Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Попладнево во Брисел се организира коктел на кој премиерите Димитар Ковчевски и Еди Рама и еврокомесарот за проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеји сечеа торти со знамиња на Македонија, на Албанија и на ЕУ по одржување на првата Меѓувладина конференција и отпочнување на скрининг процесот на Унијата со двете земји. „Како што се интегриравме брзо во НАТО, ќе покажеме дека брзо ќе се интегрираме и во ЕУ, рече Ковачевски пред присутните на заедничкиот коктел на кој присуствуваа претставници на владините делегации на Македонија и на Албанија, на ЕУ, како и дел од дипломатскиот кор.
Обид за државен удар против украинскиот претседател Володимир Зеленски е вистинската позадина на неговата ненадејна „чистка“ во врвот и структурите на безбедносниот апарат и Обвинителството под обвинението дека се откривани државни и воени тајни на руската страна, пишува денеска италијанскиот весник „Ла Република“ (La Repubblica). Во прашање бил и „план на безбедносниот апарат координиран со Москва за радикална промена на власта во Киев и смена на Зеленски од врвот на државата“, додава римскиот весник, пренесува Бета. Многу медиуми во Европската унија (ЕУ) внимателно ја следеа веста дека Зеленски го разреши шефот на украинската служба за безбедност, неговиот долгогодишен пријател Иван…
Денеска е важен момент за сите и влегуваме во нови односи. Не сакаме повеќе да губиме ниту еден момент и веднаш почнуваме со „Акито““, порача еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји на воведниот состанок во Брисел со кој беше означен почетокот на скрининг процесот со Албанија и Северна Македонија. „Скрининг процесот што го почнуваме денеска е првиот чекор што го правиме. Процесот се темели на добрата работа што ја завршивме досега. За ова се подготвувате со години и можам да кажам дека ќе бидеме со вас и дека ќе ја понудиме секоја помош што ќе ви треба“, рече Вархеји. Вицепремиерот за…
Косовскиот премиер, Албин Курти упати честитки до Северна Македонија и до Албанија за денешното официјално отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ). На својата официјална Твитер налог, Курти напиша дека Косово, заедно со Скопје и Тирана, го прославува нивното, како што вели, „историско достигнување“. „Честитки за Албанија и Северна Македонија за отворањето на преговорите со Европската унија. Косово го прославува вашето историско достигнување и се приклучува на заложбите за реформи кои ќе ги трансформираат нашите земји и ќе го зајакнат нашиот регион во Европа“, напиша Курти. Честитки до Северна Македонија и Албанија а почетокот на преговорите со ЕУ…
Лекот Енхерту (Enhertu) на британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ и јапонската медицинска компанија „Даичи Санкјо“ (Daiichi Sankyo) е одобрен во Европската Унија (ЕУ), како монотерапија за лекување на возрасни пациенти со рак на дојка. „Лекот е одобрен за лекување на пациенти со нересектабилен или метастатски HER2-позитивен карцином на дојка кои примиле еден или повеќе претходни режими базирани на анти-HER2“, велат од „АстраЗенека“.
Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се направени 2.043 тестови од кои се евидентирани 770 случаи на ковид-19 (207 се реинфекции). Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје – 364, потоа во Битола – 47, во Охрид – 46, во Куманово и во Кавадарци – по 38, во Тетово – 30, во Прилеп и во Велес – 26, во Неготино – 17, во Струмица – 16, во Штип – 15, во Кочани и во Струга – по 14, во Ресен – 13, во Гостивар – 12, во…
Деблокадата на договорот за Фронтекс со Северна Македонија, по компромисот со Бугарија, ќе се третира приоритетно, објаснуваат во Европската Комисија (ЕК) и во Советот на Европската Унија (ЕУ), јави дописничката на МИА од Брисел. Северна Македонија го иницираше овој договор со ЕУ во 2018 година, но во меѓувреме Фронтекс (т.е. Европската гранична и крајбрежна агенција која ги „чува“ границите на ЕУ) претрпе повеќе законски и правни измени кои сега мора да бидат предмет на повторни преговори во ЕУ. Процедурата се води согласно членот 218 на Повелбата на ЕУ. Главните измени кои треба да се внесат во договорот се однесуваат, меѓу…
Бугарскиот европратеник и копретседател на европските либерали АЛДЕ, Илхан Ќучук го означи денешното отворање на преговорите со Европската Унија како историски ден за Северна Македонија и за Албанија. „Поздрав, драги пријатели! Да продолжиме заедно!“, напиша Ќучук на Твитер.
Грција регистрира 148.435 случаи на ковид-19 од 11 до 17 јули, период во кој се забележани и 200 смртни случаи, а 115 пациенти се приклучени на апарати, се наведува во неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од потврдените 148.435 случаи во изминатите седум дена, 18 отсто се реинфекции, а вкупниот број на материјали со позитивен резултат е добиен од 954.188 тестови, со стапка на позитивност од 15,56 отсто. Регистрирани се 200 смртни случаи од ковид-19 или 15 проценти повеќе во споредба со една седмица претходно. Во…
Пожарите што беснеат во Шпанија од минатата среда уништија најмалку 60.000 хектари шума, јави телевизијата RTVE, цитирајќи власти во различни региони. „Ова е најлошата огнена катастрофа откако се води евиденција. Еден од факторите кои придонесуваат е силниот топлотен бран предизвикан од климатските промени предизвикани од човекот“, изјави директорот за цивилна одбрана, Леонардо Маркос за радио станицата „Кадена Сер“. Како што пренесе агенцијата ДПА, ситуацијата е особено лоша во Замора, во близина на границата со Португалија, и во Авилја, северозападно од Мадрид. Во овие две провинции, од неделата околу 10.000 луѓе од околу 50 села мораа да бидат евакуирани. Во Замора…
Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави почетокот на преговорите на Македонија и на Албанија за членство во Европската Унија (ЕУ). „Соединетите Американски Држави ги поздравуваат важните чекори што Европската Унија ги презема за унапредување на интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантската заедница преку отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Во моментот кога Русија го наруши мирот во Европа, поважно е од кога било е да се поддржи стремежот за Европа цела, слободна и во мир. Демократски, безбеден и просперитетен Западен Балкан останува суштински за оваа визија. Соединетите Држави ќе продолжат да бидат силен и доверлив партнер додека…
Велика Британија ги суспендира сите летови од најголемата база на Кралското воено воздухопловство (РАФ), поради „топење на пистата“ од високите температури, јавува „Скај њуз“. Одлуката за затворање на пистата во базата Бриз Нортон во Оксфордшир е донесена денеска, пишуваат британските медиуми. NOW – UK halts all flights at largest Royal Air Force base because “the runway has melted.”pic.twitter.com/olRipdfn9B — Disclose.tv (@disclosetv) July 18, 2022 „Плановите за вонредни ситуации се спроведуваат за да се осигура дека нема влијание на воените операции“, истакна извор од РАФ. Друг извор посочи дека пистата била погодена од голема топлина, но не кажа дека физички се…