Author: Sashko
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 281.847 граѓани. Прва доза на вакцина против ковид-19 во текот на вчерашниот ден примиле 3.263 граѓани, а вкупно се вакцинирале 5.407 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани, информира Министерството за здравство (МЗ). Со последните бројки, како што велат, 51 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза на вакцина, 45 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза на вакцина и 38 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза…
Навистина е важно да видиме остварување на ветувањето за европерспективите на регионот што беше дадено во Солун. Ова е проблем на Европската Унија (ЕУ) и оваа блокада не се однесува само за иднината на Северна Македонија, туку и на иднината на ЕУ во Западен Балкан, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на панел дискусијата на Првиот економски форум Скопје. – Ветувањето што Европа го даде на Балканот се случи во Солун во 2003 година, беше потврдено во Софија на Самитот на ЕУ за Западен Балкан и годинава во Љубљана. Како вицепремиер, станува се потешко да им зборувам на луѓето,…
Сите сакаме што поскоро отворање на преговорите меѓу С. Македонија и Европската Унија (ЕУ), но мора да останеме со „ладни“ глави. Основите не се променети, заложбите од Солун се живи и јасни. Регионот на Западен Балкан е дел од Европа, неговото минато, сегашност и иднина се поврзани со ЕУ и логично е дека неговата иднина е во ЕУ. Да не забораваме, тоа е стратешка цел и на ЕУ, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, на првиот Скопски економски форум. Напорите на претседателството на ЕУ за надминување на моментната ситуација, посочи Гир, направија значителна работа и сега, нагласи тој, треба сите да…
Твитот на македонскиот премиер Зоран Заев кој гласи „денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација“ ги разбранува страстите во Грција и ја налути официјална Атина, па според весникот „Катимерини“ тоа било причина плус за одложување на ратификација на три меморандуми во грчкиот парламент. Обраќањето на Заев на Твитер беше во понеделникот попладне за време на натпреварот меѓу Холандија и Македонија во последното коло од групната фаза на Европското фудбалско првенство. Македонскиот премиер беше во ВИП ложата на „Јохан Кројф“ арена на покана од неговиот холандски колега Марк Руте со кого заедно го проследија мечот. Весникот…
Триесетгодишен маж е ранет претпладнево во пукотница во Нови Сад, јавуваат српските медиуми. Набрзо по инцидентот, напаѓачот е уапсен, а како што неофицијално пренесува нова.рс, и напаѓачите и нападнатите од порано се познати на полицијата како сторители на кривични дела.
Приоритет на владите мора да бидат кредибилни и одржливи реформи, а Европската Унија (ЕУ) мора да стои на своите заложби и мора да важи пристапот „вие испорачувате, ние испорачуваме“. Важно е пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија почнат што е можно побрзо, порача денеска германската амбасадорка Анке Холштајн, на првиот Скопски економски форум. Во таа насока, посочи Холштајн, португалското претседателство направи се, но како што изгледа, претстојното словенечко претседателство ќе треба да прeземе. – Германија останува силен поддржувач и ќе работи тоа да се случи. Идното членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ е наша заедничка визија…
Амбасадорот на Италија, Андреа Силвести истакна дека Рим ја поддржува европерспективата на сите држави од Западен Балкан. Северна Македонија, рече италијанскиот амбасадор, направи многу и Советот на ЕУ во март во 2020 година реши дека треба да ги почне преговорите за членство. Сепак, вели, останува уште многу и да се постигне бидејќи европската интеграција е процес. – Од тие причини, сите чекори треба да се преземат внатрешно во однос на реформите, законодавството да се усогласи со акито на ЕУ, агендата со реформи треба да продолжи и ова може да се направи на регионално ниво. Ова е пристапот што Италија силно…
Сите јасно се согласуваме дека членстото во Европската Унија (ЕУ) е примарна цел и за Северна Макеоднија и за целиот регион. И покрај пречките што се појавуваат на тој пат, не треба да се откажувате, порача британската амбасадорка, Рејчел Галовеј во обраќањето на панел на првиот Скопски економски форум. – Во изминатите три години, Северна Македонија многу напредна и тоа треба да продолжи. Земјата ги исполни барањата во врска со стабилноста, со реформите, со договорот со Грција, а членството во НАТО е огромен придонес за мирот и стабилноста во регионот, рече Галовеј. Според неа, најголем проблем е корупцијата, тоа и…
Намалувањето на ДДВ-то е едно од решенијата што Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) го понуди точно пред една година, како можност да се заштитат домаќинствата во самиот процес на либерализација на пазарот на електрична енергија, порачува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. – Нашите тимови кои прават сеопфатни анализи во координација со Енергетската заедница проценија пред една година дека е неопходно да се донесат системски решенија, што освен намалување на ДДВ-то ќе опфатат и проширување и зајакнување на поддршката на ранливите категории во плаќањето на сметките за електрична/топлинска енергија. Секој потег што нуди решение за заштита на стандардот на домаќинствата во…
Разочарани сме што земјите членки на Европската Унија (ЕУ) не успеаа да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија на вчерашниот состанок на Советот на министри, но нема сомнеж дека државата ги исполни неопходните задачи за отворање на пристапните преговори со ЕУ и тоа е чекор што веруваме дека ќе ја зголеми рагионалната стабилност и ќе ја подобри политичката и економска активност, порача денеска американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, на првиот Скопски економски форум. САД, нагласи Брнз, ќе бидат со Северна Македонија на секој чекор од ова патување, бидејќи тоа е од интерес за нашите заеднички стратешки цели. – Северна…
Со музика и празнична атмосфера, градските власти во Виена сакаат да ги охрабрат младите да се вакцинираат против ковид-19, јави агенцијата ДПА. – Една или повеќе забави за вакцинација ќе бидат организирани во главниот град на Австрија на почетокот на јули, изјави портпаролот на градската влада. Од вчера и децата и тинејџерите на возраст од 12 до 17 години можат да се пријават на вакцинација. Интересот беше толку голем што беа резервирани 10.000 дози за два часа, јавија локалните медиуми. Пријавувањето за млади на возраст од 18 до 30 години започнува денеска. Во Виена, 27 проценти од населението веќе поминало…
Северна Македонија ги негува европските вредности, демонстрира европски манири, политичка волја и гради добрососедски односи што се неопходни за економски просперитет и подобар стандард за граѓаните. Пораката од Делфи самитот во Атина, ја упатувам и од тука во Скопје – потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ. Денес, ќе додам и Балкан кој живее во сегашноста и гради просперитетна иднина, а минатото е поука дека поделби и раздори не водат никаде, порача премиерот Зоран Заев на отворањето на првиот Скопски економски форум. Поддршката од Грција, посочи Заев, ја имаме и на нашиот европски пат, а…