Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска го продолжи генералниот штрајк со блокада на крстоницата во населбата Автокоманда, на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „16 Македонска бригада“. Блокадата траеше од 7 до 10 часот, а беа пропуштани само возила на Итната медицинска помош, на полицијата, на армијата и на противпожарната служба. Претседателот на ССМ, Дарко Димовсски изјави дека ќе опстојат на барањето за итно линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник. „Македонскиот работник веќе не може да ги издржи ценовните шокови, енергетската и нафтената криза. Централната и локалната власт да издејствуваат веднаш зголемување на платите“, апелира Димовски.…
Бензинот Еуросупер БС-95 и Еуросупер (Д-Е V) од полноќ поевтинуваат за еден денар, а Еуросупер БС-98 за половина денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста. Новата цена на Еуросупер БС-95 е 109 денари, на Еуросупер БС-98 е 111,50 денари, на Еуросупер БС (Д-Е V) е 109 денари и на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107 делари за литар. За 0,986 денари поевтинува и мазутот, и еден килограм ќе чини 53,305 денари.
Усмртувањето на 27-годишното шимпанзо кое побегна од Зоолошката градина во преградие на Атина, предизвика низа реакции во Грција. Меѓу нив и мирен протест и барање до заменик-министерот за животна средина за целосно расчистување на случајот, јави дописничката на МИА од Атина. Во саботата наутро, нешто пред 10 часот, вработените забележале дека „alpha male“ шимпанзото Базу побегнало по инцидент со други шимпанза, успеало да излезе од Зоолошката и да стигне до паркингот пред влезот. Како што соопштија од „Атика зоолошката градина“, веднаш бил активиран безбедносниот протокол, била известена полицијата, евакуирани посетителите. Шимпанзото било одведено во изолиран простор каде што, во присуство…
Седумте најразвиени земји членки во светот обединети во групата Г7 имаат намера да почнат 600 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата, но и за заштита на климата, до 2027 година. Корист од тоа би имале стотици милиони луѓе ширум светот, а програмата е замислена како контра проект на кинескиот „Нов пат на свилата“. На Самитот во Германија, канцеларот Олаф Шолц, актуелен претседател на Г7, најави дека „Партнерството за глобална инфраструктура“ треба да овозможи вложувања за заштита на климата, во енергетскиот сектор, како и во здравствениот. За време на заедничкото претставување на иницијативата, Шолц истакна дека замислата била на Бајден за која…
Предлогот на француското претседателство за деблокирање на европскиот пат на Македонија предизвикува разочарување кај бугарските граѓани, покажуваат резултатите од телефонската анкета спроведена од „Галуп интернешанл“. Според истражувањето, како што јави дописникот на МИА од Софија, 59,5 отсто од анкетираните Бугари сметаат дека со „францускиот предлог“ не се земени во предвид интересите на Бугарија, 25 проценти оцениле дека тој „во доволен степен ги има предвид“ бугарските интереси, додека останатите немаат став. Кога станува збор за изгласувањето на недоверба на бугарската Влада, 48,1 отсто од испитаниците го одобруваат соборувањето на Кабинетот на Петков, а 50,5 проценти не се согласуваат со таквата одлука.…
Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) и Општина Центар во текот на минатата недела, во соработка со сообраќајната полиција – Скопје, санкционираа 238 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „„Пајак“ службата притоа отстранила 101 возило, а на 137 биле поставени т.н. „блокатори““, информираат од ПОЦ. Возилата, како што е наведено во нивното соопштение биле затекнати во резидентни зони, а лицата кои ги управувале не биле резиденти во секторот во кој се паркирале.
Едно лице загина, а три се повредени во тешката сообраќајна несреќа што вчеравечер се случи на обиколницата во Скопје. До несреќата дошло при судир на моторцикл со патничко возило од марката „опел корса“, пришто сопатничката на моторциклот им подлегнала на повредите на лице место. „Вчеравечер на скопската обиколница се случи сообраќајна несреќа меѓу моторцикл „кавасаки“, управуван од Г.В. (45) од Трубарево и автомобил „опел корса“, управуван од Г.И. (49) од Горно Нерези. На лице место починала сопатничката на моторциклот, К.В. (40)“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Моторциклистот, возачот на „корсата“ и сопатникот во автомобилот се префрлени во градската…
Вкупната потрошувачка по видови на енергенси во земјава во април оваа година изнесувала – 626.982 МWh електрична енергија, 7.339 мил. нм3 природен гас, 485.350 тони јаглен и 93.840 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 73.7 отсто во потрошувачката, додека 97.4 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.
Турција нема да се приклучи на западните санкции против Русија, кои беа воведени поради украинската криза, изјави Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател. „Не воведуваме санкции и нема да им се придружиме. Мора да ги гледаме нашите интереси. Ако сите уриваат мостови, тогаш кој ќе разговара со Русија“, изјави синоќа Калин во интервју за телевизијата „Хабертурк“. Тој нагласи дека економските односи на Турција со Русија се такви што санкциите ќе и нанесат поголема штета на турската економија, отколку на руската. „Имаме јасен став за прашањето за санкциите. Западот не го прифати тоа“, рече Калин.
Најмалку четири лица загинаа, а 30 се тешко повредени по уривање на трибина во арената во Еспинал, град во централна Колумбија, соопштија локалните власти. https://www.youtube.com/watch?v=gylRO9wO44E Несреќата се случила за време на спектакл со бикови. „Загинаа четири лица, две жени, еден возрасен маж и еден малолетник“, соопштија локалните власти, додавајќи дека над 300 лица се повредени.
По одобрувањето на „францускиот предлог од Собранието на Бугарија во петокот за деблокада на европскиот пат на Македонија, бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков порача дека „Скопје сега има избор за својата иднина“. Петков во интервју за Бугарското национално радио (БНР) изјави дека на властите во земјава им останува да решат за својата иднина. „Скопје сега има избор за својата иднина, Бугарија не може да носи одговорност за сите“, изјави Петков, додавајќи дека со прифаќањето на „францускиот предлог“, Софија успеала да ги заштити своите национални интереси. Тој нагласи дека ако земјава се согласи со предлогот на Париз, ќе треба да…
Штрајкот на Сојузот на синдикати на Македонија продолжува денеска со блокада на влезот на Скопје, со блокада на раскрсницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „16 Македонска бригада“ во населба Автокоманда. За време на блокадата (7 до 10 часот) ќе се пропуштаат само возила на итната медицинска помош, на полицијата, на армијата и на противпожарната служба. Синдикалниот притисок се однесува на барањето за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник во јавниот сектор и истото да се вметне или преку амандман или преку Општиот колективен договор Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) информираше дека Штрајкувачкиот одбор -…