Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Дали оваа Влада е свесна за застрашувачките анализи на последиците од загадување на воздухот? Дали има намера да ги промени поразителните бројки на земјава, која се наоѓа до години на врвот во светските листи по загадување на воздухот, какви мерки презема овие пролетни месеци? Дали летово на масата власта има зацртано нови акции, за да се дише зимава? Дали знае дека светските истражувања и експерти говорат дека загадувањето е причинител број еден за смртноста? За се ова говори во интервју со Јани Макрадули, заменик-министер за животна средина, додека Татјана Чакулев од Невладината 02 Иницијатива говори дека нема никакви информации за…
Годината е 1947. Наредбата имала број- 201. Со неа била формиран Комесаријатот, или скратено К-5. Неговата мисија била да се воспостави мрежа, вистински чадор над сите, иако од почетоците се размислувало да се опфатат сите кои претставувале опасност за Источна Германија и морале да бидат надгледувани, прислушувани и контролирани. Така започнува масовното прислушување на источно-германската полиција, која всушност била суб-единица на КГБ, силата врз која почивал Советскиот Сојуз. Тоа е годината 1950. Штази, или Министерството за државна безбедност, има само една задача- да знае сè , за секого, затоа што секој станува опасност за новиот режим. Источна Германија тогаш има…
Ако некогаш Заев послуша што бучи надвор од прозорците кои му ги запечатиле неговите, само тогаш ќе разбере што може да му донесе таа маса, која стана празна, откако завршија славењата. Ќе разбере дека мирната и мека природа му е вродена и за тоа сме сите свесни и токму затоа и беше поддржуван, тогаш кога беше неопходна во најтешките периоди за земјава. Но, по извесно време, таа станува бреме, претешка за рамениците да се износи, не може понатаму и да се истовари, телото ќе попука, не може да додржи- веќе станува слабост, од која мора да се отараса. Ние сите,…
Пред да се врати Груевски и да не спаси од сите зла кои ни се случија откако не напушти, треба да се има само едно нешто на ум- тој е набрзо заборавениот политичар (политичар, хм, хм), односно осуден криминалец во историјата на човештвото. Не од нас, не е заборавен од нас, нека размисли Заев кој навистина ги избриша сеќавањата. Апелите, лелекањата и страдањата на одредени кругови дека Груевски може многу лесно и неверојатно брзо да се врати, доколку не се освести дел од гласачкото тело, не се слушаат. Едноставно не допираат, затоа што тие ништо и не значат, затоа што…
Дебата со Петар Богојевски, реформско крило на ВМРО-ДПМНЕ и новинарот Зоран Димитровски- гл.и одг. уредник на Фокус- нивни предвидувања за вториот круг претседателски избори, како и анализа на дебаклот на првиот круг- кој го почувствуваа двете најголеми партии- СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. https://www.youtube.com/watch?v=D3hOU0MA67g
Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски и ПР експертот Петар Арсовски- ги анализираат кампањите на претседателските избори- особено црната кампања која се води помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ-“Фикусот” и “Исмевањето на Пендаровски”. https://www.youtube.com/watch?v=9E13bFrZzdA
Низ социјалните мрежи во Македонија можете најдобро да го разберете феноменот на Црната дупка и нејзината фотографија која ја напиша историјата, после нејзиното објавување оваа недела. Така, некаде прочитав дека ”секоја будала може да излезе на прес конференција со вакви бројки. Ниту може да се провери, ниту да се докаже, а ниту да се повтори. # МлатењеПразнаСлама!!!”. Овие бројки за кои говори огочениот автор се однесуваат на големината на Црната дупка- 40 милиони километри, на 500 милиони трилиони километри оддалечена и објаснување на фотографијата- тоа е светлина на која и требале 55 милиони години да стигне до Земјата. Но, тоа…
Разговор со проф. Темелко Ристески и амбасадорот Љупчо Арсовски за најавата на претседателската кандидатка на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, за поништување на Преспанскиот договор и вметнување на клаузула за неменливост на името во Уставот.
Блерим Река, кандидатот за претседател на Беса и на Алијансата на Албанците, вели дека не може да се чека уште 20 години, за Албанец да стане претседател на Македонија. Изјава која заболува. Изјава во која читате дека Река, дека Албанците, дека луѓето кои имаат поинаква етничка припадност од македонската, луѓето во оваа земја кои не се Македонци, се чувствуваат како граѓани од втор ред. Изјава во која се подразбира дека претседателската функција и изборот не зависи воопшто од квалитетите на Блерим Река, или пак, од неговите слабости, несоодветност за кандидат, од квалификуваноста за избор на достоен претседател. Зависи само од…
Да се остане заробен во минатото, да се капитализира од историјата, да се заглави во некои одамна поминати векови- зарем врз тоа не почива уметноста? Бендот “Некст тајм” тоа и го помислил- дека се доволни сеќавањата на една песна- “Нешто ќе те питам, бабо”- за да ги трогнат и збришат сите минати, идни, поинакви времиња на толкувањето и славењето на музиката, но и на историјата. Се увериле сами со себе дека ништо повеќе не може да ги забуричка сеќавањата на маките на македонскиот народ низ столетијата, како што се спомените на имињата на Гоце Делчев и Даме Груев, и, каква…
Борбата за забраната за градење во центарот на Скопје, и покрај пречките од Градежната комора преку Уставниот суд, претставува најново спектакуларно море на глупоста на власта. Погледнете ја само таа неосознаеност за вистинските потреби на граѓаните, за која немаат благ поим ниту градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, ниту претседателката на Советот на Општина Центар, Јана Белчева. Тие не знаат дека груевизмот донесе непрегледна свежина во животите на малите, стуткани граѓански души, кои благодарејќи на великодушноста на тогашната власт, можеа да бидат ставени на располагање на секое нивно секојдневно изживување и малтретирање. Но, во исто време, тој само навидум животен и…
Дебата на НоваТВ со Јана Белчева претседателка на Совет на Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ околу прифаќањето на Уставниот суд на иницијативата за укинување на мораториумот за градење , за хаосот во Центар со паркирањето, сообраќајот и безбедноста на граѓаните.