Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Ех, да имаше толку храброст музиката, да можеше, да знаеше дека може да биде и заробена, и стуткана, и исплашена, ужасната од сопствената сила и моќ, од влијанието кое го има врз нас. Каков ќе беше тој свет ако беше музиката само обичен ред на неколку певливи ноти, испревртени и педантни хармонии, слаткасти и сувопарни и убиствени мелодии, повторливи рефрени кои инсистират да се усклади римата, да нема промашувања, да биде предвидлива, да не биде опасна, да не тера во баналност, да се подразбира нејзината обичност, но и големина, да биде сфатена буквално. Дека тоа е само обична музика и…
Не ми чепкајте во идентитетот, не ми чепкајте во груевизмот, тоа е мојот примарен, единствен, само мој идентитет. Тоа е се што имав, се што ми остана, што не смее да се жртвува. Ќе ви речат оние кои ги уриваа и сотруваа вистинските споменици на идентитетот, градејќи нови, мислеа поубави, затоа и беа повисоки, пограмадни, застрашувачки. Тоа беа споменици на културата на груевизмот- идентитетот беа криминалот, корупцијата, злоупотребите, финансиските и сите други малверзации, непотизмот, нерешените самоубиства, политичките затвореници… продолжете сами, допишете ја сета историја на пустошот кој го оставија зад себе. Тоа беше нивниот идентитет- идилична храна на национализам која…
Добро би било понекогаш да застанеме, да ослушнеме други гласови, поинакви мислења, спротивставени ставови, нечии аргументи. Макар тоа било за миг. Добро би било да знаеме дека на другата страна можеби и се соочуваме со омразен непријател, со огорчен противник, со лут опонент, но добро е да знаеме како сето тоа да го исправиме, да создадеме заедничка победа. Добро е да осознаеме дека клоцањето и антагонизмот се наши сопствени непријатели- да го цитирам министерот за надворешни работи, Никола Димитров, добро е да знаеме дека нетрпеливоста, вжештената глава на крајот водат кон нов конфликт, нова тензија, нови поделби и омраза.…
Има разни приказни за тоа како и во кои случаи ќе се употребува името Северна Македонија, но јас ќе ви ја раскажам најточната, онаа која досега никој не ви ја раскажал. Името Северна Македонија ќе мора да се употребува насекаде, а најмногу дома. Кога велам дома, мислам на вистинскиот дом: онаму каде што се гледа во една точка во ѕидот и никој не може да ве види кога сте фиксирани во неа со часови, кои неретко се продолжуваат и во денови. Онаму, тоа е дома, каде што со прстот цртате замислени кругови, планини искачувате со него, ги зголемувате линиите,…
Смртта на Матеја Матевски ме затече, иако во тоа е и подлоста на самата смрт, особено кога си одат најдобрите. Без најава, без потчукнување по рамо, без да не предупредат барем, ви велам, тоа е перфидноста на смртта, која ќе ни ги ископа очите, тогаш кога не можеме да прогледаме и да сфатиме дека е неизбежна. Со неговата физичка смрт, ерата на гордост и благодарност уште повеќе мора да ја имаме на ум- дека сме ги имале најголемите, највредните, најзначајните што воопшто една земја може да ги има. Се надевам и дека со неговото затворање на оваа врата, ќе се…
Којзнае како, но постои верување дека политичките дуели се прашање на чест, принципи, некаква базична култура, елементарно домашно воспитување, наследени и изградени некакви примарни цивилизациски вредности. Сето останато се толерира- се што вклучува некаков дури и отворен сарказам, скокотлив хумор, горк цинизам- на се ова треба да се надевате, бидете широки, се е дозволено, конечно. За секој збор треба да навивате, потчукнете го телевизорот за да се вжешти, да се разбуричка, да зададе удар противникот, да го затекне неподготвен непријателот, нека падне, нека се довлечка повторно до столицата, нека има глума, дури и преглумување, но нека има, мора да има.…
