Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил изјави дека би сакал да види прозападна влада во Србија и министри кои веруваат во стратешките насоки за кои, според него, гласале Србите, пренесе Бета. „Разбирам дека составувањето на влада е комплицирано, но би сакал да го видам тоа. Кога во минатото ме прашуваа за одредени позиции, а јас давав предлози, многупати излегуваше дека сум погрешил. Не им кажувам на владите кого да стават на кои функции“, изјави Хил во интервју за денешен „Блиц“. Како што додаде, „живееме во важни и критични времиња и ќе биде неопходно да се донесат многу важни одлуки, како…
Кинотеката со нејзиното летно кино „Мирно лето“ најавува вистинска забава во вечерните часови во (нај)топлиот месец – август. Августовската програма ја започнуваат со неколку актуелни француски филмови. Играниот „Париз – љубовна приказна“ на Жак Одијар е забавна колекција на испреплетени приказни за ликовите што се спојуваат во 13-от арондисман на француската престолнина, а документарниот „Кадифена кралица“ на авторите Мари Амиге, Венсан Миние, ни раскажува сторија за потрагата по снежниот пантер. Следува „Се помина добро“, суптилна драма со добро познатиот ракопис на Франсоа Озон, овојпат на секогаш контроверзната тема за евтаназија – убиство од милосрдие. „Вселенско момче“ на Оливие Перу, филм за…
Подрачјето на нашата земја и натаму ќе биде под влијание на топол воздушен бран, со високи утрински и дневни температури. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност со максимални температури до 40 степени, информираат од УХМР. На целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. На предлог на Министерството за здравство (МЗ), Владата во петокот ја измени Одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури донесена во средата, со што препораката за ослободување од работни обврски на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над…
Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ се чека околу еден час за влез во земјава, додека на граничниот премин „Богородица“ се чека околу 30 минути за излез од земјава. „На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност…
Ивана Трамп, поранешна сопруга на екс претседателот на САД, Доналд Трамп, е погребана во Њујорк, а набрзо потоа во јавноста излегоа и детали. Првата сопруга на Доналд Трамп е погребана во златен ковчег, а покани за погребот се испраќале само на одреден број на личности, со цел да се избегне гужва. Ќерката Иванка и синовите Доналд јуниор и Ерик одржале емотивни говори во црквата по што нејзиното тело во златен ковчег било превезено до имотот на Доналд Трамп во Њу Џерси. Таму поранешниот американски претседател направил семејна гробница. Ивана Трамп почина во четвртокот во нејзиниот дом во Њујорк. Според наодите…
Патот кон Европската Унија е отворен за Северна Македонија, само треба како држава да ги спроведуваме нашите обврски од целиот пакет и од Протоколот којшто беше потпишан во Софија, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. „Со одржавање на првата Меѓувладина конференција и првата сесија на скринингот, на земјата ѝ се отвора еден пат за движење, на чекорење напред“, нагласи Маричиќ во вечерашното издание на емисијата „Трилинг“ на ТВ24. Во врска со унилатералната изјава за јазикот, Маричиќ истакна дека и земјава и Бугарија дале унилатерални изјави, кои немаат никаква важност за целокупното користење на македонскиот јазик во Европската Унија,…
„Со хемофилтрацијата не се вршени клинички испитувања, бидејќи за тоа ниту имавме дозвола, ниту, пак, поднесовме такво барање. Не секоја употреба на медицинско средство, во случајот хемофилтрација, може да се толкува како клиничко испитување. Се работи за научен труд со сублимирани лабораториски резултати“, се вели во реакцијата на Клиничката болница „Жан Митрев“ за актуелните случувања и наводните нелегални испитувања кои биле вршени врз пациенти на кои се алудира во документарниот филм „Нечиста крв“ на ИРЛ, Истражувачката репортерска лабораторија. Од таму посочуваат и дека за употребата на апаратот за хемофилтрација, филтрите, тие ги имаат сите дозволи од надлежните органи и документи…
Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи денеска одржа седница на која беше разгледана подготвеноста за справување со пожари, при што било заклучено дека неколкуте пожари кои избувнаа во земјава се ставени под контрола. „Пожарите кои беа активни во Општина Берово, како и на другите места низ државата, се ставени под контрола. МВР, заедно со ЦУК, АРМ, ДЗС се во постојано 24-часовно дежурство и надгледување на пожарите“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Претходно Владо Клинчарски од ЈП „Македонски шуми – Малешево“ – Берово изјави дека на штотуку завршената координација на институциите вклучени во…
Им веруваме на ОН, на Русија не, рече Кулеба по потпишувањто на договорот за извоз на украинско жито
Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, по потпишувањето на Договорот за извоз на украинското жито, истакна дека на Русија не може да ѝ се верува. „Имаме доверба во Обединетите нации, и како институција и во неијзиниот генерален секретар, кој ја вложува својата репутација и способност да обезбеди функционирање на овој Договор и неговото почитување од Русија, која прекрши голем број други договори“, истакна Кулеба. За време на церемонијата на потпишување во Истанбул, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков не седеа на иста маса. Тие потпишаа два идентични документа со генералниот секретар на ОН,…
Во овој момент немаме никаков значителен притисок врз здравствениот систем. Иако бројот на случаи со ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките, порача претседателот на Комисијата за заразни болести (КЗБ), доктор Александар Петличковски во попладневното гостување во Дневникот на ТВ Сител. Според него, веројатно и поради сериозниот удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на ковид-19 не е…
Договорот во Турција помеѓу Москва и Киев, за деблокирање на Црното Море и обновување на извозот на украинското жито, е „критичен чекор напред“ за Европската Унија (ЕУ), јави дописничката на МИА од Брисел. Договорот доаѓа по месеци на тензии и загрозување на прехранбената безбедност на глобално ниво. Дипломатската служба на ЕУ инсистира дека состојбата е предизвикана исклучиво поради руската инвазија и потенцира дека успехот на договорот Истанбул ќе зависи од ефикасна имплементација во дух на доверба на истиот. Европската Унија оценува дека прехранбената криза, што настана со блокада на Црно Море и уништувањето на украинските земјоделски резерви, транспортна инфраструктура и…
Русија и Украина, денеска во Истанбул потпишаа важен договор, со посредство на Обединетите нации (ОН) и на Турција, за обновување на испораките на жито што би можело да ја ублажи глобалната прехранбена криза. Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу и Александар Кубраков, министер за инфраструктура во украинската влада, потпишаа одвоени, но идентични договори со официјлните претставници на ОН и на Турција за повторно отворање на блокираните црноморски пристаништа за испораки. „Украинските претставници рекоа дека не сакаат да стават потпис на ист документ со руските претставници поради петмесечната инвазија врз земјата“, наведува агенцијата АФП. „Денеска имаме светилник во Црното Море кој…