Author: Sashko

Денеска во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово ќе биде потпишан договорот за новата германска инвестиција „e.GO” за произведство на електрични возила од која се очекува отворање на 3.000-4.000 нови работни места. „Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили“, наведе Владата во соопштението што беше испратено по одржувањето на 68. седница на која беше донесена одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош. Придобивките од инвестицијата се многукратни – нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на…

Read More

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Времето на чекање за излез од државата на граничниот премин „Богородица“ е околу половина час, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од таму додаваат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува…

Read More

Пред 21 година, во Охрид, претседателите на четирите, тогаш, најголеми политички партии во земјав, заедно со претседателот Борис Трајковски и претставниците на ЕУ и на САД го потпишаа Рамковниот договор кој спречи натамошна ескалација на конфликтот и донесе мир и стабилност како предуслови за натамошен демократски развој на македонското општество, напиша претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод одбележувањето на 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Клучните придобивки од договорот, како што посочува претседателот Пендаровски, беа зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата. Со него, како што вели, се поставија и темелите…

Read More

Македонија денеска одбележува 21-годишнина од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. „Денеска, по 21 година, државата се грижи за заедниците кои живеат во неа и сите заедници станаа еднакви, бидејќи Албанците, Македонците, Србите, Бошњаците и другите кои живеат заедно во една земја, ни се грижа за безбедноста и евроатлантската перспектива“, истакна првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, посочувајќи дека земјава денес е членка на НАТО, а минатиот месец ги почна и преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ). Охридскиот рамковен договор…

Read More

Еден ден по Антониа Гиговска, од настап на т.н. „Мировен фестивал“ се откажа и македонскиот поп пејач, Владо Јаневски кој, исто така, беше најавен меѓу домашните и странски музички ѕвезди во музичкиот дел на манифестацијата по повод 21-годишнината од потпишување на Рамковниот договор што е закажана на 13 август на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Менаџерскиот тим на пејачот денеска се огласи преку Инстаграм со соопштение во кое се наведува дека Владо Јаневски нема да настапува на „Мировниот фестивал“. https://novatv.mk/antonia-gigovska-go-otkazha-nastapot-na-t-n-miroven-festival-ne-sakam-da-bidam-del-od-manifestatsii-koi-se-povrzani-so-politika/

Read More

Доктор Жан Митрев денеска е повикан на распит во Основното јавно обвинителство Скопје. Од Обвинителството потврдуваат дека Жан Митрев е повикан на распит за определени околности во врска со предмет што е оформен по допрен глас во ОЈО Скопје. Обвинителството на 18 јули годинава оформи предмет по допрен глас, откако ИРЛ објави истражување за работата на клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев.

Read More

Лицето од Кичево денеска е тестирано од мајмунски сипаници и во моментот е во изолација, потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести (КЗБ), Злате Мехмедовиќ. „Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од лица во Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот“, додаде Мехмедовиќ. Ова беше првиот пациент за кого постоеше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, но тој одбиваше да се тестира. Претседателот на КЗБ, Александар Петличковски на последната прес-конференција во врска со овој случај потенцира дека нема законска можност за…

Read More

Има опозициски пратеници кои сакаат да продолжи евроинтеграцијата на земјата и да ги поддржат уставните измени во параламентот. Темата за референдум ја туркаат политичари кои се обидуваат да го продложат опстојувањето во политиката, вели првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. „Мој личен став и ставот на Владата е дека нема алтернатива за европска Македонија. И затоа придонес треба да дадат сите, бидејќи апсолутно сите граѓани, сите заедници, сакаат да ја видат нашата држава како членка на Европската унија. На ист начин, како што бевме заедно кога ја зачленуваме земјата во НАТО.…

Read More

Европската агенција за лекови (ЕМА) може да одобри употреба на вакцина против два вида на коронавирусот, изјави денеска германскиот министер за здравство Карл Лаутербах. Тој очекува Агенцијата на 1 септември да ја разгледа употребата на вакцина против првиот вид и варијантата на омикрон, позната како БА.1. „Потоа, европската Агенција, веројатно на 27 септември, ќе спроведе преглед на комбинираната вакцина против првиот вид и варијантата на омикрон БА.5“, наведе Лаутербах. Како што тврди тој, Германија обезбеди доволни количини од двете вакцини и ќе може да почне со употреба ден по одобрувањето. Американската Агенција за храна и лекови претходно наведе дека комбинирани…

Read More

Нови 619 случаи од 1.253 направени тестови, ниту еден починат и 803 оздравени пациенти е ковид-19 билансот за последните 24 часа според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), соопшти Министерството за здравство. Нови случаи на ковид-19 се регистрирани во Скопје – 265, во Битола – 41, во Охрид – 32, во Куманово – 31, во Велес и во Струмица – по 22, во Тетово и во Кавадарци – по 21, во Неготино – 19, во Прилеп – 18, во Штип – 16, во Гостивар и во Кочани – по 14, во Струга – 12, во Кичево и во Гевгелија…

Read More

Најавените „даночни реформи“ се поблиску до дефиницијата на ад-хок мерки, најверојатно поттикнати од фискална нужност, но не и од желба за реформи, бидејќи не се базираат на економски и финансиски анализи кои се транспарентни и стратешки врамени кои ќе обезбедат предвидливост за сите засегнати страни, наведува Групата ЦИВИТАКС во денеска објавениот став за предложената даночна реформа. Од таму велат дека овие т.н. „даночни реформи“ се фокусираат и се базираат само на зголемување на даночна база заради фискални цели и порачуваат дека даночни реформи се повеќе од прибирање на приходи во централниот буџет. Даночни реформи, посочуваат, треба да бидат најмалку заради…

Read More

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го тужи парламентот во обид да ги врати специјалните привилегии што му беа одземени во мај, изјави неговиот адвокат за агенцијата ДПА. „Шредер (78), во тужба поднесена во Управниот суд во Берлин, ја бара својата пратеничка канцеларија“, изјави неговиот адвокат во Хановер, Михаел Нагел. Комисијата за буџет на германскиот парламент во мај донесе одлука дека Шредер, кој долго време беше предмет на жестоки критики во Германија поради неговите врски со Русија, мора да се откаже од правото на канцеларија во Бундестагот, иако сè уште има право на пензија и осигурување. Адвокатскиот тим на поранешниот канцелар…

Read More