Не, ниту едно име не е прифатливо за промена, дури ни ова последново, што во еден момент и не замисли- Илинденска Македонија. Дека можеби сега би можело, да се разгледа, да се размисли, да се замисли- дека е сепак можно да опстанеме. Но, најдобро е да не се размислува, да не се замислува, ниту промислува, тоа може да не одведе до опасен пат, до решение, до излез, од овој безизлез, во кој уживавме сиве овие децении. Ќе изгубиме многу, ќе изгубиме се ако сепак застанеме и одлучиме- дека некое име, можеби ете, токму ова, е вредно за разговори. Не…
Ако сте заинтересирани каде ви одат парите од даноците, не тагувајте, повелете, ова се бројките на советниците на Заев: посебни советници- 13; советници- 10; надворешни советници- 32 (триесет и третиот, Џезаир Шаќири- Хоџа, даде оставка). Вкупно: 55 советници. Не би сакала никого да навредам, но поголемиот дел од овие луѓе не ги познавам, никогаш не сум слушнала за нив, ништо не сум прочитала за нивните достигнувања, не сум ги запознала воопшто, што секако, ништо не мора да значи. Или барем се. Тука има и нам добро познати имиња, почитувани, еминентни експерти, чие мислење, совет, проценка секако дека би му била…
Зошто амбасадорот во Вашингтон, Васко Наумовски воопшто би ја сретнал министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, за време на нејзината официјална посета на Пентагон? Кому тоа би служело? Чија рака мора да остане во воздух додека се пружа? Што му е нему Шеќеринска? И воопшто, оваа земја? Него го плаќаат граѓаните на оваа земја, но, за што, ве молам, за што точно? Да се среќава со непријателите? Со што заслужила Шеќеринска тој да ја поздрави? Му го одзела друштвото, а тоа е најмилото, власта на ВМРО-ДПМНЕ, ги обзнанила нивните криминали, корупцијата, тортурите, го соголила Груевски, го втурнала во судските клупи, немал…
Стојан Трпчевски, уредникот на Информативната програма на МТВ, бара да се објави демант за текстот на Биљана Секуловска-„Јавниот сервис МРТВ – симбол на прогандно оружје”, објавен на 26 април 2018 година. Ви го пренесуваме демантот во целост, онакако што е испратен на мејлот на НОВА: “Во текстот со наслов „Јавниот сервис МРТВ – симбол на прогандно оружје„ од Биљана Секуловска објавен на 26 април 2018 година на НОВА ТВ изнесени се информации поврзани со моето име кои не соодветствуваат со реалноста. Најостро ги демантирам обвинувањата дека како Уредник на информативната програма сум вршел цензура и притисоци врз новинарите, како и…
Реконструкција на една Влада е многу важен проект за една држава, ако не сакате да ве засмејува нејзиното постоење. Дури и оваа реченица понудува потсмев, свесна е за тоа, но, така почнува секоја важна тема- со малку сарказам, а многу празни зборови. Тоа Заев секако го знае, можеби и не го знае, којзнае сега кој што знае и дали има секогаш смисла да се знае нешто, барем што било. Видете сега колку таа тема со реконструкцијата станува значајна, возбудливо е, копнежливо, откако веќе многу од тие министри, директори, високи и ниски функционери, почесни конзули, идни и сегашни, веќе се…
После владеењето на Груевски, десет години подоцна, јавниот сервис се уште е најслабата алка во јавната сфера и генерално, во напорите за демократизација на медиумската сцена. Трансформацијата на МРТВ е замрзнат процес, иако беше долго најавувана од страна на тогашната опозиција која ја предводеше Зоран Заев. Но, разочарувањето за одржувањето во живот на пропагандниот мастодон останува, затоа што Владата на СДСМ се уште го пролонгира процесот, кој треба да започне со целосно реформирање и преструктуирање, започнувајќи од врвот на јавниот сервис, па се до пониските ешалони, силно врзани во политичка и партиска смисла низ изминатава деценија. Најсилните политички притисоци врз…