Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Неподносливата безгрижност и леснотија на СДСМ да го затрупа Сител со 155.000 евра од реклами на изборите стана еднакво фасцинантна, како што е и лавината поддршка и длабокоумни анализи на новоименуваните функционери на оваа партија. Сите во хор, како да се диригирани и чипирани од Министерството за вистина, ја налеваат јавната сфера, од нив окупирана на Фејсбук и наглас, како антички хор облечен во бели одори, со венци на глава, размавтани во транс со истата рецитација, објаснуваат и објавуваат важно, додека чекаат од нас да им се поклониме. Што велат тие: дека за целосна победа на СДСМ било неопходно да се…
Доделување на политички азил во Белгија на каталонскиот лидер Карлес Пучдемонт , нема да биде “нереално” ако тој го побара тоа, изјави белгискиот министер за миграции, нагласувајќи го ставот на неговата земја како спротивен глас во шпанскиот спор. Мадридската влада го развласти каталонскиот лидер и го отпушти Парламентот во петокот, неколку часа откако се прогласи за независна нација. Уставниот суд на Шпанија, исто така, започна преглед на гласањето за независност на Каталонија за обвинителите да можат да одлучат дали тоа претставува бунт. Иако немаше индикации дека Пучдемонт се надева дека ќе дојде во Белгија, земјата е една од ретките членки…
https://www.youtube.com/watch?v=fk8XeGLnJQw Адвокатите Александар Тортевски и Мирослав Вујиќ говорат за бегството на Горан Грујовски и Никола Бошковски во Солун, како и за а судбината на судиите и обвинителите кои биле дел од злоупотребите на власта.
Мира Гаќина- историчар на уметност и в.д директорка на музејот на современа уметност, говори за важноста на уметноста, нејзиниот избор на уметници, колку се светски уметниците кои творат во Македонија. https://www.youtube.com/watch?time_continue=13&v=Bk0DKaWkAs8
Александар Михајловски, дел од реформистите на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за НОВА говори за нивните идни чекори, за ставот околу замрзнување на имотот на партијата, но и дали смета дека името ВМРО треба да исчезне од називот на нивната партија.
Ништо не е готово, додека навистина не е готово, но некои тврдат дека и вториот круг на избори, како и првиот, ќе го однесе Груевски и сите негови луѓе во парчиња, како ситна, невидлива прашина која ќе ја оддуваме и изгазиме и без да знаеме дека биле тие. Ниту пак ќе не интересира. Сетете се на Џони Кеш како тој вели: “Можеш да трчаш долго време, Да трчаш долго време. Порано или подоцна, Господ ќе те исече”. Митот за моќта на Груевски и груевизмот полека исчезнува, но, сепак велам полека, наспроти еуфоричните анализи за некакво тотално исчезнување. Погледајте, иако политичката…
https://www.youtube.com/watch?v=jic7r6SjNT4 Дебата на Исмет Рамадани, аналитичар и Петар Арсовски- ПР експерт: За партиските комбинации во вториот круг, особено од албанскиот блок, за иднината на Груевски и реформистите.
https://www.youtube.com/watch?v=vat9_CPKubg Во најновата епизода на емисијата “Заедничка азбука, го учиме сите заедно зборот Знаење. Учествуваат: Арта Кули, експерт за јавно здравје, Блерина Старова Златку-преведувач и Александра Денковска- Гоцевска- новинар.
Во дебатата на НОВА, единствените кандидатки за градоначалнички на градот Скопје, Марија Џонс од Левица и Нафие Селмани од Движење Беса, зборуваат за своите идеи и програми за градот Скопје.
Што да се направи со остатоците на денот, со кои дури и самиот Казуо Ишигуро беше беспомошен? Тој, Ишигуро, новиот нобеловец за литература, дури и самиот тој ја остави вратата во книгата, таа е отворена за сите нас. Ние сме тие што треба да одговориме што да се прави со остатоците од животот, после груевизмот. Таа атмосфера за која говорам, тој наследен страв дека ништо не можеме ние самите, туку само Партијата, или само Лидерот, таа носталгија, таа традиција продолжува да парализира некои луѓе. Разбирливо, изгубени се сите, соочени сами со себе, со сопствените дела, недела, образи, нечистотија, светнати лица.…
Да се биде жена, зарем не е тоа спротивно на природата, нејзините законитости, спротивно на општествените поделби, каде улогата на мажот како власт, господар, натприродно битие, моќен авторитет е суштината на постоењето на човекот, на самото човештво, на историјата која треба да ни биде патоказ, на идејата за една цивилизација. Знаете и сами: не се раѓаме, туку стануваме жени. (Бовоар) Симон де Бовоар Погледајте само што напишала Џудит Бенет, историчарка на Средниот век: Историјата, кога станува збор за жените, потсетува на танц, во кој се менуваат чекорите и ритмите, партнерите и групите, но секогаш мажите се тие кои водат (цитат од…
Заробената држава која беше фрлена на колена е една од најчестите дефиниции за владеењето на Владата на Груевски – споменувана и во македонската јавност и во извештаите на меѓународната заедница. Еден од клучните проблеми кој се нотира за тоа владеење е нераздвојувањето на државата од партијата, начин на водење на политика кој мора да стане минато, што е и една од препораките и барањата ставени на масата на Заев. Всушност, програмата на Владата на Заев се темели врз кодот 3-6-9, а за кој вели дека е работен врз насоките новиот извештај на Прибе. Во тој дух се и препораките на…