Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работна група за канабис: Дефинирани декриминализација, легализација и депенализација

0
By Sashko on June 24, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 24, 2021 09:37

Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот, вчера попладне во Владата одржа втор состанок на кој ги дефинираше поимите декриминализација, легализација и депенализација.

Усвоените дефиниции, информираат од владината прес-служба, за поимите декриминализација, легализација и депенализација по однос на статусот на употреба на канабисот, ќе се користат за подобро разбирање на степените на дозволена употреба на канабис низ работните процеси во институциите, како и за информирање и едукација на широката јавност за различните аспекти на употреба на канабисот.

Декриминализација на употребата на канабис подразбира елиминирање на кривичните дела поврзани  со употреба на канабис и поседување на канабис за лична употреба. Декриминализацијата значи преместување на фокусот на политиките од полициско – судскиот систем кон здравствено – социјалниот систем. Ваквата рамка креира поддржувачки контекст и средина за потребните јавно – здравствени и социјални интервенции за луѓето кои употребуваат канабис и минимизирање на негативните последици од кривичното гонење заради поседување и употреба на канабис.

Депенализација на употребата на канабис се однесува на ситуација во која постои кривична или прекршочна одредба, но преку воспоставената пракса институциите применуваат поблага санкција, опомена, предупредување или друга слична административна мерка или го одлагаат казнувањето.

Легализација на употребата на канабис претставува регулирање на околностите во кои употребата на канабис нема да се смета за казниво дело, односно утврдување на критериумите под кои може да се произведува, набавува, продава и користи канабисот. Легализацијата го опфаќа регулирањето на производството, преработката, продажбата и поседување на канабис за лична употреба; употребата на канабис за медицински цели и регулирање на моделот преку кој ќе се спроведува легализацијата.

Работната група, се вели во соопштението од владината прес-служба, донесе заклучок за изработка на компаративна анализа на моделите во десет различни земји од регионот, Европа и светот по однос на статусот на употреба на канабисот и тоа во Португалија, Холандија, Чешка, Шпанија, Канада, Колорадо (САД), Калифорнија (САД), Израел, Хрватска и Албанија.

Компаративната анализа ќе обезбеди темелен преглед на политиките за канабис во десетте земји, согласно следниве критериуми:

1. Како гласи законската одредба за употреба, поседување и производство на канабис;

2. Примена на законите, значајна пракса која се применува, позитивни или негативни примери;

3. Број на корисници на канабис пред и по воведување на промената;

4. Број на затвореници за кривични дела поврзани со канабис;

5. Број на смртни случаи или предозирање поврзани со канабис, пред и по воведување на промената;

6. Дали се воспоставени социјални програми за ресоцијализација, вработување и слично;

7. Дали има анализа за исплатливоста на моделот, бенефити од економски аспект во земји каде се применуваат либерални политики;

8. Моделот за легално производство и пуштање во промет на канабис и продукти од канабис;

9. Број на вработени во секторот канабис, вредност на годишен обрт во сектор канабис, даночен прилив од легален канабис за медицински цели и лична употреба.

Работната група, се вели во соопштението, на состанокот утврди насоки и одговорни засегнати страни за подготовка на сеопфатно, јавно и едукативно информирање на широката јавност за сите аспекти од употребата на билката канабис, како и обезбедување целосно инклузивен процес на консултација со сите засегнати и заинтересирани страни. За реализација на ваквата јавна, информативна и едукативна кампања ќе биде побарана поддршка од бизнис секторот и од сите општествени чинители кои ги поддржуват зелените политики.

На вториот состанокот на Работната група за канабис учествуваа претставници од Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на премиерот, здруженијата на токсиколози, на педијатри, Факултетско студентско собрание при Фармацевтски факултет, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Коалицијата маргини, Здружението Операција Ослободување, Здружението за канабис и зелени политики Билка, НВО коалиција Канабис институт Пелагонија, Здружението на производителите на медицински канабис, Иновативната фармацевтска индустрија и од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ.

Дефиниции канабис Македонија Поими Работна група
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.