Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција по најновото бегство на животно од ЗОО – шимпанзото Базу морало да биде успиено поради високо ниво на адреналин

0
By Sashko on June 27, 2022 РЕГИОН
Фото: hellas.postsen.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 27, 2022 12:25

Усмртувањето на 27-годишното шимпанзо кое побегна од Зоолошката градина во преградие на Атина, предизвика низа реакции во Грција. Меѓу нив и мирен протест и барање до заменик-министерот за животна средина за целосно расчистување на случајот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во саботата наутро, нешто пред 10 часот, вработените забележале дека „alpha male“ шимпанзото Базу побегнало по инцидент со други шимпанза, успеало да излезе од Зоолошката и да стигне до паркингот пред влезот.

Како што соопштија од „Атика зоолошката градина“, веднаш бил активиран безбедносниот протокол, била известена полицијата, евакуирани посетителите. Шимпанзото било одведено во изолиран простор каде што, во присуство на ветеринар, било оценето дека е неопходно усмртување.

Во образложението на заклучокот, тие рекоа дека нивото на адреналин било особено високо и затоа била земена во предвид опцијата да му се дадат седативи, бидејќи кај животни во мирна состојба делуваат за пет до десет минути, а во конкретниот случај ќе биле потребни и до 20 минути.

Заменик-министерот за животна средина и енергија на Грција, Јоргос Амирас, преку писмо до Зоолошката градина и периферијата Атика, бара целосно расчистување на случајот, како и проверка на условите под кои работи зоолошката.

Армирас бара да биде информиран за потеклото на конкретните животни, за нивното меѓусебно влијание, за соодветноста на просторите, за безбедноста на посетителите во екстремни случаи на бегство, како и за безбедносниот протокол што предвидува убивање на животното.

Дополнително, надлежните служби од Министерството ќе испратат експертски тим во зоолошката за да се проверат сите законски документи за поседување на дивите животни.

Сопственикот на „Атика зоолошката градина“, Жан Жак Лесуер за грчките медиуми објасни дека нивен приоритет е заштита на вработените и на посетителите и затоа била донесена одлуката шимпанзото да биде усмртено. Тој додаде дека постојат меѓународни протоколи за справување со вакви ситуации и шимпанзата се први на листата на опасни животни во случај на бегство.

„Тоа што се случи со Базу во „Атика зоолошката градина“ за нас е трагично. Правиме истрага за да сфатме како животното избегало од делот со шимпанзата, бидејќи има три реда на електрична ограда и ров со вода. Се проценува дека бил дивјачки нападнат од група од седум други шимпанза“, објасни Лесуер.

Останува енигма како шимпанзото успеало не само да го напушти просторот, туку и да излезе од зоолошката и да стигне до паркингот, а самиот парк е на голема површина.

Ова не е прв случај на бегство на животни од атинската зоолошка градина и да бидат убиени со оглед на тоа дека пред четири години, побегнаа два јагуара додека во зоолошката имаше посетители и тогаш, како и сега беше активиран безбедносниот протокол и животните беа убиени.

На крајот од јануари снежната бура што ја зафати Атина, предизвика материјална штета во Зоолошката градина и побегнаа 32 птици од загрозени видови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.