Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Летно кино под отворено небо – Кинотека со атрактивна филмска понуда за август

0
By Sashko on July 25, 2022 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 25, 2022 08:30

Кинотеката со нејзиното летно кино „Мирно лето“ најавува вистинска забава во вечерните часови во (нај)топлиот месец – август.

Августовската програма ја започнуваат со неколку актуелни француски филмови. Играниот „Париз – љубовна приказна“ на Жак Одијар е забавна колекција на испреплетени приказни за ликовите што се спојуваат во 13-от арондисман на француската престолнина, а документарниот „Кадифена кралица“ на авторите Мари Амиге, Венсан Миние, ни раскажува сторија за потрагата по снежниот пантер. Следува „Се помина добро“, суптилна драма со добро познатиот ракопис на Франсоа Озон, овојпат на секогаш контроверзната тема за евтаназија – убиство од милосрдие.

„Вселенско момче“ на Оливие Перу, филм за најмладата публика со приказна за 11-годишно момче кое има голема љубов кон вселената и науката. Јапонскиот филм „Тркало на среќата и фантазијата“ на Рајусуке Хамагучи раскажува три приказни за три женски ликови и ги следи односите меѓу нивните избори и каењето: неочекуван љубовен триаголник, неуспешна замка за заведување и средба која произлегува од едно недоразбирање.

Во августовската програма повторно ќе има проекции, на како што посочуваат, исклучителниот француски филм „Титан“ на Жулија Дукурно, филмска бајка за возрасни исполнета со гнев, љубов и осаменост, која ја освои „Златната палма“ во Кан во 2021 година, а Дукурно ја подели јавноста со оваа контроверзна филмска сторија. Филмот забележа над 110 номинации на филмските фестивали, освои 28 награди, а со него свечено беше затворено минатогодишното 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

На програмата е и германскиот филм „Фабијан“ на Доминик Граф со приказна сместена меѓу подстанарите на Берлин и неговото подземје во 30-те години од минатиот век, каде што борделите се уметнички ателјеа, а на улиците се нацистите со нивните гласни и навредливи пароли, освои петнаесетина номинации и шест награди на германските филмски фестивали.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.