Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бислимоски: РКЕ пред една година понуди решение за намалување на ДДВ за струја

0
By Sashko on June 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 23, 2021 11:06

Намалувањето на ДДВ-то е едно од решенијата што Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) го понуди точно пред една година, како можност да се заштитат домаќинствата во самиот процес на либерализација на пазарот на електрична енергија, порачува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

– Нашите тимови кои прават сеопфатни анализи во координација со Енергетската заедница проценија пред една година дека е неопходно да се донесат системски решенија, што освен намалување на ДДВ-то ќе опфатат и проширување и зајакнување на поддршката на ранливите категории во плаќањето на сметките за електрична/топлинска енергија. Секој потег што нуди решение за заштита на стандардот на домаќинствата во процесот на енергетска транзиција -што значи струја од вода, ветер и сонце наместо од јаглен, покажува стратешки пристап во решавање на глобалниот предизвик за намалување на штетни емисии и заштита на животната средина, изјави Бислимоски.

Самиот факт дека во еден момент настана „клинч” меѓу партиите чиј предлог е намалување на ДДВ-то од 18 на 5 отсто, посочи, за нас е показател дека политичарите, без разлика дали се пратеници, министри или функционери на партии имаат доблест да слушнат стручни луѓе во областа кои нудат издржани решенија. Најави дека Регулаторна комисија за енергетика ќе продолжи да ги афирмира и останатите предлог решенија со цел заштита на потрошувачите.

– Во тек се пресметки за цената на струјата во нашиот дел во кој што ние влијаеме, а тоа е 38 отсто во крајната цена. Децидно повторувам дека нема да се прифати тоа што го бараат компаниите. Во делот што ние го регулираме, се земаат во предвид само трошоците кои се поврзани со процесот за производство на електрична енергија, а останатите 62 отсто ќе се додадат по завршување на тендер на Универзалниот снабдувач, на кој ЕСМ има обврска да понуди цена за минимум 70 отсто од потребната количина на конзумот домаќинства, потенцира Бислимоски.

Владата на вчерашната 81-ва седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Според овие предлог измени, данокот на додадена вредност (ДДВ) за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата треба да се намали од 18 на пет отсто за период од 1 јули во 2021 година до 30 јуни во 2022 година, а за период од 1 јули во 2022 година до 30 јуни во 2023 година даночната стапка за ДДВ за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата да изнесува 10 проценти. За периодот по 1 јули во 2023 година, даночната стапка повторно треба да изнесува 18 отсто.

Според Владата, целта на овие измени и дополнувања на Законот за ДДВ е со пониски цени на електричната енергија да им се помогне на домаќинствата со намалување на нивните трошоци. Неодамна министерот за финансии Фатмир Бесими порача дека очекува до 1 јули годинава Собранието да ги  усвои измените и дополнувањата на Законот за ДДВ.

ДДВ Македонија Марко Бислимовски намалување струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.