоколите за новата учебна година. Ресорниот министер Венко Филипче уверува дека протоколите за учебната година се речиси готови. – Има уште некои технички детали, на кои е посветена работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Планирано е да присуствуваат сите деца, 100 проценти од вкупниот број во класовите. Така се подготвуваат и протоколите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови. Протоколите ќе бидат целосно завршени за две недели, изјави…

Read More

Македонските официјални претставници изразија разочарување што Европската (ЕУ) Унија уште еднаш не и додели датум за почеток на преговори на С. Македонија поради бугарското вето. И Албанија, која е во пакет со нашата земја не доби датум за меѓувладина конференција. Премиерот Зоран Заев на маргините на Економскиот самит во Скопје изјави дека големата, визионерската идеја за обединета Европа денес има проблем. На Самитот вчера учествуваше и албанскиот премиер Еди Рама.  Заев оцени дека одлуката на ЕУ да не ја закаже првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија е големо разочарување, но и огромен неуспех за политиката на ЕУ за…

Read More

Пет нови случаи на ковид-19 од 2.466 тестови се регистрирани во земјава во последните 24 часа во кои е заведен и еден смртен случај, како и осум оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментот изнесува 251, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), тројца на новозаболените пациенти со ковид-19 се од Скопје и по еден од Куманово и од Тетово. Од оздравените пациенти, по двајца се од Скопје и од Тетово и по еден од Кичево, од Гевгелија, од Валандово и од Демир Хисар, додека починатото лице е од Кичево на возраст…

Read More

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот албански колега Еди Рама имаа свои обраќања на Панелот во рамки на првиот Скопски економски форум. Двајцата потоа излегоа со заедничка изјава за јавноста во која основа беше блокадата на Бугарија за добивање на датум за првата меѓувладина конференција на Македонија со Европската Унија (ЕУ), што практично значи и отворање на поглавјата и почеток на процесот за членство на земјава во ЕУ. Од тврдата позиција на официјална Софија е засегната и Албанија поради определбата на Брисел за неделивост на двете соседни земји на евроинтегративниот пат. – Тука сме со мојот пријател, колега, другар, брат. Денес…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета во Берово информира дека поради миграција на системот, вечерва во 21 часот ќе следи мал застој во системот за издавање на патни документи и лични исправи. На новинарско прашање зошто има проблеми при издавањето на лични документи одговори дека лични документи се издаваат и сега, но поради ковид-пандемијата била зголемена побарувачката за нив, заради што се стекнал впечаток дека има застој во издавањето лични документи. – Лични документи се издаваат и сега. Едноставно имаше поголема побарувачка поради позната ситуација со ковид-пандемијата, при што многу од луѓето не виделе дека им истекуваат…

Read More

Ние повторно ќе треба да чекаме, но ќе продолжиме да го правиме истото и да се потпираме на себе, а не само на тоа што го кажува Брисел, изјави премиерот на Албанија, Еди Рама на панел на Првиот Економски форум во Скопје на кој учествува и премиерот Зоран Заев коментирајќи го неуспехот на ЕУ да испорача датум за почеток на преговори за Скопје и Тирана. – Ние повторно ќе треба да чекаме. Но, за мене ова не е чекање, едноставно треба да продолжиме да го правиме истото, да одиме напред и не само да се потпираме на тоа што го…

Read More

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и друго) од Министерството за внатрешни работи (МВР) и смета дека ваквиот потег сериозно ќе влијае на остварување на многу други права на граѓаните. Омбудсманот, по сопствена иницијатива, ќе ги испита евентуални пропусти во работењето на надлежните служби во МВР, кои би биле причина за прекините во издавање на документи на граѓаните. Со оглед на тоа што минатата година поради пандемијата и рестриктивните мерки голем број на граѓани не ги обновија личните документи, а дел, пак, не можеа да ги…

Read More