Author: Биљана Секуловска

Секако дека Христијан Мицковски е голем лидер. И не само на ВМРО-ДПМНЕ, да не го ограничуваме во големината, која препознава титани од светски размери. За разлика од Заев, кој е секако мал, ако не и најмалиот лидер во историјата на човештвото. Големиот Мицковски го гледав на дебатна емисија на 24 вести и да, тој изгледа растревожено за крвавиот четврток, 27 април, но само затоа што, ах, ох, ех, го крева гласот дека маченици патриоти  биле во притвор. Како може, вели тој- да ги имаме во притвор најдобриот оперски пејач, актер, шест пратеници, инжинери, зарем такви можат да бидат терористи, ламентира…

Read More

Претседателката на Синдикатот на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, во Студио на НОВА објаснува со какви предизвици се соочуваат новинарите. Неизвесноста за работното место, малите плати, притисоците се само дел од секојдневието на новинарите во Македонија, вели Чаусидис. https://www.youtube.com/watch?v=S9GtMBr9bdg

Read More

Не е сега најдобриот момент да се критикува Владата на Заев. За било што, за што и да е, не е добро, никако не е во ред. Ова е чувствителни времиња: над глава, како мач ни виси спорот за името со Грција, мора да се мисли на државните интереси пред се, на иднината која е несигурна и кревка, како што е државата. Соземете се господа, мислете на повисоките цели, не на сопствените ниски новинарски страсти. Не е докрај препорачливо, да не речам воопшто дека постои простор за критика на Владата на Заев. За што и да е, за било што,…

Read More

Ја имаме таа апсолутна среќа што сме родени на Балканот. За разлика од нас, во оној несреќен дел од светот, каде Елон Маск, создава нова, назадна и црна историја, таа несреќа од свет никогаш нема да ја сфати оваа балканска среќа од која се уште не можеме да се извлечеме. Кој е Елон Маск за да ја дознае оваа балканска среќа, колку воопшто може да се губи време на човекот-губитник, што ја лансираше досега најголемата ракета во вселената? Придобивките од нашата среќа беа сите балкански војни, продолжени, развлечени, додека сосема не искрвавивме. Среќата за време на груевизмот беше неописива- изолацијата…

Read More

Добредојден е денот, нему му се поклонуваме, го славиме и тагуваме, ако некогаш на него се осмелиме да го заборавиме. Оној ден, кога замина за Брисел новиот лидер на ВМРО, Христијан Мицковски, заедно со одбраното друштво во својство на Јеховини сведоци, за мир во светот создадени, напола прекршени од јад и бес со кои се натовариле. Ах, да, друштвото Јеховино: Влатко Ѓорчев и Александар Николовски, чукнаа, ма не чукнаа, туку треснаа и и ја превртеа масата на Фредерика Могерини во Брисел, револтирани и погодени длабоко во срцето и синџирот на органи врзани за него. За да се освести комесарката за…

Read More

Ова е најава на едни нови, тажни, кобни времиња, ако Заев и Ципрас дојдат до решение за името. Требаше навреме да знаеме, требаше навреме да ги спречиме да се родат, да не водат, да дозволиме да им се спомене името. Тие се млади, неискусни, премногу наивни, идеалисти, никому не служат, каква политичка порција мислат дека ќе им обезбедат на своите земји, на народите, на иднината? Зарем крвта повеќе нема да живее во нашите земји? Што воопшто знаат тие? Ништо, ништо не ги засега, не се сеќаваат на ништо, не одат никаде, кому воопшто служат овие двајца? Дали воопшто тие слушнале…

Read More

Ја прочитав мојата колешка и активистка, Светлана Јовановска. И нејзината ќерка, исто така  новинарка и активистка, Тања Милевска. Потоа ја прочитав теоретичарката по родови студии и активистка, Ирена Цветковиќ. Уште една активистка прочитав- преведувачката Ана Василева. Следна ја прочитав активистката Ивана Драгшиќ, културолог . Ја читав писателката и активистка Румена Бужаровска. Потоа уметницата и активистка Јана Јакимовска. Ден подоцна,  активистката Славица Инџевска. Па актерката и активистка Верица Недеска. Сите ги прочитав. Малку прочитав. Многу прочитав. Ништо од ова не знаев. Никој за тоа не знаел. Ова се само неколку храбри жени, борци, јавни личности, кои ја покренаа кампањата #СегаКажувам…

Read More

Активистките Ирена Цветковиќ и Ана Василева говорат за сопствените, но и туѓите искуства за сексуално вознемирување и насилство алармирајќи ја јавноста за кревање на свеста за тие веќе да не се случуваат.

Read More

Да се биде македонски патриот, пред се треба да се мрази се што не е македонско, затоа што тоа велат било божје, праисконско. Не, поправете ме, не треба, туку мора да се мрази- албанскиот јазик, муслиманството секако, Албанците задолжително. Зошто воопшто постојат, живеат, дишат воздух со Македонците, таа виша, ариевска раса, од кои амебите потекнуваат, а не обратно, никако обратно. Да се мрази, да се презира, да се омаловажува, да се преколнува- се што не е македонско, тоа е најдобриот начин за да се преживее како патриот. Ова не е земја на никој друг освен на патриотите, во неа само…

Read More

Којзнае зошто, но граѓаните гласаат за некого што мислат дека го знаат, некому кому му веруваат, кој мислат дека е некој нивен, свој, оној кој ги претставува, кому му го знаат името, презимето, некое ќоше од ноктето, случајно ги погледнал, им прелетала некоја слика со неговите очи како го фиксираат, тогаш  кога го виделе некаде на Фејсбук, мислеле ним им се обраќа, ех, којзнае зошто. Кажете вие зошто, освен ако не е за да ја пофалиме лудоста. Којзнае зошто, но на граѓаните не им е жал кога се изживуваат со нивните пари таквите, некои од новопечените функционери, советници, мали и…

Read More

Додека Вашингтон го конзумира сензационалното експозе за Западно крило- книгата “Оган и гнев”,  од новинарот Мајкл Волф, а главниот извор е Стив Банон, поранешниот советник на Трамп, американскиот претседател  е принуден да гледа како неговата слика се кине на парчиња, анализира Си-Ен-Ен. Книгата според плановите требаше да се појави следната недела, но таа веќе денеска излегува во печат. Кога станува збор за претседателство кое се потпира на слика, како што е случај со Трамп, тоа е почесто слика, а не долга историја на политички достигнувања или идеолошка конзистентност, и затоа секое влошување на таа слика може да биде особено опасно.…

Read More

Имав убава желба за Човек на годината да го прогласам човекот. Добриот човек, граѓанинот, оној кому му се празни џебовите, кому извршителите му висат над двете раменици, оној кој го враќа регресот на својот газда, затоа што го приморал, затоа што ако одбие или го пријави ќе си потпише пресуда, оној кој размислува дали белиот леб е поевтин ако е на парчиња, кој стравува дека ќе се задави ако е купен округол и топол. Имав убава желба да ги прогласам активистите, борците за човекови права и слободи за Луѓе на годината, сите тие беа дел од Шарената револуција, некои се…

Read More