Author: Sashko

Постојано следење, ублажување на регулативите и продолжување на увозот на житарици, се дел од мерките со кои Европската Унија (ЕУ) се обидува да го спречи недостигот на храна во екот на највисоките цени на прехранбените продукти во историјата, пишува ЕНР (European Newsroom), проект на 16 европски новински агенции, меѓу кои и МИА. Одговорот на ЕУ на глобалната криза со храна е да ги следи нивоата на складирање на култури во земјите-членки, да ги релаксира еколошките регулативи за да го поттикне производството на храна и да најде алтернативни патишта за извоз на украинските житарици. Поради сушата, сепак, расте стравот дека приносите…

Read More

Аеродромот во главниот град на Австралија, Канбера е евакуиран поради пукање, јави локалното издание „Стандард нет“. Според информациите, едно лице е приведено како осомничено и се верува дека е одговорно за инцидентот. Очевидци велат дека слушнале најмалку осум до 10 истрели во близина на шалтерите за пријавување на патници. Повредени нема. Полицијата го потврди аеродромскиот инцидент, без да соопшти детали. Летовите од и до аеродромот се привремено прекинати, пишува австралиското издание „Дејли мејл“. 

Read More

Вооружен маж рано утрово отвори оган кон автобус во близина на Стариот град во Ерусалим и рани осум израелски државјани. Осомничениот најпрво се дал во бегство, но подоцна ѝ се предал на полицијата од каде засега не се соопштуваат детали за неговиот идентитет. Локални медиуми објавува оти постои сомнение дека извршителот е Палестинец. Денешниот напад следува по тензиите меѓу Израелците и Палестинците во Појасот Газа и на Западниот Брег. Две од повредените лица, според израелските медиуми, се наоѓаат во тешка состојба, меѓу кои и трудница со рани во стомакот и маж со прострелни рани во главата и вратот. Оганот бил…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, по повод 21-годишнината од Охридскиот рамковен договор, на Фејсбук напиша дека документот што беше потпишан во 2001 година за ставање на крај на неколкумесечниот воен конфликт денеск гради, сплотув, интегрира и промовира заедништво.  „Република Северна Македонија низ годините покажа дека успешно гради заедничка иднина за сите граѓани подеднакво. Ние сме мултикултурна, мултиетничка функционална демократија, земја на пријателства, соживот и заедништво. Тоа е нашата сила, нашиот темел за развивање на држава со еднакви услови за сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници кои оваа земја ја сметаат за свој дом“, наведе Ковачевски.…

Read More

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук смета дека Охридскиот договор кој беше потпишан пред 21 година, донесе мир и стабилност и ја задржа земјава на евроатлатскиот пат. „Денеска се одбележува 21 година од Охридскиот договор кој донесе мир и стабилност во Република Северна Македонија. Духот на овој Договор живее до ден-денес, бидејќи Северна Македонија останува на својот eвроатлантски пат“, напиша Ќучук на Твитер.

Read More

Автомото сојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини „Табановце“ и „Пелинце“ се чека околу два часа за влез и излез од државата. На „Богородица“ времето на чекање за излез од земјава е околу половина час, додека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од…

Read More

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално, како што информираат од УХМР, процесите, особено во ноќните часови, ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, засилен ветар, електрични празнења и услови за појава на град. Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Според УХМР, од понеделник се очекува постепено стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури.

Read More

Денеска поставуваме темели на инвестицијата која само во првата фаза тежи 130 милиони евра и ќе отвори најмалку 890 нови и добро платени работни места. Оваа инвестиција е од огромно значење за државната, но и за локалната економија и развојот на човечкиот потенцијал, рече премиерот Димитар Ковачевски по повод потпишување на договор во ТИРЗ Тетово кој предвидува целосно производство на електрични автомобили „e.GO“. Со оваа значајна инвестиција, како што рече премиерот, Северна Македонија уште еднаш потврдува дека е држава која нуди одлични услови за инвеститорите, со стабилна економска и политичка клима во која меѓународните компании како „НЕКСТЕ.Е.ГО“ имаат партнер од…

Read More

Британските власти депортираа 20 албански државјани со чартер – лет во Тирана, по издржување на затворските казни за различни кривични дела. Биле осудени на вкупна затворска казна од над 46 години, повеќето од нив за  трговија со дрога, како и нелегално поседување оружје.  Државната секретарка за внатрешни работи Прити Пател изјавила дека тие луѓе се опасни криминалци за животот во заедницата во Велика Британија.   „Овие криминалци ги прекршија нашите закони и вредности и ние нема да запреме пред да ги отстраниме оние кои немаат право да бидат тука. Тие се одговорни за ужасни престапи, вклучително и вмешаност во снабдувањето со дрога…

Read More

Два пожара се случиле во изминатото деноноќие на подрачјето на Куманово и на Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Гром го предизвикал пожарот во Старо Нагоричане во село Добрача каде изгореле 500 бали слама во опожарен помошен објект. „Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане интервенирала од 18:15 часот со едно возило и двајца пожарникари во село Добрача на запалена плевна. Од гром биле запалени 500 бали слама пожарот е ставен под контрола во 21:50 часот“, информираше РЦУК Куманово. Кумановската територијална противпожарна единица интервенираше на пожар на „дивата“ депонијата, на улицата „Ѓорче Петров“ на запалено ѓубре…

Read More

Со нешто помалку од половина милион посетители, Северна Македонија е на 11-то место меѓу топ 15 земји со најголем број на посетители во Грција за 2021 година, согласно анализата на Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Под наслов „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци од Банката на Грција за туризмот минатата година, а поконкретно се фокусира на бројот на туристи во секој од 13-те грчки региони. Првите 15 земји со најголем број на посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Бугарија,…

Read More

Ако Владата не помогне, можно е да дојде до целосно колабирање на дејноста и населението да остане без леб, предупредуваат мелничарите. Претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора, Горан Малишиќ, истакнува дека пекарниците се соочуваат со загуби и со недостиг на средства за навремено обновување на залихите, а ќе бидат принудени да вршат и уште поголеми набавки од странство, по повисоки цени, зашто жетвата на домашната пченица потфрлила и во квантитет и во квалитет. Малишиќ апелира Владата да се потруди да ја изрегулира цената на електричната енергија за индустријата како што прават другите држави – со фиксирана цена…

Read More