Велика Британија ги суспендира сите летови од најголемата база на Кралското воено воздухопловство (РАФ), поради „топење на пистата“ од високите температури, јавува „Скај њуз“.

Одлуката за затворање на пистата во базата Бриз Нортон во Оксфордшир е донесена денеска, пишуваат британските медиуми.

„Плановите за вонредни ситуации се спроведуваат за да се осигура дека нема влијание на воените операции“, истакна извор од РАФ.

Друг извор посочи дека пистата била погодена од голема топлина, но не кажа дека физички се стопила.

Пистите може да се сметаат за небезбедни за користење во ситуации во кои асфалтот станува леплив под сонце.

Во Велика Британија на сила е црвено предупредување за екстремно високи температури. Очекувањата се дека денеска и утре да бидат забележани и највисоките температури во историјата на земјата од преку 41 Целзиусов степен.